Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: НОВА ТВ
Пожар избувна во турското летувалиште Бодрум над хотелот, во кој се сместени туристи од Босна и Херцеговина и Србија, објави сараевскиот „Аваз“. Еден од туристите испратил фотографии до овој сараевски портал, на кои се гледа густ чад што избил над хотелот „Diamond of Bodrum“, наведувајќи дека туристите се во паника. Тој наведе дека туристите ги подигнале документите и онолку свои работи колку што можеле да земат за кратко време, бидејќи пламените јазици се приближувале до хотелот. Тој додаде дека се уште никој не им се обратил, дека не знаат што понатаму, и дека интернет -врската станува се послаба, пренесува „Аваз“.…
Полицијата на Хаити соопшти дека меѓу осомничените за убиството на претседателот Жованел Моиз е и судијка од Врховниот суд. Во соопштението се вели дека судијката се сретнала со колумбиските платеници кои го ликвидирале претседателот. Издадена е потерница за судијката Вендел Кок Тело, која беше отпуштена кога Моиз во февруари годинава објави дека е планиран државен удар против него. Засега не е познато каде се наоѓа таа. Колумбиските платеници и двајца Американци со потекло од Хаити, кои беа уапсени по убиството на Моиз на 7 јули, рекле дека се сретнале со судијката Кок Тело. – Неколкумина од нив изјавија дека биле…
Македонската женска јуниорска кошаркарска репрезентација ја совлада денеска Албанија со 61:49 и ја забележа премиерната победа на ФИБА „Челенџер“ купот во Софија. По воведните три порази од Украина, Словенија и Украина, „црвено-жолтите“ влегоа во денешниот натпревар со голема желба за успех и како награда за тоа дојде и првиот триумф на „Челенџерот“ во бугарската престолнина. Македонските кошаркарки од самиот почеток ја имаа контролата над играта и над резултатот и на полувреме заминаа со двоцифрена предност од 32:22. Противникот беше одлучен во третиот период, кој избраничките на селекторот Јелена Антиќ го решија во своја корист со 21:6 за убедливи и недостижни…
По цели 39 години, нова детска градинка „Темјанушка“ беше отворена денеска во Неготино. Во неа ќе се згрижуваат и воспитуваат 169 деца. Премиерот Зоран Заев заедно со малиот Љупче на симболичен начин ја отклучија влезната врата на градинката. Во обраќањето пред присутните, премиерот рече дека ова е најновата детска градинка во државата, но ова е најубавата детска градинка во државата, навистина убава како темјанушка. -Со ова масовно градење на детски градинки насекаде во државата, 15 за само 11 месеци, како Влада уште еднаш ги потврдуваме нашите приоритети грижа за најмладите со акцент на ранливите категории граѓани. Веќе подолго време сериозно…
Бугарскиот европратеник Ангел Џабмаски упати остар коментар за Резолуцијата за утврдување на државните позиции на Северна Македонија во контекст на блокадите на европските интеграции, усвоена во четвртокот во македонското Собрание, тврдејќи дека таа ги прави застарени сите дискусии базирани на факти. Во писмо до европратениците, како и до шефот на германската дипломатија Хајко Маас, Џамбаски вели дека ако се почитуваат тие „црвени линии“ Заедничката македонско-бугарска комисија, формирана врз основа на Договорот за добрососедство во 2017, просто не може да функционира. – Нејзина првична цел беше да ги реши проблемите што досега не беа решени, поврзани со историјата, културата, идентитетот и…
Јамајканката Елејн Томсон стана најбрзата жена во историјата на Олимписките игри, откако попладнево победи во трката на 100 метри со нов олимписки рекорд, пред сонародничките Шели-Ен Фрајзер-Прајс и Шерика Џексон. Томсон ја истрча патеката за 10:61 секунди со што го собори 33-години стариот олимписки рекорд на Американката Флоренс Грифит Џојнер и постави второ најбрзо време во историјата. Фрајзер-Прајс го освои сребрениот медал заостанувајќи 13 стотинки зад Томсон, а тројното славје на Јамајка во најбрзата трка во женска конкуренција го комплетираше Џексон со време од 10:76.
Премиерот Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче заедно со пратеничките Марија Костадинова и Драгица Ѓавочанова и градоначалникот на Општина Гевгелија Сашо Поцков, денеска беа на увид на реконструираната Општа Болница во Гевгелија каде е изградена нова современа хируршка сала со нова медицинска опрема и во центарот за дијабетес и одделот за физикална терапија. – Продолжуваме со низата капитални инвестиции во правец на подобрување на здравствените услуги за нашите граѓани кои се спроведуваа и се спроведуваат паралелно со целосната посветеност на здравствените работници во борбата со пандемијата. Вкупната вредност на работите што беа изведени изнесува 375.000 евра и беа…
Турските пожарникари трет ден се борат со шумските пожари. Речиси сите 98 шумски пожари во Турција се локализирани, изјави министерот за земјоделство Бекир Пакдемирли. Десет пожари продолжуваат да горат во регионите Анталија, Ајдин, Муглу и Османије. Во пожарите загинаа шест лица и предизвикаа голема материјална штета, при што изгореа илјадници хектари земјоделско земјиште. Претходно, турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган прогласи вонредна состојба во областите погодени од пожарите, нагласувајќи дека државата ги мобилизирала сите можни сили за гаснење на огнот и санирање на последиците. Според експертите, една од главните причини за пожарите во шумските области е високата температура во регионот и силните…
Женската репрезентација на Нов Зеланд во рагби 7 ја победи денеска Франција во финалето на олимпискиот турнир со 24:12 и го освои првиот златен медал за најуспешната рагби нација во историјата. Тоа на нивните машки колеги не им успеа на олимпиското деби на рагби 7 во Рио де Женеиро во 2016 година, ниту на тековните игри во Токио, на кои во финалето без поразени од бранителот на титулата Фиџи, репрезентативките на Нов Зеланд го направија на убедлив начин и со максимален ефект. По победите во групната фаза над Кенија (29:7), Велика Британија (26:21) и Русија (33:0), Нов Зеланд повторно беше…
Од направени 5.315 тестирања во последните 24 часа се регистрирани нови 81 случај на Ковид – 19. Најмногу новозаразени има во Скопје и Тетово, каде се регистрирани 27, односно 25 нови случаи на вирусот. По едноцифрен број на новозаразени има во Куманово – 9, Гостивар – 7, Кавадарци, Кичево, Дебар и Пехчево по двајца, Битола, Струмица, Струга, Берово и Валандово по еден нов случај, информира Министерството за здравство. Во Ковид статистиката се регистрирани и 12 оздравени пациенти. Петорица се од Тетово, тројца од Скопје, двајца од Куманово и по еден пациент од Прилеп и Гостивар. Во изминатите 24 часа, нема…
Во предвидениот рок е реализирана втората фаза на „Проектот за наводнување на јужната долина на реката Вардар“, што за земјоделците значи намалување на трошоците за производство и предуслов за осовременување на агро-секторот. Станува збор за модерен систем за водоснабдување во земјоделството, кој е од витално значење за овој крај. Без правилно и рационално управување со водните ресурси и без современи системи за наводнување, не можеме да зборуваме за развиено земјоделство“, рече премиерот Зоран Заев по повод изградбата на системот за наводнување со кој се обезбедува навремено и квалитетно наводнување за вкупна површина од 2.150 хектари на територијата на Општина Валандово,…
Околу 8 часот утрово, се случи сообраќајна незгода на автопатот кај селото Велика Биљаница кај Лесковац, во која беа повредени двајца мажи од Северна Македонија, потврдено е за ЈугМедија во Лесковачката полиција и Општата болница во Лесковац. Повредите ги здобиле мажи од околината на Струмица, едниот роден во 1987 година, а другиот во 1982 година. – Едниот има скршена патела на коленото, а другиот има видливи повреди на лицето. Во тек се снимањата и конечната дијагностика, но повредите не се опасни по живот, изјави заменик-директорот на болницата, Милан Петровиќ. Според наводи на повредените, тие возеле комбе со странски регистарски ознаки во…