Author: Biljana

По помошта од Австрија, Словенија, Романија, Бугарија и Србија, утре и Франција ќе испрати екипи за гаснење на пожарите во Северна Македонија.  По помошта од која пристигна од земјите – членки на ЕУ: Австрија, Словенија, Романија и Бугарија, како и од соседна Србија, од утре и Франција ни се приклучува во напорите за гаснење на пожарите во земјава, објави министерот за надворешни работи Бујар Османи на „Фејсбук“. Утре наутро, посочува тој, на располагање ќе имаме тројца генерали од пожарникарската служба на Франција, кои се едни од најдобрите експерти за високо ризични пожари. Помошта од Франција ќе биде надополнета и со…

Read More

Солидарноста, системското функционирање во координација со меѓународните сили, го дадоа резултатот за да се локализираат и изгасат пожарите. Премиерот Зоран Заев вечерва на „Фејсбук“ напиша дека солидарноста, системското функционирање, хиерархиската поставеност, во координација со меѓународните сили, го дадоа резултатот за да се локализираат и изгасат пожарите. „Заслужни за тоа се армиските хеликоптери, заедно со нашите херои – пожарникарите, полицијата, армијата, шумарите и шумските служби, ДЗС, ЦУК, како и помошта од Австрија, Словенија, Романија, Бугарија и Србија. Голема е загубата во делот на шумите, но во брзо време ќе ги возобновиме. Важно е дека се заштитени луѓето, куќите, шталите и имотите…

Read More

Големиот шумски пожар над селото Будинарци е целосно изгаснат, објави на Фејсбук директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов.  Ангелов вели дека пожарот бил локализиран по неколкудневна борба со огнената стихија. „Со тоа целосно е изгаснат големиот шумски пожар кој го зафати реонот на општините Пехчево, Делчево и Берово. Поаѓајки од нашето начело, безбедноста на луѓето на прво место, известуваме дека во пожарот не настрада ниту еден локален жител, ниту припадник на противпожарна или друга единица или институција, со исклучок на еден повреден австриски пожарникар кому му посакуваме брзо оздравување. Дел од австриската противпожарна опрема како и наши…

Read More

Чичко Ѕвонко од Нов Истевник ќе добие нов дом откако куќата му изгоре во пожарите. Локалната самоуправа почна со подготвките за израдба на нова куќа.  На чичко Ѕвонко, 58 годишниот жител на Нов Истевник кој остана без својот дом од пожарите, обезбедено му е сместување како и неопходни намирници. Со акција на локалната самоуправа и градоначалникот на Делчево, Горан Трајковски веќе се расчистува и теренот, започнуваат подготовки за изградба на нов дом. Денеска, во попладневните часови организациониот секретар на СДСМ, Мартин Попов, го посети Ѕвонко и неговиот имот кој беше зафатен од пожарот, како и повеќе други семејства од Истевник…

Read More

Tаквата активност излегува надвор од опсегот на Законот за заштита на личните податоци и следствено не би претставувала злоупотреба на личните податоци, наведуваат од АЗЛП. Доколку при реализација на одлуката на Владата за спречување на ширењето на Ковид-19, се врши само визуелна проверка на потврдата за извршена имунизација од вирусот SARS-CoV-2 (по принципот „приложил или не приложил потврда), таквата активност излегува надвор од опсегот на Законот за заштита на личните податоци и следствено не би претставувала злоупотреба на личните податоци, соопшти Агенцијата за заштита на лични податоци (АЗЛП). Законот за заштита на личните податоци, појаснуваат, се применува само во случај…

Read More

Пожарот во пехчевско-беровскиот регион е ставен под контрола. Уште гори и во кумановскиот и прилепскиот регион. Во меѓувреме, локализиран е пожарот во селото Разловци во делчевскиот регион, но и оној кај селото Герман во Крива Паланка. Како што информира помошник раководителка на секторот за операции и координација при ЦУК Марија Милкова, согласно состојбата со пожарите до 16 часот, пожарот во пехчевско беровскиот регион е ставен под контрола. На терен се екипи припадници на АРМ, ТПЕ, ДЗС и други субјекти, но и месното население кои се на лице место, за да не дојде до негово повторно разгорување и ќе останат и…

Read More

Пожар избувна попладнево во скопското село Побожје во општина Чучер Сандево.  Противпожарни екипи се на терен, а во пожарот зафатени се куќи кои се лепенки. Дополнителен проблем на пожарникарите прави недостатокот на вода во селото. Од Центарот за управување со кризи денеска на прес конференција потврдија дека активен пожар има и во скопското село Побожје, општина Чучер Сандево. Запалени биле три куќи, а на терен е противпожарната бригада на Град Скопје. Според последните информации од Противпожарната бригада на Град Скопје, пожарот бил ставен под контрола.

Read More

Дел од корисниците од село Шишево утре од 8:00 до 10:30 часот ќе останат без напојување со електрична енергија. Од 8:00 до 13:00 часот, без струја ќе бидат и дел од корисниците од улицата „Салвадор Аљенде“ лоцирани во крајниот горен дел лево од козјите патеки кон Водно во Општина Центар, од 8:30 до 11:30 часот корисниците од селата Љубин, Долно и Горно Свиларе, Рашче, Бојане, Радуша, Дворце, Орашје и Кондово, како и дел од селата Волково и Кучково, а од 8:30 до 12:00 часот корисниците од улицата „7“ во село Батинци. Во периодот од 8:30 до 12:00 часот, без напојување…

Read More

Демократските сенатори денеска ја претставија правната рамка што ќе им овозможи да го усвојат најважниот план за социјални придобивки во САД од 1930-те, проценет на 3.500 милијарди долари, по што се очекува дебата во Конгресот. Американскиот Конгрес на тој начин напредува кон нов дел од амбициозната визија на американскиот претседател Џо Бајден, по инфраструктурниот план вреден 1.200 милијарди долари, што треба да биде усвоен во Сенатот утре наутро, и да премине на гласање во Долниот дом на Конгресот, пренесува Бета. Износот од 3.500 милијарди долари за десет години е речиси БДП на Германија во 2020 година (3.800 милијарди долари). –…

Read More

Девет пациенти заразени со Ковид-19 починале во болница во Владикавказ на југот на Русија по дефект во цевката за кислород, објави прес-службата на шефот на регионот. Тие изјавија дека во одделот за интензивна нега имало 71 лице, пренесе РИА Новости. Исто така, беше објавено дека почнале да даваат кислород од резервни боци.

Read More

Големината на катастрофата, особено на Евија и во Атика, ги оцрнува срцата на сите нас. И прв јас се извинувам за евентуалните слабости што постоеја, рече грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во неговата изјава за ситуацијата со пожарите во земјата и најави дополнителна помош во висина од 500 милиони евра за овие две области, јави дописничката на МИА од Атина. Мицотакис порача дека целосно ја разбира болката на граѓаните кои гледаа како горат нивните домови и имоти, истакна дека приоритет било да се спасат човечки животи и додаде дека изминатите денови беа едни од најтешките во последните децении. „Водевме и уште…

Read More

Поддршка за иницијативата „Отворен Балкан“ изрази Амбасадата на САД во БиХ, слично како и американската амбасада во Косово, денеска изрази поддршка за иницијативата „Отворен Балкан“, која засега ги вклучува само Македонија, Албанија и Србија. „Соединетите Американски Држави целосно ги поддржуваат регионалните напори во областа на економијата, кои се стремат кон координација и интеграција во согласност со правилата и стандардите на Европската Унија“, изјавиле за „Аваз“ од канцеларијата за односи со јавноста на Амбасадата на САД во Босна и Херцеговина, како одговор на прашањето на босанскиот дневен весник за тоа каков е ставот на САД во врска со иницијативата „Отворен Балкан“…

Read More