Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Царовска: Местото на децата е во училишните клупи

0
By Biljana on January 12, 2022 РЕПУБЛИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, January 12, 2022 13:21

Се уште нема одлука на кој начин ќе стартува второто полугодие за учениците, рече на денешното поставување на камен темелник на ново основно училиште во Општина Бутел, министерката за образование Мила Царовска.

„Во однос на второто полугодие се уште сме во координација со Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести. Тие ја проценуваат состојбата и секако дека другите сценарија стојат на располагање, но сепак сметаме дека последно треба да се затворат училиштата и први да се отворат и тоа се препораки не само на нашите здравствени служби, туку исто така и на меѓународни како што се Светска банка и УНИЦЕФ“, рече Царовска и додаде дека најдобро за децата е да бидат во училишните клупи, каде не само што се стекнуваат со знаење, туку тоа е важно и за нивното ментално здравје и за социјализацијата.

Во населеното место Визбегово денеска беше ставен камен темелник за изградба на ново општинско основно училиште во кое ќе треба да учат 500 деца од Визбегово и околината. На настанот, покрај министерката Царовска присуствуваше и вицепремиерот Артан Груби, новиот градоначалник на Бутел, Дарко Костовски како и поранешниот градоначалник Велимир Смилевски.

„Проектот беше долгоочекуван и со заеднички напори успеавме да го реализираме, направиме избор на изведувач и сега ставаме камен темелник и го проектираме ова училиште. Основното училиште треба да биде готово за 18 месеци. Според планот, училиштето има капацитет за 500 ученици“, рече вицепремиерот Груби.

За министерката Царовска секоја инвестиција во образованието е инвестиција во  иднината во државата.

„Само држава што вложува во децата, во квалитетно образование може да очекува светла иднина. И токму тоа го покажавме како Влада дека интензивно реконструиравме училишта, градевме училишта и на истиот начин продолжуваме“, рече Царовска и додаде дека вчера Владата ги донела двете нови програми за 2022 за реконструкција и градба на основни и средни училишта“, рече Царовска.

Според неа, фокусот на идната Влада треба да биде инвестиција во наставниците, во нивна дообука и грижа за нивниот кариерен развој.

Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски вели оти станува збор за решавање на еден од покрупните проблеми со кои се соочуваат жителите на Општината и со кој конечно ќе се реши проблемот за сите оние основци кои мораат да патуваат и по неколку километри за да стигнат во училишните клупи.

„Се сеќавам дека уште во 2014 додека бев советник во Општината започна овој процес, навистина долго траеше, но важно е дека денеска започна. Општина Бутел ќе се залага да биде максимален поддржувач на се што е поврзано со овој проект, на целосната инфраструктура, на сите пристапни патишта до ова училиште“, рече Костовски.

Мила Царовска МОН образование
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.