Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мицотакис се извини за евентуалните пропусти во справувањето со пожарите

0
By Biljana on August 9, 2021 РЕГИОН
Фото: int.ert.gr
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, August 9, 2021 19:56

Големината на катастрофата, особено на Евија и во Атика, ги оцрнува срцата на сите нас. И прв јас се извинувам за евентуалните слабости што постоеја, рече грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во неговата изјава за ситуацијата со пожарите во земјата и најави дополнителна помош во висина од 500 милиони евра за овие две области, јави дописничката на МИА од Атина.

Мицотакис порача дека целосно ја разбира болката на граѓаните кои гледаа како горат нивните домови и имоти, истакна дека приоритет било да се спасат човечки животи и додаде дека изминатите денови беа едни од најтешките во последните децении.

„Водевме и уште водиме битката со сите наши сили. Но, се соочуваме со природна катастрофа од невидени размери: за неколку дена, избија 586 пожари избија во сите делови на Грција. Пожари, кои поради досега невидената жештина и повеќемесечната суша, веќе многу тешко се гаснат“, рече грчкиот премиер.

Потенцираше дека тоа што беа спасени човечки животи се должи на целосните планови за евакуација и на професионалноста на цивилната заштита, на акцијата на полицијата и крајбрежната стража.

„Очигледно е дека климатската криза веќе тропа на вратата на целата планета, со пожари кои траат со недели. Ова е објаснување, но не и изговор или алиби. И ќе кажам јасно: можеби го сторивме она што беше човечки можно, но во многу случаи ова не изгледаше доволно во нерамноправната битка со природата. Но, истото така јасно ќе кажам дека ќе бидеме до оние што се погодени од пожарот“, порача Мицотакис.

Објасни дека преку Фондот за закрепнување обезбедени се средства за пошумување, пред сè на Евија и во Атика, но и дека одобрил дополнителен буџет од 500 милиони евра специјално за овие области.

На крајот од изјавата, грчкиот премиер се осврна на неговото лично искуство како премиер во изминатите 25 месеци, велејќи дека требало да управува со повеќе кризи „од асиметричниот напад на Еврос до нападот на коронавирусот и од повеќекратните национални предизвици во Источниот Медитеран, до големиот облог на вакцинацијата“.

„Сите имаа повеќестрани последици за економијата и општеството и сите на почетокот изгледаа несовладливи. Но, сите ги надминавме со убеденост и единство. Истото ќе се случи и сега, со смели одлуки што ќе променат многу работи“, додаде грчкиот премиер.

Мицотакис за утре закажа владина седница на која ќе се донесат одлуки за поддршка на погодените од пожарите кои во изминатата седмица ја зафатија Грција.

Грција Кирјакос Мицотакис пожари
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.