Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: НОВА ТВ
Вакцинациската нееднаквост продолжува низ светот и е повторно адресирана од страна на Обединетите Нации (ОН). Д-р Тедрос Аданом, генералниот директор на Светската Здравствена Организација (СЗО), која е дел од ОН, постави нови цели за како да се вакцинираат најсиромашните земји во светот. „Тековната криза со вакцини претставува скандалозна нееднаквост што ја одржува пандемијата. Повеќе од 75% од сите вакцини се администрирани во само 10 земји. Нема дипломатски начин тоа да се каже: Мала група на земји кои прават и купуваат мнозинство од светските вакцини ја контролираат судбината на остатокот од светот,“ рече д-р Тедрос Аданом вчера во Женева. Пред само…
Пред четири дена стапи примирјето помеѓу израелските воени и полициски сили и палестинската милитантна група Хамас. Ескалацијата на насилството во Израел и Палестина почна кога израелските сили пробаа повторно околу 10ти мај присилно да иселат палестински жители од населбата Шеик Џарах во источен Ерусалим и да населат еврејски жители во нивните домови. Кога палестинските жители пробаа да се борат за да ги задржат своите домови во Шеик Џарах, полицијата почна да ги напаѓа, повредувајќи стотици Палестинци. Набргу Шеик Џарах стана симбол за палестинската борба и по ескалацијата на насилството во оваа населба, милитантни палестински групи истрелаа ракети близу до Ерусалим,…
Американскиот државен секретар Ентони Блинкен вети денеска за време на турнејата на Блискиот исток дека Вашингтон ќе собере поддршка за реконструкција на Газа, како дел од напорите за интензивирање на примирјето меѓу исламистички Хамас и Израел. Блинкен, сепак, јасно стави до знаење дека САД сакаат да обезбедат Хамас, за кого сметаат дека е терористичка организација, да нема корист од хуманитарна помош. Блинкен започна со регионална турнеја во Ерусалим, каде разговараше со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху кој се закани со многу моќен одговор доколку Хамас продолжи со прекуграничните ракетни напади. Предвидено е Блинкен да се сретне подоцна денеска со палестинскиот претседател…
Вчера Индија стигна до рекорден број на Ковид-19 смртни случаи со тоа што надмина 300 000 регистрирани смртни случаи. Овој трагичен рекорд пред тоа го имаат надминато само САД (604 416 смртни случаи) и Бразил (450 026 смртни случаи). Последните 100 000 смртни случаи во Индија се имаат случено за помалку од еден месец. Но многумина сметаат дека овој број на смртни случаи е веројатно далеку повисок заради неадекватен начин за сметање на смртни статистики во Индија. На пример, често кога ќе умре некој во домашни услови во рурална средина во Индија таа смрт може веднаш да не биде регистрирана.…
На подрачјето на СВР Тетово денеска при засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, санкционирани се 173 возачи, од кои 91 на територија на Тетово и 82 на територија на Гостивар, соопшти МВР. Посочуваат дека 92 возачи возеле со брзина од над 50 километри на час над пропишаната, а 16 за дури над 70 километри на час над дозволената. – Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта,…
Шефовите на држави и влади на ЕУ вечерва се согласија дека Европската Унија треба да воведе низа рестриктивни мерки кон лица и ентитети во Белорусија поради приведувањето на опозиционерот Пратасевич и принудното слетување на авионот на Рајанер во Минск, јави дописничката на МИА од Брисел. Текстот на лидерите на ЕУ, усвоен пред малку, повикува веднаш да биде ослободен Пратасевич и бара од Советот на ЕУ да усвои санкции кон инволвираните лица и ентитети во овој меѓународен скандал, како што го нарече претседателот на Европскиот Совет, Шарл Мишел. Режимот во Минск вчера принуди патнички авион да слета во Минск затоа што во него патувал Пратасевич…
Бугарската потпретседателка Илијана Јотова во интервју за Бугарското национално радио изјави дека ова се првите чекори во одмрзнувањето на односите меѓу Северна Македонија и Бугарија, откако тие достигнале прилично безнадежна точка на развој, јави дописникот на МИА од Софија. -Со напорите на Европската Унија, мора да се најде решение за обете земји, за да се исполни Договорот за добрососедство од 2017 година и при тоа да не се избрише меморијата ниту на Бугарија, ниту на Северна Македонија, изјави Јотова во нејзиното гостување на Бугарското национално радио, изразувајќи оптимизам дека Бугарија ќе може правилно и стручно да го пренесе својот став…
Постигнувањето на напредокот во европската интеграција треба да се заснова на почитување на човековите права и целосно почитување на копенхашките критериуми за членство во ЕУ, истакна бугарскиот претседател Румен Радев на состанокот со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен и португалскиот премиер Антонио Коста, објави Бугарското национално радио. Во фокусот на разговорите, како што јави дописникот на МИА од Софија, биле можностите за постигнување напредок при усвојувањето на преговарачката рамка и почетокот на преговорите за членство на Северна Македонија во ЕУ. – Потребни ни се позитивни примери во билатералните односи меѓу Бугарија и Северна Македонија и директен и…
Три земјотреси се регистрирани изутринава во регионот на Маврово, соопшти денеска Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. Епицентрите на овие земјотреси биле на 65 километри југозападно од Скоpje во околината на Маврово. Првите два биле со интензитет од 3,2 степени според Рихтеровата скала, додека третиот имал интензитет од 2,4 степени. -Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, рано утринава регистрира три земјотреса и тоа во 3 часот и 52 минути, 4 часот и 59 минути и во 6 часот и 15 минути,…
Во изминатите 24 часа се регистрирани седум нови случаи на Ковид-19 од направени 1.418 тестирања. Сите нови пациенти позитивни на коронавирусот се од Скопје. Регистрирани се 71 оздравени пациенти, пријавени се вкупно 18 починати лица, од кои седум од Скопје. Министерството за здравство информира дека од вкупно 71 оздравен пациенти, од кои во Скопје – 18, Куманово – 15, Битола – 8, Велес – четири, Штип, Кочани и Пробиштип по три, Кичево, Радовиш, Делчево и Виница по двајца, Прилеп, Струмица, Неготино, Свети Николе, Валандово, Крушево, Демир Хисар, Кратово и Македонска Каменица по еден пациент. Пријавени се вкупно 18 починати лица. Од…
Македонска црковно-државна делегација утрово имаше поклонение на гробот на свети Кирил во Рим, соопшти Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи. Делегацијата, во која учествуваа директорот на Комисијата за односи со верските заедници Даријан Сотировски, македонската амбасадорка при Светата Столица Марија Ефремова, генералниот конзул во Венеција Стојан Витанов и вршителот на должност во македонската амбасада во Италија Магдалена Димова, присуствуваше на молебенот на гробот на св. Кирил во базиликата „Св. Климент“. Чиноначалствуваше митрополитот Европски г. Пимен во сослужение на епископот Стобиски г. Јаков и свештеници на Европската епархија на Македонската православна црква- Охридска архиепископија. Комисијата за односи со верските…
Можам да кажам дека одеднаш станав многу интересен за сите европски лидери. На ден имам покани да разговарам со најмалку двајца премиери, еден претседател и еден комесар. Има многу внимание кон Бугарија, нема да го кажам зборот притисок, изјави денеска претседателот на Бугарија, Румен Радев, откако положи цвеќе пред споменикот на Светите браќа Кирил и Методиј во Софија. Да не заборавиме, додаде Радев, дека Бугарија е членка на Европската унија и тоа значи многу, а ќе се обратиме до другите членки на ЕУ за солидарност. -Најважно е Бугарија, како таква одговорна членка, да не дозволи да се внесат многу проблеми…