Author: НОВА ТВ

Американскиот претседател, Џо Бајден, се очекува утре да нареди задолжителна вакцинација за сите вработени во федералната влада. Ова денеска го објави Вашингтон пост. Покрај задолжителната вакцинација, Бајден може да даде наредба за потврда за вакцинација при влез во државните објекти и за патувања меѓу државите. „Широко наметнатите мерки за вакцинација би ги притиснале властите и приватниот сектор да воведат пасоши за вакцинација, по примерот на многу држави во Европа“, пишува Вашингтон пост. Центрите за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) синоќа препорачаа повторно носење маски во затворени простории во државите каде коронавирусот од новиот поотпорен Делта сој се шири поради…

Read More

Бугарската гранична полиција денеска не дозволи влез на осуммина шпански државјани во земјата. Иако тие пристигнаа на аеродромот во Софија, не им беше дозволено да влезат во Бугарија, бидејќи Шпанија е во „црвената“ ковид зона. Тројца од осумте шпански државјани ќе бидат вратени во Шпанија. Тие патуваа со нискобуџетната компанија „Рајанер“. Тројцата шпански државјани се наоѓаат на аеродромот во Софија и чекаат да бидат вратени во својата земја. Ова за БНР го соопшти Ангел Митов, оперативен директор на „Суиспорт“, кој го опслужува „Рајанер“ на бугарските аеродроми. Шпанците патувале на фестивал во Србија и транзитирале низ Бугарија. За петмина од нив,…

Read More

Системот Ковакс очекува да добие 250 милиони дози вакцини против Ковид-19 во следните шест до осум недели, донирани на најсиромашните земји во светот, соопшти денеска Светската здравствена организација (СЗО). Ковакс, кој треба да им обезбеди бесплатна вакцина на сиромашните земји, е финансиран од побогатите и досега подели 152 милиони дози на 137 посиромашни земји. Во неделниот извештај објавен денеска, СЗО соопшти дека неодамнешниот состанок на кризниот тим на ООН објавил дека „зголемен број дози на вакцини ќе бидат донирани на Ковакс, обезбедувајќи 250 милиони дополнителни дози во следните шест до осум недели“. – Глобалната побарувачка за вакцини го надминува снабдувањето,…

Read More

„НаТочак“ вечерва постави бел велосипед (ghost bike) на локацијата во Скопје каде Билаљ Љамалари го изгуби својот живот по сообраќајниот судир во кој тој возејќи точак беше удрен на пешачки премин од 20 годишно момче кое возело автомобил над пропишаната брзина. Од „НаТочак“ информираа дека во негова чест е поставен бел велосипед за потсетување на институциите кои можеле да го превенираат овој судир, но и за спомен на Билаљ. – Многубројните сообраќајки (судири или удари) и условите кои бараат екстремна снаодливост и вештини дополнително негативно влијаат на одлуката луѓето да користат велосипед како превозно средство бидејќи се чувствуваат небезбедни. Само…

Read More

Новото засилување на Реал Мадрид, дефанзивецот Давид Алаба, е позитивен на коронавирус, соопшти денеска шпанскиот фудбалски прволигаш. Во клупското соопштение нема детали во каква здравствена состојба е Алаба. Информацијата доаѓа само една недела откако „кралскиот“ клуб го промовираше австрискиот репрезентативец за свое ново засилување. Алаба дојде во редовите на Реал без обесштетување, откако мина 13 сезони во Баерн Минхен. Дефанзивецот е втор фудбалер на Реал заразен со коронавирус, откако клубот минатата недела потврди дека е заразен и напаѓачот Карим Бензема. Првиот натпревар во новата сезона Реал Мадрид ќе го игра на 14 август против Алавес на гостински терен.

Read More

Левичарот Педро Кастиљо положи заклетва како петти претседател на Перу во последните три години, на 200-годишнината од независноста на земјата, ветувајќи крај на корупцијата и нов устав. – Се колнам во Бога, моето семејство, селаните, домородните луѓе, рондеросите (селските патроли), рибарите, професионалците, децата, тинејџерите, дека ќе служам како претседател на републиката, изјави 51-годишниот селски учител. Тој додаде дека ќе работи за земја без корупција и за нов устав. Педро Кастиљо од левичарската Партија на слободно Перу победи на претседателските избори во Перу со 50,125 отсто од гласовите, по 100 процентно пребројување на гласовите. Според изборната комисија, за Кастиљо гласале 8.835.579…

Read More

Претседателот на САД Џо Бајден денеска во Белата куќа ја прими Светлана Тихановскаја, лидерка на белоруската опозиција. „Ми беше чест да се сретнам денеска наутро со госпоѓа Тихановскаја во Белата куќа. САД се солидарни со Белорусија во нејзините стремежи кон демократија и универзални човекови права“, напиша Бајден на Твитер Според Тихановскаја, средбата, траела петнаесет минути и била многу срдечна. -Јас видов човек на кој не му е сеедно тоа што се случува во Белорусија. Му ги пренесов на господинот претседател нашите пораки, дека во Белорусија борбата не е геополитичка, дека тоа е наша борба против насилството, против беззаконието, изјави таа.…

Read More

Високиот претставник за Босна и Херцеговина, Валентин Инцко денеска изрази уверување дека е сосема правилно да се наметне закон со кој се забранува негирање на воените злосторства извршени во БиХ, но е загрижен за ситуацијата во земјата и ги повика граѓаните да влијаат врз тоа со својот глас на изборите. Инцко ја напушта функцијата во БиХ, која ја извршуваше во изминатите 12 години, на 1 август и ќе биде заменет со конзервативниот германски политичар Кристијан Шмит. Минатата недела Инцко наметна закон со кој може да се санкционираат до пет години затвор лицата кои негираат воени злосторства или ги величаат нивните…

Read More

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ и премиерот на Албанија, Еди Рама денеска остварија неформални средби во Скопје со премиерот Зоран Заев и градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов. Вучиќ и Рама испија кафе за добредојде во еден од рестораните во централното градско подрачје. По кафето, Заев ги прошета Вучиќ и Рама на скопскиот кеј, со градскиот татко Шилегов. – Балканот е нашиот заеднички европски дом во кој се поддржуваме и во кој ги унапредуваме односите. Нашиот поглед е напред, кон подобро утре, кон економски раст и развој, кон добробит за нашите народи, напиша премиерот Зоран Заев на „Фејсбук“. Вучиќ претходно…

Read More

Турската крајбрежна стража уапси повеќе од 200 илегални мигранти, меѓу кои Авганистанци и Сиријци, кои се подготвуваа да преминат преку Егејското Море со рибарски брод за да стигнат до Грција, објавија денеска локалните медиуми. Тоа е најголемата група илегални мигранти уапсени од властите оваа година, што го одразува зголемувањето на бројот на луѓе кои бараат засолниште во Европа по затишјето во пандемијата на коронавирусот. Турските власти уапсија точно 231 мигрант од Авганистан, Сирија, Иран, Еритреја, Јемен и Пакистан. Мигрантите беа уапсени во близина на селото Ајваџик, недалеку од грчкиот остров Лезбос. Уапсени се и двајца осомничени шверцери на кои им…

Read More

Собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците попладнево не го утврди дневниот ред на седницата на која требаше да расправа за Предлог измените и дополнувањата на Изборниот законик, откако тие претходно влегоа во собраниска процедура по скратена постапка, како дел од дневниот ред на 49 седница на Собранието. Претседателката на Комисијата Соња Мираковска за МИА изјави дека за измените се поднесени 500 амандмани. Главна  причина да се прекине работата на Комисијата, како што рече, биле поднесените амандмани и потребата да се средат материјалите, но и да се остави повеќе простор за изјаснување на пратениците по упатените забелешки. Според…

Read More

Српскиот кризен штаб за сузбивање на корнавирусот денеска  одлучи на граѓаните кои имаат одредени болести да им препорача трета доза од вакцината против заразата, јави дописникот на МИА од Белград. Министерката за труд, Дарија Кисиќ Тепавчевиќ, изјави дека станува збор за лица кои имаат состојба на имунодефициенција и хронични заболувања, кои се поврзани со имунитетот. -Тоа се првенствено луѓе кои имале трансплантација на органи, оние кои се на хемодијализа, лица со малигни заболувања, кажа Кисиќ Тепавчевиќ по седницата на Кризниот штаб. Таа додаде дека првата доза на вакцината досега ја примиле 49,7 отсто од полнолетните граѓани, односно над 2,6 милиони…

Read More