Author: НОВА ТВ

Главниот командант на американсите сили во Авганистан, генерал Остин Милер, денеска се повлече од позицијата како симболичен чин на 20-годишното присуство на Американците во земјата, јави Вашингтон пост. Ова е и најдолгиот вооружен конфликт во кој САД биле некогаш вовлечени. Повлекувањето отвори пат за подем на Талибанците кои се закануваат да ја урнат регуларната влада во Авганистан. Официјално, американската воена мисија во Авганистан треба да заврши на 31 август. САД, сепак, не заминуваат целосно од земјата. Како што соопшти Кенет Мекензи, раководител на Централната команда која ги координира американските сили во жешките точки како Авганистан, Ирак и Сирија, „треба да…

Read More

Богатите земји не треба да нарачуваат дополнителни дози на вакцини за нивната вакцинирана популација, додека другите земји сè уште немаат примено вакцини против Ковид-19, објави денеска Светската здравствена организација (СЗО). Шефот на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејезус рече дека бројот на жртвите во пандемијата на коронавирусот повторно се зголемува, варијантата делта станува доминантна и многу земји сè уште немаат добиено доволно дози на вакцини за да ги заштитат своите здравствени работници. – Варијантата Делта се шири низ светот со застрашувачка брзина, што доведува до нов пораст на инфекции со Ковид-19 и смртни случаи, рече Тедрос, истакнувајќи дека е многу заразна варијанта,…

Read More

Водоснабдувањето ќе биде заштитено и ниту во еден момент нема да има застој на сообраќајот додека се гради брзиот автовуски превоз – БРТ, уверува скопскиот градоначалник, Петре Шилегов. Тој во емисијата „Жешко политичко лето“ на Канал 5 рече дека граѓаните не треба да бидат вознемирени, бидејќи трасата поминува над главната цевка за вода на булеварот „Партизанска“. – Никој не треба да се грижи во оваа смисла. И водата, и водоснабдувањето, и главната цевка ќе биде заштитена и лесно достапна за евентуални дефекти. Досега не се случило на оваа цевка да има дефект, рече Шилегов. Тој очекува градежните активности да траат…

Read More

Македонскиот фудбалски првак Шкендија пред полн стадион ќе го игра утрешниот реванш натпревар против словенечкиот претставник Мура во кој ќе се обиде да ја надомести негативата од 0:1 од првиот натпревар и да избори пласман во 2. квалификациско коло во Лигата на шампиони (ЛШ). Како што јавуваат словенечките медиуми, натпреварот против Шкендија предизвикува голем интерес меѓу навивачите на Мура и стадионот „Фазанерија“ во Мурска Собота ќе биде максимално исполнет за утрешниот натпревар што започнува во 20 часот. Стадионот во Мурска Собота има капацитет од 5.500 седишта, но поради ковид-протоколот, во продажба за дуелот против Шкендија се пуштени 4.000 влезници. Екипата…

Read More

Шефот на европската дипломатија, Јосеп Борел, денеска јасно се огради од изјавите на словенечкиот премиер Јанез Јанша, преку кои тој изрази поддршка за опозиционерска иранска група, посочувајќи дека тоа не е став на ЕУ, јави дописничката на МИА од Брисел. Словенечкиот премиер се обрати пред претставници на опозиционерска иранска група во егзил, Народни муџахедини на Иран, попознати под акронимот МЕК, и изјави дека Техеран е виновен за нарушување на човековите права и дека за тоа треба да одговара. Техеран ја повика на разговори словенечката амбасадорка во Иран, а денеска високиот претставник на ЕУ за надворешна политика, Јосеп Борел нагласи дека…

Read More

Премиерот Зоран Заев денеска го прими новоизбраниот генерален секретар на Регионалната канцеларија за младинска соработка (RYCO) на земјите од Западен Балкан Алберт Хани, кој оваа функција ја презеде како претставник на нашата земја, соопштија од Владата. На средбата, на која присуствуваше и советникот за млади и младински политики, Ѓорги Тасев, премиерот Заев му честиташе на генералниот секретар на RYCO Хани, и му посака успешен мандат во спроведувањето и координацијата на програмите на оваа организација чија цел е остварување на максимална мобилност и поврзување на младите од регионот како неопходен услов за помирување, соработка и за нивната заедничка иднина. – Претседателот…

Read More

Во среда ќе продолжи судскиот процес „27 април“ во кој се обвинети нарачателите за крвавиот четврток од 27 април 2017 година. Завршен збор ќе даде поранешниот министер во Владата на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Јанакиески. На денешното судење во скопскиот Кривичен суд, завршен збор даде адвокатот Еленко Миланов во одбрана на обвинетите Јанакиески и Спиро Ристовски. Тој се осврна на Законот за амнестија, нагласувајќи дека по сила на закон обвинението не смеело да биде покренато. –  Овој обвинителен акт и оваа постапка не можеше да започне, не можеше воопшто да биде водена, поради Законот за амнестија којшто е прогласен со указ од…

Read More

Новиот дух што дојде во Република Северна Македонија по Охридскиот рамковен договор значително влијаеше на поделбата на моќта и етничката застапеност во рамки на државата. Идејата за ваков договор беше да се гарантира на сите етнички заедници политичко, социјално и културно учество, како и самоизразување, истакна министерот за информатичко општество и администрација Јетон Шаќири во денешното обраќање на петтиот Комитет за односи меѓу заедниците, што се одржа во Собранието на Северна Македонија. граргргрШаќири посочи дека со Законот за вработените во јавниот сектор се обезбедува механизам за спроведување на уставниот принцип на правична и соодветна застапеност на припадниците на етничките заедници,…

Read More

Членовите на италијанската фудбалска репрезентација ќе добијат по 250.000 евра како награда за освојувањето на Европското првенство, јавија денеска локалните медиуми. Италијанската фудбалска федерација за освоеното прво место на ЕУРО2020 ќе инкасира 28,25 милиони евра од Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) и новите европски шампиони ќе бидат наградени токму од тој фонд. Италија вторпат во историјата ја освои европската титула, откако во синоќа ја совлада Англија на пенали во финалето на „Вембли“ во Лондон. Сите учесници на ЕУРО2020, вклучувајќи ја и македонската репрезентација инкасираа загарантирани 9,25 милиони евра, додека учесниците во осминафиналето заработија дополнителни 1,5 милиони евра. Четвртфиналисти инкасираа по 2,5 милиони…

Read More

Од пребројани 98,92% од гласовите на предвремените парламентарни избори во Бугарија, води партијата „Има таков народ“ (ИТН) раководена од телевизискиот шоу-мен, Слави Трифонов, со освоени 23,91% гласови, додека партијата ГЕРБ на Борисов има освоено 23,69% гласови, што е тесна битка меѓу Трифонов и Борисов. Бугарската социјалистичка партија (БСП), според првичните резултати е трета со 13,51% од гласовите. Следна е Демократска Бугарија со 12,56%. Поранешниот премиер на Бугарија и лидер на партијата ГЕРБ, Бојко Борисов, изрази сомнеж во резултатите од синоќешните предвремени парламентарни избори. -Во 11 часот Трифонов објавува влада. И вели чекам Радев да ми го прати мандатот. До тој…

Read More

Во Собранието на Комисијата за финансирање и буџет денекса заврши првиот ден од амандманската расправа за ребалансот на буџетот. Пратениците утре ќе продолжат со расправа. Пред народните избраници се вкупно 222 амандмани, од нив 153 се поднесени само од ВМРО-ДПМНЕ. Денеска се прифати амандманот со кој се бараат дополнители два милиони денари за Комисијата за заштита од дискриминација, поднесен од тројца пратеници од владејачкото мнозинство, но одбиен беше амандманот на опозицијата, да се предвидат 300 милиони денари за интервентен фонд за земјоделство. Уште два амандмана беа одбиени од ВМРО-ДПМНЕ кои се однесуваа за поддршка на угостителите и естрадните уметници. Според…

Read More

Селекторот на фудбалската репрезентација на Англија, Герет Саутгејт, изјави денеска оти му е потребно време да размисли пред евентуално да потпише продолжување на договорот. – Мислам дека сега не е вистинското време да размислувам за какви било работи поврзани со мојата иднина како селектор, изјаво Саутгејт за медиумите. Извршниот директор на Фудбалската федерација на Англија (ФА) Марк Булингем најави за време на ЕУРО2020 дека ФА сака да му понуди нов договор на Саутгејт, но англискиот селектор, по вчерашниот пораз во финалето на ЕУРО2020 од Италија, истакна дека неговите мисли сега се свртени кон продолжение на мундијалските квалификации во септември. –…

Read More