Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: НОВА ТВ
По шест часа сослушување, францускиот министер за правда, Ерик Дипонд-Морети од Судот на правдата на Република Франција беше обвинет за „незаконско преземање интереси“, поради тоа што сакал да расчисти лични сметки со поранешните судии, јави дописникот на МИА од Париз. -Без изненадување, тој беше обвинет, изјави по сослушувањето Кристоф Инграин, еден од адвокатите на министерот. Ова обвинение, како што посочуваат, е без преседан за еден министер за правда во Франција. – Неговите објаснувања, за жал, не беа доволни за да се промени оваа одлука донесена пред сослушувањето. Очигледно сега ќе го оспориме ова обвинение, рече Инграин, кој ќе поднесе „жалба…
Селекторот на македонската кошаркарска репрезентација до 20 години, Тони Симиќ ги одбра 12-те играчи кои ќе патуваат за унгарски Шопрон на ФИБА „Челенџер“ турнирот. Во тимот ќе ги нема Лејсон Зекири и Андреј Андоноски кои се прекомандувани во А селекцијата. Изборот на Симиќ е: Данаил Иванов, Дарио Митевски, Богдан Мирковски, Љубиша Димитровски, Павел Данаиловски, Лука Савиќевиќ, Давид Наумовски, Виктор Исајлоски, Таулант Ибраими, Филип Ѓорѓиев, Никола Груевски и Кристијан Столевски. Македонската репрезентација е дел од Д-групата во која се и селекциите на: Романија, Луксембург и Швајцарија.
Канада може да ги отвори границите за сите вакцинирани посетители од почетокот на септември и најверојатно ќе може да прима вакцинирани граѓани на САД од средината на август. Ова го соопштија од кабинетот на премиерот Џастин Трудо. Канада ги затвори копнените граници со САД лани во март, кога започна пандемијата на коронавирус. Оттогаш границите беа затворени за странски посетители, за да се спречи епидемија. Но, со зголемениот број вакцинации и запирање на ширењето на болеста, тие мерки можат да бидат повлечени во неделите што следуваат. – Премиерот истакна дека ако продолжи тековниот поволен тек на стапката на вакцинација и јавно…
Нишката полиција ќе поднесе кривична пријава против државјанин на Северна Македонија, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело поттикнување национална, расна и верска омраза и нетрпеливост, јави дописникот на МИА од Белград. Тој додека бил на совозачкото место за време на движење на возилото, го отворил прозорецот од автомобил со швајцарски регистарски ознаки и се однесувал несоодветно кон друго лице во сообраќајот, така што со свиткани раце во форма на двоглав орел алудирал на националистички симболи. Против осомничениот ќе биде поднесена кривична пријава до Обвинителството во Ниш.
Екипата на Струга Трим Лум попладнево загуби со 4:1 од Лиепаја во реваншот во првото квалификациско коло од Конференциската лига на УЕФА. Гостите од Летонија беа подобар противник и заслуженоп се радуваа на теренот на ФФМ „Петар Милошевски“. Головите за Лиепаја ги постигнаа Укпа, Додо (два) и Карклинс. Скендери го даде почесниот гол за стружани. На првиот натпревар одигран во Летонија резултатот беше 1:1, па Лиепаја со вкупни 5:2 оди во следното коло. Од македонските претставници во ова натпреварување, вечерва играат Силекс на гости кај Петрокуб во Молдавија, како и Шкупи на теренот на Лапи во Косово.
Воведуваме електронски систем за онлајн поднесување и следење на пријави, информираше денеска преку својот фејсбук профил вицепремиерот за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски. Овој систем, како што посочува вицепремиерот, се имплементира како дел од владиниот план за борба против корупцијата со поддршка на УСАИД и има за цел да ги охрабри граѓаните да се борат против оваа појава со активно пријавување, нудејќи можност за заштита и целосна анонимност. Според Николовски, станува збор за брз, ефикасен, модерен и анонимен начин каде граѓаните ќе може да испратат пријава за која било услуга, институција, како најавени…
Поселена анкета од Меѓународниот републикански институт, ИРИ, покажува дека 76% од граѓаните немаат доверба во судството, додека само 23% се изјасниле дека имаат доверба. Ова беше денеска споделено на јавна дебата, организирана од Државната комисија за спречување корупција, за состојбите во правосудството кога во прашање е корупцијата. Претседателката на Антикорупциската комисија, Билјана Ивановска, рече дека 20% од граѓаните кои испратиле претставки до нив, се однесувале само за судските одлуки. – Како потврда на ова, може да се посочат резултатите од истражувањата на Балканскиот Барометар за 2021 година спроведено од Регионалниот совет за соработка каде што е утврдено дека 81,1% од…
Кандидатот за премиер на Либан, Саад Харири поднесе оставка, изјавувајќи дека не е во состојба да формира влада, девет месеци откако го прифати предизвикот, пишува „А Њуз“. Харири беше номиниран за оваа функција во октомври 2020 година, бидејќи долготрајната политичка и економска криза се интензивираше по разорната експлозија на пристаништето во Бејрут во август, при што загинаа над 200 лица, а претходната влада беше принудена да поднесе оставка.
Граничниот премин Стрезимир-Рестилица на македонско-косовската граница, од 18 јули до први септември ќе биде отворен за минување за граѓаните од двете земји, информираше за МИА Медат Куртовски, градоначалник на Општина Маврово и Ростуше. Преминот ќе биде отворен секој ден од 08:00 до 20:00 часот, а за преминување ќе важат истите правила како и на другите гранични премини, односно патна исправа (пасош или лична карта и зелен картон за автомобил). – И овој летен период повторно ќе можеме да се движиме и дружиме со нашинците од Гора и се надеваме дека овој граничен премин во блиска иднина ќе биде функционален преку…
На граничниот премин Табановце времето на чекање за влез во државата е околу 30-тина минути, од македонска страна, а на останатите премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информираат од Автомотосојузот на Македонија. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Собранието попладнево со 62 гласа „за“ го поддржа Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за лична карта, во прво читање, и го проследи во натамошна процедура. Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски образложи дека законот е предложен со цел да се испочитуваат уставните одредби што се однесуваат на примената на Договорот од Преспа и Законот за јазиците. -Во овој текст на закон се опфатени двете измени за да можеме практично да ги издаваме новите лични карти со новото уставно име и примена на Законот за јазците, практично на сите заедници кои живеат во Република Сецверна Македонија кои се…
Амбасадорот на Европската Унија во Албанија, Луиџи Сореца, изјави дека сите правосудни институции во Албанија мора да работат заедно за ефикасност, интегритет и независност на правосудниот систем. Ова Сореца го изјавил за време на онлајн состанок со претставници на албанските правосудни институции. Тој додава дека ЕУ ќе продолжи целосно да ги поддржува реформите во правдата, кои продолжуваат да бидат врвен приоритет. – Сите правосудни институции мора да продолжат да работат заедно за да се обезбеди ефикасност, интегритет и независност на правосудниот систем. Да се обнови довербата во судството и да ми служи на албанскиот народ со правда, нагласи амбасадорот. Тие…