Author: НОВА ТВ

Пред четири години на денешен ден се потпиша Договорот пријателство, добрососедство и соработка меѓу Северна Македонија и Бугарија. Договорот беше потпишан во Скопје од премиерот Зоран Заев и тогашниот претседателот на Владата на Бугарија Бојко Борисов. Договорот, во согласност со Уставот на Северна Македонија, беше потпишан на македонски јазик, а исто така, во согласност со Уставот на Бугарија, е потпишан и на бугарски јазик. Договорот за добрососедство, пријателство и соработка, чие потпишување од страна на Заев и Борисов беше оценет како историски момент, е замислен како темел за отворање на перспективите за двете земји за интензивна и цврста соработка на…

Read More

Повторно зголемување на бројките на новодијагностицирани пациенти со Ковид-19 се бележи во текот на вчерашниот ден. Од направени 5.315 тестирања, регистрирани се 81 нови случаи на Ковид-19. Меѓутоа, во моментов притисок во болниците и амбулантите нема. На Инфективната клиника се лекуваат околу 15 пациенти. Министерот за здравство Венко Филипче вчера изјави дека очигледно е оти нема да запре трендот на појава на нови соеви на вирусот. Според него, многу веројатно е дека делта сојот нема да биде последниот сој на овој вирус. И покрај тоа што е сега прилично мирно, Филипче оцени оти е можно овој тренд на пораст да…

Read More

Во преспанското село Љубојно, во дворот на старото училиште „Димитар Влахов“ каде се одржал првиот час по македонски јазик, традиционално, денеска и утре ќе се одржат 48. „Љубански Илинденски иселенички средби“. Годинашната манифестација е посветена на великанот на македонскиот јазик Блаже Конески, во чија чест ќе биде промовирана стихозбирката „Раѓање“ од Бошко Рајчовски – Пелистерски од Детроит, САД. На промоцијата ќе говори професорката Виолета Ачковска. Според најавите на организаторот, настанот ќе почне со изведба на македонската химна, а поздравни обраќања предвидено е да имаат градоначалник на Општина Ресен Живко Гошаревски и директор на Агенцијата за иселеништво Слободан Близнаковски. Најавена е…

Read More

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со слаб до умерен ветер претежно од западен правец. Минималната температура ќе се движи од 14 до 23, а максималната од 35 до 43 степени. УВ индексот 9. Во Скопје, сончево и многу топло со слаб ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе биде 20, а максималната ќе достигне до 42 степена. Во наредните денови ќе продолжи периодот на стабилно и многу топло време со натпросечни температури за овој период од годината. Максималните температурни вредности вдолж Повардарието за 2 до 3 степени ќе го надминуваат 40-иот степен. И во наредните денови насекаде…

Read More

Кандидатот за премиер на Бугарија Пламен Николов, предложен од партијата „Има таков народ“, којашто освои најмногу гласови на парламентарните избори, синоќа во гостувањето на бугарската национална телевизија БНТ, во одговор на прашањето дали ќе ја задржи досегашната позиција на Софија кон С Македонија, рече дека ако формираат Влада, нема да водат политика на конфронтација. – На никаков начин нема да ги загрижуваме своите браќа и нема да ги лишиме од можноста за нивна европска иднина на некаков насилен начин, или на начин кој се применува од други балкански држави. Но ова не значи дека нема да опстоиме на нашиот национален…

Read More

Според првата проценка на статистичката служба на ЕУ објавена денеска, бруто домашниот производ (БДП) на еврозоната се зголеми за два проценти во периодот од април до јуни во споредба со првиот квартал годинава. Економските активности во областа на единствената валута на еврото се зголемија за 13,7 проценти во споредба со истиот период во 2020 година, објави Еуростат. Во почетокот на 2020 година, имаше голем пад на БДП откако земјите ги затворија своите граници како одговор на пандемијата на коронавирус. Во вториот квартал од минатата година беше забележан најостриот пад од почетокот на рекордите на Еуростат во 1995 година. Со затворањето…

Read More

По најавата на Антикорупциската комисија дека ќе го оспори пред Уставниот суд Законот со кој се овозможува изградбата на автопатиштата, односно Коридорите 8 и 10, премиерот Зоран Заев денеска на новинарско прашање што доколку падне Законот пред Уставен одговори на шеговит начин: – Ако падне ќе скрши нога, рака, нешто… Ако падне тогаш одлуката на Уставниот суд е конечена. Тогаш одиме повторно со постапките коишто значат две алтернативи, едната е традиционална постапка којашто државата ја има, а тоа значи проектирање едно три – четири – пет години, па после тоа значи избор на изведувачи, надзори и слично, изјави премиерот Зоран…

Read More

Бројот на повредени во шумските пожари во јужна Турција надмина 400 лица, изјави шефот на републичкото Министерство за здравство, Фахретин Коџа. „Во моментов имаме 410 лица повредени во пожарите. 400 луѓе се отпуштени од болница, 10 се хоспитализирани”, напиша Коџа на Твитер. При пожарите шест лица загинаа. Речиси сите 98 шумски пожари во Турција се локализирани, изјави претходно министерот за земјоделство Бекир Пакдемирли. Десет пожари продолжуваат да горат во регионите Анталија, Ајдин, Муглу и Османије. https://novatv.mk/pozhar-nad-hotel-vo-bodrum-kade-se-smesteni-turisti-od-bih-i-srbija/

Read More

Најголемата опозициска партија, ВМРО-ДПМНЕ, смета дека одлуката на шефот на државата Стево Пендаровски да не држи говор на Мечкин Камен ја менува 30 – годишната традиција на прославата за Илинден. – Кога некој човек нема визија за Република Македонија, не може ни да очекувате дека ќе има што да каже. И за тоа е ова резултатот. Навистина сме изненадени и ова е срамен и недржавнички потег, изјави денеска портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева. Пендаровски ги покани лидерите на партиите да учествуваат на прославата за Илинден на Мечкин Камин во Крушево, на која, претседател на државата, за првпат нема да има…

Read More

Француската полиција употреби солзавец на демонстрациите против анти-ковид рестриктивните мерки во центарот на Париз. Во Париз се одржуваат неколку протести против воведување санитарни пропусници во Франција. На еден од митинзите, полицијата употреби солзавец откако толпата почна да провоцира полицајци. Демонстрантите скандираа „Слобода! и фрлаа шишиња кон полицијата. Тие, исто така, извикуваа пароли „Диктатор – во затвор!“, „Макрон, не ни треба твојата пропусница!“ Како што објави претставникот на француската влада Габриел Атал, санитарните пропусници ќе започнат да функционираат на 9 август. На 12 јули, францускиот претседател Емануел Макрон најави серија нови рестриктивни мерки за ограничување на ширењето на Ковид-19. Меѓу другото,…

Read More

Италијанскиот остров Сицилија е погоден од големи пожари, поттикнати од рекордна горештина, поради што е наложена евакуација, а аеродромот е затворен. Чадот е забележан над градот Катанија, кој е особено погоден од пожарите. Голем пожар избувна во предградието на градот и неколку семејства беа принудени да ги напуштат своите домови. Според агенцијата АНСА, 150 луѓе биле заробени од пожари во две крајбрежни области на Катанија. За да го избегнат огнот, тие отишле на плажа, каде што биле спасени од крајбрежната стража, прво со гумен чамец, а потоа префрлени на патролни чамци. Пожарникарите извршиле околу 250 интервенции во последните 24 часа…

Read More

Не се плашиме од независни листи, изјави денеска премиерот Зоран Заев, одговарајќи на новинарски прашања поврзани со предложените измени на Изборниот законик. Измените се во собраниска процедура, а моментално предвидуваат независните кандидати за да можат да учествуваат на избори треба да соберат најмалку 2% потписи од гласачите запишани во општинските избирачки списоци. Заев најавува дека овие измени ќе бидат тргнати од законското решение. – Изборниот законик ќе биде согласно укажувањата кои стигнаа и од експертската јавност, но и од помалку бројните партии заради тоа што тие оценија дека не е коректно поголемите партии да го определуваат прагот за неопходен број…

Read More