Author: НОВА ТВ

Лидерот на партијата „Има таков народ“, која победи на парламентарните избори во Бугарија, Слави Трифонов на својот фејсбук-профил напиша дека на денот по изборите на 12 јули објавил предлог-кабинет составен само од високо образовани професионалци со јасни приоритети. – За премиер го предложив економистот Николај Василев, човек со искуство во политика, државната администрација и реалниот бизнис. За само три дена, врз него се истурија многу погрдни зборови. Се покажа дека не е важно колку се образовани кандидатите за членови на владата, колку се добри експерти, колку се јасни нивните приоритети. Се покажа дека тоа не е важно за оние медиуми…

Read More

Претседателите на Хрватска, Австрија и Словенија – Зоран Милановиќ, Александар Ван дер Белен и Борут Пахор, се состанаа на осмиот годишен состанок на трилатералата во Костањевица на Крка во Словенија. Главни теми на средбата се конференцијата за иднината на ЕУ, закрепнувањето по пандемијата на Ковид-19 и европската перспектива на државите од Западен Балкан. Фокус е ставен на бугарската блокада на Северна Македонија. Пахор изрази надеж дека до октомври, кога Словенија е домаќин на самитот на лидерите на ЕУ и Западен Балкан, може да се постигне компромис, кој ќе ја отвори вратата за почеток на преговорите за членство на Северна Македонија…

Read More

Македонија и Албанија воспоставија заеднички контроли на грараничниот премин Ќафасан. Преку ова се олеснува трговијата, транспортот, а ќе се подобри и прекуграничната соработка меѓу двете земји. Соработката меѓу двете земји е поддржана од Владата на САД преку УСАИД со проект за економски развој, управување и раст на претпријатијата – ЕДГЕ за зголемување на ефикасноста на граничните контроли на премините Ќафасан – Ќафатане, кој денеска се промовираше. Со новите опреми на граничниот премин, ќе се намали времето на поминување на стоките преку границите. Владата на САД ќе соработува со Македонија и Албанија за зајакнување на капацитетите за царинските управи и вршење…

Read More

Пратениците ги донесоа законските измени со кои ДДВ-то за струјата се намалува од 18 на 5%. За овие измени 83 пратеници гласаа „за“, а немаше ниту еден против. Сепак, носењето на ова законско решение доцни, бидејќи ДДВ-то на струјата требаше да биде намалено уште од 1 јули за да се амортизира ударот од поскапата цена на електрична енергија за околу 12%. На сметките на граѓани данок од 5% ќе им се пресметува, дури откако законското решение ќе биде објавено во „Службен весник“. Ова значи дека за месец јули сметките за струја ќе бидат повисоки затоа што за претходниот период ќе…

Read More

Премиерот Зоран Заев денеска оствари средби со директорот на најголемиот музички фестивал во нашиот регион „Егзит“, Душан Ковачевиќ и гости од Соединетите Американски Држави, спортистите во американски фудбал Ленс Бригс, Турк Мекбрајд и Дони Колдвел, како производители на медицински канабис во САД – Откако претходно ги анализирале можностите за инвестиции во некои други светски региони, гостите на средбата истакнаа дека предностите за инвестиции во индустријата за медицински канабис што ги нуди Северна Македонија ја прават земја од посебен интерес за оваа дејност, соопштија од Владата. Премиерот Заев ги презентирал можностите за отворање фабрики за медицински канабис во Северна Македонија, а…

Read More

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, придружуван од меѓународниот секретар Тимчо Муцунски, оствари работна средба со амбасадорот на Холандија во државава Дирк Јан Коп, на која, како што соопшти опозициската партија, е афирмирана потребата од оддржување фер и кредибилни локални избори оваа есен. Мицкоски, стои во соопштението, ја нагласи стратешката определба на ВМРО-ДПМНЕ за полноправно членство во ЕУ базирана на вредности и стандарди наместо уцени кои не соодејствуваат со основачките договори на Унијата. -На средбата Мицкоски се заблагодари на принципиелната поддршка на Холандија насочена кон потребата од реформи на владеењето на правото, но истовремено нагласи дека Македонија останува најкорумпирана земја во…

Read More

Најдобриот играч на неодамна завршеното Европско фудбалско првенство, 22-годишниот италијански голман Џанлуиџи Донарума и официјално е нов член на францускиот прволигаш ПСЖ, објави вечерва парискиот клуб. Поранешниот голман на Милан дојде во редовите на ПСЖ без обесштетување и потпиша договор до јуни 2026 година. – Среќен сум што станав дел од овој голем клуб, Чувствувам дека сум подготвен за новите предизвици и оти тука ќе продолжам да напредувам. Сакам да постигнам што повеќе успеси и да им донесам радост на навивачите, изјави Донарума само неколку денови откако со италијанската репрезентација ја освои европската титула. Донарума претходно мина шест сезони во…

Read More

Со слогани против вакцините и задолжителната ваквинација, против Владата и грчкиот премиер, но и против новинарите, стотици граѓани, без маски, дистанца и било какви заштитни мерки, денеска протестираа пред грчкиот Парламент, јави дописничката на МИА од Атина. Поради навредливите слогани, но и пцовки кон новинарите и неколку фрлени предмети, новинарските екипи со помош на полицијата беа принудени да се засолнат за да се избегнат дополнителни инциденти, нешто, што како што јавува дописничката на МИА од Атина, не било пракса на други протести. Иако демонстрациите беа против вакцините и имунизацијата, сепак не изостанаа и радикални и националистички слогани. Преку социјалните мрежи…

Read More

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, од Гази Баба денеска каде партијата ја почна првата трибина „Македонија за сите луѓе“, пред присутните граѓани порача дека ќе донесат поевтина струја и политики во корист на сите луѓе. – Денеска ќе зборуваме како до гасификација на домаќинствата, како до најмалку 50 проценти гасифицирани домаќинства во нашата Македонија, со бесплатен приклучок за гас, без дополнителни трошоци, ќе зборуваме како до поевтина струја преку произведување на електрична енергија, а тоа ќе го постигнеме со продолжување на работниот век и модернизирање на  производните погони, тоа се рударско енергетскиот комбинат во Битола и рударско енергетскиот комбинат во…

Read More

Авганистанските талибански бунтовници денеска продолжија со офанзивата и објавија дека заземале стратешки важен премин на границата со Пакистан. Тоа е еден во низата важни гранични премини окупирани од талибанците во последните неколку недели, додека се приближува повлекувањето на американските и НАТО трупите од Авганистан. Жителите на пограничната област во Пакистан нагласуваат дека го виделе знамето на талибанците во градот Спин Болдак, додека владините сили негираа дека талибанците го окупирале тој граничен премин. Спин Болдак е главниот премин за целата стока што пристигнува во Авганистан од пакистанскиот град Карачи. Во претходните месеци, по повлекувањето на американските и на НАТО трупите од…

Read More

Судските процеси „Титаник“, „Талир“, „Тендери“, „Траекторија“ меѓу другите и „Шпански скали“, се дел од предметите кои ќе мора да се вратат на самиот почеток, иако дел од нив беа пред самиот финиш и во скоро време скопскиот Кривичен суд се очекуваше да донесе пресуди. Причината за ова е разрешување на судии кои беа дел од Судечкиот совет во предметите. Ваква пракса нуди актуелниот Закон за кривична постапка, кој дава и опција исказите на сведоци да се прочитаат на повторениот судски процес, наместо сведоците повторно да се повикуваат во судница. Но за ова треба да се согласат сите обвинети, адвокати и…

Read More

Судот во Тирана денеска осуди поранешен полицаец на десет години затвор за убиство на младо момче за време на патрола во време на полицискиот час, воведен поради пандемијата на коронавирусот иако обвнителството бараше двојно повисока казна. Судот го осуди Невалдо Хајдарај, поранешен припадник на албанската специјална единица „Шќипоња“, за „убиство со пречекурување на самоодбрана“ на 8 декември 2020 година. Тој беше осуден за убиство на 25-годишниот Клаудијан Раша за време на полицискиот час во населбата „Лапрак“ во Тирана. Полицијата тогаш изјави дека Раша бегал и ги игнорирал повиците на полицијата да застане. Хајдарај беше отпуштен од полицијата откако смртта на…

Read More