Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: НОВА ТВ
Министерот за здравство Венко Филипче денеска најави дека од идната недела во државава ќе се издаваат ковид сертификати со кои ќе може да се патува во европските држави. – Ние следната недела ќе го издадеме и т.н. грин пас. Тоа ќе е оној електронски кју-ар код што ќе има податоци за вакцината, за ПЦР-тест и евентуално за антитела, па кој било од трите параметри, за да може патникот да ги има со себе ако се патува во која било европска земја, изјави Филипче, одговарајќи на новинарско прашање. Како што објавија француските медиуми повикувајќи се на европски извори, претставници на 27-те…
Селекторот на германската фудбалска репрезентација, Јоаким Лев, го објави списокот со играчи кои ќе конкурираат за настап на Евро 2020. Помеѓу 26-те повикани се и дефанзивецот на Борусија Дортмунд, Матс Хумелс и напаѓачот на Баерн, Томас Милер. Тие немаат играно за националниот тим од ноември 2018 година. Лев ги повика следниве фудбалери: Голмани: Бернд Лено, Мануел Ноер, Кевин Трап; Одбрана: Матијас Гинтер, Робин Гозенс, Кристијан Гинтер, Марсел Халстенберг, Матс Хумелс, Лукас Клостерман, Робин Кох, Антонио Рудигер, Никлас Суле; Среден ред и напад: Емре Џан, Серж Гнабри, Леон Горецка, Илкај Гундоган, Кај Хаверц, Јонас Хофман, Џошуа Кимих, Тони Крос, Томас Милер,…
Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони е сериозно болен и неговото судење под обвинение за подмитување сведоци треба да биде прекинато, изјави денеска миланската обвинителка Тицијана Сицилијано. Берлускони (84), откако беше заразен со ковид-19 минатиот септември, повеќе пати е приман и отпуштан од болница, а во последните денови неговата состојба наводно се влошила. – Дефинитивно веруваме дека Берлускони е сериозно болен и страда од сериозна болест. Тоа го покажуваат медицинските потврди и го кажаа консултантите, рече Сицилијано. Говорејќи на рочиштето за случајот поврзан со оној во кој Берлускони беше ослободен од обвинение за сексуален однос со малолетничка по име Руби, Сицилијано рече дека…
Премиерот Зоран Заев по синоќешната вечера со шефот на ЕУ дипломатијата и лидерите од западен Балкан, денеска имаше средба и со претседателот на Европскиот Совет, јави дописничката на МИА од Брисел. Премиерот од средбата со шефот на Европскиот Совет, Шарл Мишел, излезе задоволен нарекувајќи ја „прекрасна“. Мишел како претседавач на телото каде заседаваат шефовите на држави и влади има привилегиран пристап до сите земји членки и премиерот Заев изрази увереност дека Мишел има разбирање и волја за вистински исчекор во однос на Северна Македонија на претстојните јунски совети на ЕУ кога конечно се очекува свикувањето на првата Меѓувладина конференција, доколку…
Неприфаќањето на предлогот на одбраната, пред сослушување на градоначалникот на Општина Карпош Стефан Богоев како сведок, да бидат изведени материјални докази, беше причина што одбраната на обвинетите во случајот ,,Меѓународен сојуз” не му постави прашања на сведокот Богоев. Одбраната на првообвинетиот Бојан Јовановски, адвокат Сашо Дуковски, откако судијката Софче Ефремова, одлучи да не го прифати нивниот предлог да се презентират докази од усб материјал, изјави дека тие како одбрана се хендикепирани и затоа нема да му постават прашања на сведокот Богоевски. Овој став го делеше одбраната на обвинетата Фросина Ременски. – Прашања за сведокот ќе имаме кога судот ќе ни…
Следењето на финансирањето на политичките партии и финансирање на изборните кампањи, надградување на е-модулите за етика и интегритет во јавниот сектор и зајакнување на супервизијата врз јавните набавки и воведување мониторинг врз процедурите за јавни набавки, се дел од активностите на Државната комисија за спречување на корупцијата кои ќе бидат унапредени со поддршката од Проектот „Поддршка на ЕУ за владеење на правото“, кој е финансиран од ЕУ и се спроведува од Австриската агенција за европска интеграција и економски развој (АЕИ). Ова денеска го истакна претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска во излагањето на презентацијата на Проектот кој е поддржан и од…
Долниот дом на рускиот Парламент денеска донесе едногласна одлука за официјално повлекување на Москва од договорот за отворено небо, соопштија руските медиуми по гласањето одржано неколку часа пред првиот самит на шефовите на дипломатиите на двете земји. „Отворено небо“ е меѓународен договор од 1992 година, што овозможува проверка на воените движења и мерките за ограничување на оружјето на земјите потписнички и дозволува невооружени летови за надзор над земјите членки. Поранешниот американски претседател Доналд Трамп во ноември лани одлучи да ги повлече САД од овој договор, што беше еден од неговите последни потези како претседател. Вашингтон ја обвини Русија дека го…
Последната најава преку Kинеската амбасада вчера и денеска е дека 500.000 вакцини од „Синовак“ треба да стигнат на почетокот на следниот месец, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче. Во јуни, како што дополни Филипче, се очекуваат 100.000 вакцини „Фајзер“ преку Ковакс системот, а се уште ја немаме динамиката за пристигнување на вакцините од овој производител преку директниот договор. Има некои најави за пристигнување повторно преку претставници од Руската амбасада за руската вакцина до крајот на мај, не ни се потврдени, и оваа динамика на пристигнување на 10.000 вакцини Фајзер, преку нашиот директен договор и системот Солидарност од ЕУ секој…
Новинарот Немања Митровиќ го пишува следното за BBC на српски јазик: Бидејќи наводната информација се појави во Русија дека луѓето кои примаат вакцина Спутник скоро два месеци не треба да консумираат алкохол, многумина во Србија исто така се прашуваат – дали ќе мораат да чекаат чаша ракија со ручек или кригла пиво додека имунизацијата трае? „Никој не ми го спомна тоа кога дојдов да ја примам вакцината. Само ми рекоа да не кревам ништо тешко тој ден, без физички напор и да се одморам “, изјави Александар Лападучувиќ од Заечар за Би-Би-Си на српски јазик. Мислењата на лекарите по ова…
Претставници на 27-те земји членки на Европската унија денеска се согласија да дозволат влез во Унијата за патници од трети земји кои ги примиле потребните дози на антивирусните вакцини одобрени во ЕУ, дознаваат француските медиуми од европски извори. Во пресрет на летната туристичка сезона, амбасадорите на 27-те земји на ЕУ ја одобрија препораката предложена од Европската комисија, а која не е обврзувачка за земјите-членки. ЕУ, меѓутоа, се обидува да ги координира мерките на нејзините надворешни граници заради нивните последици за слободно движење во Унијата. ЕУ ги затвори своите надворешни граници во март 2020 година за сите незадолжителни патувања и од…
Пресечен e меѓународен канал на транспорт на наркотична дрога од Албанија, низ Северна Македонија, која требало да заврши во Грција, како крајна дестинација. Како што информираат од МВР, транспортот бил спречен во текот на вчерашниот ден од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција, Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи во заедничка акција со Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, Единицата за брзо распоредување и ОВР Ресен , при што биле приведени К.К.(25), М.Ф.(28) и Ф.Б.(42), сите од Република Албанија. Притоа, биле запленети 65 килограми марихуана со вредност од околу 200.000 евра. -Имено,…
Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје во периодот од 10 до 16 мај 2021, тестирани се вкупно 16.773 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со зголемување од 6,3 проценти во однос на минатата недела. Регистрирани сe 674 нови позитивни случаи од 31 град во државата со намалување од 48,3 посто во однос на минатата недела, соопшти Министерството за здравство. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=280; 41,5 проценти), со неделна инциденца – 45,3/100.000. Највисока неделна инциденца од 94,1/100.000 е регистрирана во Кратово. Процентот на позитивност во…