Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Biljana
30 посетители на ски центарот Попова Шапка биле спасени денеска, откако се изгубиле поради неповолните метео услови. За спасувачката мисија преку Фејсбук информираа од Ски Центарот Попова Шапка. „Ве известуваме дека поради појава на густа магла, заради безбедносни причини, запрени се шестоседата жичница, двоседата жичница “Церипашина” и ски-лифтот “Ге”‼️ Во текот на денот, поради појавата на магла и намалената видливост, беа изгубени 30 посетители кои подоцна со помош на лицата одговорни во рамки на Ски-центарот “Попова Шапка” беа пронајдени, додека пак тројца од посетителите кои беа повредени, беа извлечени, од страна на спасителните служби, на пристапно место каде што со…
Австралиската влада не му гарантиташе на тенисерот Новак Ѓоковиќ дека ќе биде прифатено неговото медицинско ослободување за влез во Австралија, соопштија владините адвокати во судски поднесок денеска. Предлогот пред судското рочиште в понеделник ја брани владината одлука да му забрани влез во Австралија на првиот тенисер во светот поради статусот на вакцинација. Ѓоковиќ се надева дека ќе го освои својот 21 грен слем на Австралија опен, кој започнува во Мелбурн на 17 јануари. Но, наместо на тренинзи, Ѓоковиќ е во хотел за баратели на азил. Тенисерот се обидува да ја оспори одлуката за одбивање на визата откако му беше забранет…
Македонските одгледувачи на свињи ќе бараат порадикални мерки за да се спречи ширењето на африканската свинска чума. Бојан Ѓорѓиевски од Здружението на одледувачи на свињи „Македонско прасе“ вели дека порадикалните мерки ќе се однесуваат за високоризичните одгледувалишта, а ќе се однесуваат на нивна поголема контрола од институциите. Според него, афиканската свинска чума е заразно заблоување, кое не е опасно за луѓето, но доколку се појави и еден случај во една голема фарма се ништат сите свињи. Одгледувачите на свињи во моментов и официјално ги чекаат резултатите од Агенцијата за храна и ветеринарство, кои треба да кажат дали заразата во делчевско…
Денеска во 10 часот и 30 минути, двајца тетовци на возраст од 15 и 19 години во СВР Тетово пријавиле дека поради неповолните временски услови и густата магла на Попова Шапка, во близина на новиот ГЕ ски-лифт, каде се искачиле да скијаат, се изгубиле и потоа не знаеле каде точно се наоѓаат. Полициски службеници од Полициското одделение Попова Шапка и екипи од „Елем Турс“ веднаш презеле соодветни мерки за нивно пронаоѓање и ги пронашле двајцата тетовци, како и уште 7 други лица од Скопје, Куманово и соседно Косово кои, исто така, се изгубиле во тој реон. Деветте лица на возраст…
Пишува: Нано Ружин На 1 јануари 2022, по четиринаесeтти пат од конституирањето на европската институција, Франција го презеде претседавањето со Советот на ЕУ. Во својата 65-годишна историја од 1957, еврократите постојано го негуваа принципот на „отворени врати“ што доведе до продлабочување и проширување на европската конструкција. По паѓањето на комунизмот и завршетокот на студената војна (1989), геополитичката сфера на ЕУ се прошири кон Централна и југоисточна Европа. По големиот источно-европски „бум“ во проширувањето, кога ЕУ од петнаесет порасна на дваесет и осум членки (а по Брекзитот се смали на 27), се постави прашањето на натамошното проширување на ЕУ. Меѓутоа, јавното…
Мандатарот за состав на нова влада, Димитар Ковачевски во интервју за МИА изрази очекување дека со новиот премиер на Бугарија, Кирил Петков, кој на 18 јануари најави посета на земјава, ќе изгради конкретен и пријателски однос, со реторика меѓу двете држави која ќе биде на високо ниво. При првата посета на Петков на Скопје, Ковачевски очекува да ги утврдат основите за натамошните разговори и формите на соработка и напредок, но и ширина на дејствување надвор од строго историски рамки и термини. „Тоа е предуслов да напредуваме. Зближувањето и соработката меѓу двете земји во сите области од животот е важен предуслов…
Шпанскиот тенисер Рафаел Надал триумфираше на АТП турнирот од серијата 250 во Мелбурн. Тој денеска во финалето го совлада Американецот Максим Крејси со 7:6 (8-6), 6:3. Надал го реши во своја корист финалниот дуел за еден час и 44 минути игра. За моментно шесторангираниот тенисер на АТП листата ова е 89. титула во кариерата, а прва по пауза од повеќе месеци поради повреда на стапалото.
АД ЕСМ, подружица „Енергетика” врши непречено снабдување со топлинска енергија на корисниците во Скопје, приклучени на топловодната мрежа на Енергетика. Испораката на топлинска енергија е континуирана и се врши согласно мрежните правила. „Од страна на Управниот одбор на АД ЕСМ, раководството на „Енергетика” и експертски тимови се следи состојбата со енергенсите на светско и домашно ниво, со оглед на вртоглавиот раст на цената на природниот гас, кој се користи како основен енергенс во производството на топлинска и електрична енергија во „Енергетика” и е навремено обезбеден“, информира АД Електрани на Северна Македонија. Преку АД ЕСМ-Енергетика со парно греење се снабдуваат околу…
Здружението на производители на тутун и тутунски производи при Стопанската комора на Северна Македонија ги смета за штетни изјавите во јавноста според кои увозот на тутун го загрозува откупот на домашното производство. Комората потсетува дека откупните компании во земјава пред почетокот на секоја сезона склучуваат договори со производителите на тутун и согласно Закон се обврзани да го откупат договореното количество суров тутун во лист. „Досега, не само што немало случај договорените количества да останат неоткупени, туку напротив, откупните компании ги откупувале и вишоците тутун за кои немало договори, а кои производителите не ги пријавиле и не склучиле договор со откупувачите.…
Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови од земјава ќе има пообилни врнежи кои на повисоките места и на планините ќе бидат од снег, соопшти УХМР. Утре ќе се задржи облачно со пообилни врнежи, локално над 25 литри на метар квадратен, кои во западните и северните делови, како и на повисоките места ќе бидат претежно од снег. Ќе се формира нова снежна покривка, особено во западните делови (и во Полог и Пелагонија). Повремени врнежи од снег ќе има и во делови од Скопската Котлина. Ќе почне да дува умерен северен ветер кој во вторник и…
Последни подготовки за Европското првенство во ракомет, кое ќе се одржи од 13 до 30 јануари. Максимално дозволената исполнетост на трибините за натпреварите кои во рамки на претстојното Европско машко ракометно првенство ќе се играат во Словачка ќе изнесува 25 отсто од капацитетот, додека дуелите кои ќе ги организира кодомаќинот на завршниот турнир Унгарија, каде групната фаза ќе ја одигра и македонската репрезентација, ќе бидат без ограничувања за бројот на гледачи, соопшти ЕХФ. Одлуката да се лимитира капацитетот за дуелите во Братислава и Кошице, како што наведе Европската ракометна федерација (ЕХФ), е донесена поради зголемениот број заразени со коронавирус во…
Растот на минималната плата ќе продолжи и во иднина, велат од СДСМ, што со себе ќе донесе и пораст на просечната плата. Бројни економски параметри покажуваат дека се надминати последиците од коронакризата, а економијата е подготвена за справување со претстојните предизвици, рече на денешната прес конференција Даниела Маркоска, пратеничка на СДСМ. Според неа, македонската економија е стабилна поставена на добри основи и се движи во добар правец. „Според официјалните податоци, државата во текот на 2021 година извршила поврат на ДДВ кон стопанството од 488 милиони евра што е за 22,8 % повеќе во однос на 2020 година, односно 20,8 %…