Author: НОВА ТВ

Под мото: #Незапирливи македонскиот Црвен крст ќе се приклучи на одбележувањето на 8 Мај, Светскиот Ден на Црвениот крст и Црвената полумесечина, а ќе ја со повеќе активности ќе ја одбележи и Неделата на Црвениот крст на РМ од 8 до 15 мај. -Секоја година во Меѓународното Движење на Црвен крст и Црвена полумесечина го одбележуваме 8 Мај Светскиот Ден на Црвен крст и Црвена полумесечина, во чест на Анри Динан, основоположникот на нашето Движење, кој е роден на 8 Мај 1828 година. На тој ден ширум светот националните друштва на Црвен крст и Црвена полумесечина преку пригодни активности ја подигаат свеста за…

Read More

Денес на самитот на Светската Трговска Организација (СTO), САД објави дека администрацијата на Џо Бајден и Камала Харис ќе го поддржат привременото укинување на дел од закони за интелектуална сопственост за Ковид вакцините. Американската амбасадорка за трговски прашања, Кетрин Тај го напиша следното: „Ова е глобална здравствена криза и вонредните околности на пандемијата КОВИД-19 бараат вонредни мерки. Администрацијата верува силно во заштитата на интелектуалната сопственост, но во функција на ставање крај на оваа пандемија, го поддржува откажувањето од заштитата за вакцините КОВИД-19. Активно ќе учествуваме во преговори засновани врз текст на Светската Трговска Организација (СТО) потребни за тоа да се…

Read More

Бројот на луѓе кои се соочуваат со проблемот на недостиг на храна и имаат потреба од итна помош за да преживеат и да се одржат го достигна највисокото ниво во последните пет години. Ова се наведува во извештајот на Глобалната мрежа за борба против кризата со храна – меѓународниот сојуз на ООН, ЕУ, владини и невладини организации кои се занимаваат со проблемите на надминување на кризите со храна. Според документот, како резултат на конфликтите, економските шокови, вклучително и оние предизвикани од пандемијата на Ковид-19, екстремните климатски настани во 2020 година доведоа до акутен глад кај најмалку 155 милиони луѓе ширум светот.…

Read More

Индија регистрираше рекордни 3.780 смртни случаи од Корона вирус за 24 часа, јави ДПА, повикувајќи се на индиското Министерство за здравство. Во истиот период потврдени се 382.000 нови случаи, што значи дека во апсолутна бројки Индија е земја која е најпогодена од пандемијата по САД. Вкупниот број на заразени во земјата е веќе над 20,6 милиони луѓе. Според експертите, реалниот број на смртни случаи е значително поголем од официјалниот. Во меѓувреме, авион А400М на германските вооружени сили полета за Индија, натоварен со медицинска опрема за да помогне во борбата против Корона вирусот. Во авионот има и делови за специјални мобилни…

Read More

Вчера надзорниот одбор на социалниот медиум и компанија Фејсбук донесе одлука за дали Доналд Трамп ќе може да продолжи да го користи нивниот сајт. Компанијата Фејсбук исто така е сопственик на социјалниот медиум Инстаграм така што одлуката на нивниот надзорен одбор важеше за двата медиуми. Забраната на Трамп продолжува и на Фејсбук и на Инстаграм, но за разлика од иницијалната одлука на компанијата да ги суспендира акаунтите на поранешниот претседател „на неопределено време“, овој пат одлуката не е толку дефинитивна. Надзорниот одбор соопшти дека првичната одлука за трајно суспендирање на Трамп е „неодредена и нестандардна“ и дека точниот одговор треба…

Read More

АВАЈА, граѓанската иницијатива која има за цел да ги артикулира и промовира интересите на граѓаните Роми, вчера реагираше околу вклучувањето на неколку термини “Толковниот речник на македонскиот јазик“ кој се расистички зборови кои се користат против ромската заедница. Вчера АВАЈА го напиша следното: Со новиот дигитален речник Ромите добија дигитализација на навредите и антициганизмот Денеска Владата на РСМ ја промовираше веб-платформата www.makedonski.gov.mk – дигитална верзија на Толковниот речник на македонскиот јазик. Дигиталниот Толковен речник содржи 100.000 зборови меѓу кои и ЦИГАНЧЕ, ПОЦИГАНИ, ЦИГАНЧИ СЕ, ЦИГАНШТИЈА И ЦИГАНШТИЛАК! Сите овие зборови во македонскиот јазик се користат како навредливи зборови кон ромската…

Read More

Во процесот на имунизација во Грција од денеска вклучена и вакцината на Џонсон и Џонсон, која е наменета за сите категории граѓани, јави дописничката на МИА од Атина. Според најавите од изминатите денови од генералниот секретар во Министерството за здравство на Грција Мариос Темистоклеус, паралелно, од денеска почнува третата фаза на имунизација во земјата, со дополнителен број пунктови и се очекува да се зголеми бројот на дневните вакцинации. Заклучно со вчера, во земјата се спроведени 3.201.212 вакцинации, од кои 2.214.660 граѓани ја примиле првата доза, а 986.552 и втората.

Read More

Во регистарот на вистински сопственици се запишани приближно 70150 различни физички лица. Од нив, 93,5 проценти се македонски државјани, 0,5 проценти се странци со регулиран престој, а останатите 6 проценти, односно околу 4300 лица се странци, информираше денеска директорката на Централниот регистар на Република Северна Македонија, Марија Бошковска Јанковски. На денешната прес-конференција на која беше соопштена генералната слика од досега поднесените пријави во Регистарот на вистински сопственици, Бошковска Јанковски информираше дека странците доаѓаат од 88 држави, а најмногу вистински сопственици странци се запишани од Турција, Бугарија, Србија, Грција и Германија. За приближно 59.000 субјекти е запишан еден единствен вистински сопственик,…

Read More

Даночните маневри на големите корпорации повторно се во фокусот откако Амазон објави рекордни 44 милијарди евра приходи во Европа во 2020 година, но не платил ниту цент во Луксембург, каде се наоѓа неговото европско седиште. Во објавата на Amazon EU Sarl. посочува дека компанијата имала загуби од 1,2 милијарди евра на Стариот континент. Освен тоа, добила и 56 милиони евра даночни кредити со кои би компензирале евентуални идни даноци. Компанијата има и во билансот 2,7 милијарди евра загуби од претходно со кои исто така може да компензира евентуален профит во иднина. Во Велика Британија информацијата беше прифатена со негодување, пишува…

Read More

Пратениците денеска во рамки на продолжението на 30-тата седница изгласаа дваесетина закони за коишто расправата беше завршена претходно, а потоа продолжија со изјаснување за закони од 34-та седница. На 30-та седница не се изгласани само два закони и тоа Предлог на закон за отпис на камати и репрограмирање на долгови и трошоци на јавни претпријатија, по скратена постапка и Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за земјоделското земјиште, во прво читање. Во рамки на 30-та седница донесени се измените на Законот за употреба на знаковниот јазик, измените и дополнувањат на Законот за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување,…

Read More

Денес беше објавена новата веб страна на поранешниот американски претседател со насловот „Дирекно од бирото на Доналд Џеј Трамп“. Страната беше објавена еден ден пред Надзорниот одбор на Фејсбук да донесе одлука за дали трајно да го забрани користењето на социјалниот медиум од страна на Трамп. По нападите врз владините згради во Вашингтон, САД од страна на поддржувачи на Трамп и верувачи во QAnon теориите на заговор каде умреа 5 луѓе, Твитер, Фејсбук и други социјални медиуми му ги избришаа профилите на поранешниот претседател заради повикување на насилство. Трамп ширеше лажни вести дека тој победил на американските претседателски избори во…

Read More

Директорот на Светската здравствена организација за Европа, Ханс Клуге денеска во Сараево рече дека тој е „претпазлив оптимист“ и верува дека светот е на добар пат да ја спречи пандемијата на коронавирусот, но предупреди дека не треба да се брза со укинување на мерките. – Јас сум претпазлив оптимист, мислам дека ја гледаме светлината на крајот од тунелот, изјави Клуге  по состанокот со претставниците на Босна и Херцеговина, со кои разговараше за борбата против инфекцијата во земјата. Клуге предупреди дека сепак е потребно да се задржи претпазливоста, бидејќи се уште не е постигнат целосен успех, поради што мерките за ограничување треба да…

Read More