Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: НОВА ТВ
Владата на денешната редовна седница ја донесе Националната стратегија за вработување 2021-2027 година, со вклучен Акциски план, која предвидува стапката на невработеноста да опадне на 11 проценти за работоспособно население.Како што информираат од владината прес-служба, согласно трендовите на закрепнувањето на економијата и на пазарот на трудот, спроведувањето на Стратегијата е предвидено во две фази. Првата е пред сè фокусирана на ублажување на негативните последици на пандемијата од Ковид-19 врз вработувањето и воведување на потребните реформи за почеток на втората фаза – од 2024 до 2027 година на политиките, која е попрогресивна и насочена кон приближување до Стратегијата за вработување на…
Индискиот премиер Нарендра Моди денеска го искористи самитот COP26 за климатските промени за да соопшти дека неговата земја има намера да постигне нула емисии на јаглерод во 2070 година, две децении по крајниот рок за кој научниците велат дека е конечен за да се избегнат катастрофалните климатски последици. Моди, сепак, ја бранеше Индија, посочувајќи дека таа „се придржува до своите климатски обврски“. Тој, исто така, истакна дека Индија има 17 проценти од светското население и е одговорна за само пет проценти од глобалните емисии. Индискиот премиер им кажа на другите светски лидери дека Индија ќе го зголеми својот удел во обновливата енергија од…
Денеска во Србија се регистрирани 63 починати пациенти од Ковид – 19. А, од почетокот на пандемијата, досега во Србија 10.018 луѓе ја изгубија битката со корона вирусот. Српските здравствени власти информираат дека во изминатите 24 часа се потврдени 5.896 нови случаи на вирусот. Моментално во Србија се хоспитализирани 6.760 пациенти, од кои 290 се приклучени на респиратор. Изминатиот еден месец во Србија само два дена имаше под 50 смртни случаи регистрирани дневно како последица од Ковид – 19. А, изминатите девет дена во Србија дневно се регистрираат дури и повеќе од 60 смртни случаи. Токму поради ваквата епидемиолошка состојба…
Талибанската разузнавачка служба ослободи локален новинар еден ден откако беше уапсен и малтретиран од непознати причини, потврдија во понеделникот група за застапување на медиумите и неговите колеги. Хусаин Ахмади, водителот и известувачот на приватната ТВ мрежа Рах Фарда, бил уапсен пред централната канцеларија за пасоши во Кабул, откако бил повикан да си го земе пасошот, се вели во соопштението на Авганистанската агенција за заштита на новинарите. Тој беше ослободен со посредство на авганистански медиумски активисти. Додека бил во притвор новинарот бил тепан од припадници на талибанските сили, изјави за ДПА продуцентот на вестите на приватната ТВ станица, Мохамад Елхам Неда. Неда рече…
Најмалку три лица загинале во урнатата повеќекатница во изградба во комерцијалната престолнина на Нигерија, Лагос, а се стравува дека уште десетици други се наоѓаат затрупани под урнатините. Француските медиуми пренесуваат дека тешка механизација ги расчистува остатоците од 21-катната зграда во потрага по преживеани под урнатините во елитната населба Икоџи во Лагос. Спасувачите изјавија дека во моментот на уривањето на зградата во неа имало „многу работници“, иако не можеле да го потврдат бројот на затрупани или загинати луѓе. Набргу по уривањето на зградата, десетици гневни жители се собраа на местото, многумина плачеа и изразија разочарување од бавното темпо на спасувачката акција.…
Во Владата премиерот Зоран Заев одржа средба со претставници на сите политички партии кои го сочинуваат парламентарното мнозинство во Парламентот. – Сите партнери од парламентарното мнозинство беа присутни на средбата и изразија поддршка на влада од ова парламентарно мнозинство. Парламентарното мнозинство е стабилно и одговорно кон иднината на државата и народот. Заеднички се констатираше дека на Северна Македонија и на граѓаните на земјата не и се потребни предвремени парламентарни избори и дека такви избори единствено би ја втурнале земјата во политичка, економска, општествена и безбедносна криза, но исто така ќе ги закочат и процесите на европски интеграции на Северна Македонија,…
Недвосмислено дадовме поддршка на политиките на Владата, на премиерот Зоран Заев и на цела владина коалиција за продолжување со европската и реформската агенда и немаше ниту еден сомнеж во парламентарното мнозинство од ниту еден учесник на состанокот, изјави генералниот секретар на ДУИ, Артан Груби по координативниот состанок на премиерот Заев со претставниците на коалициските партнери. – Исто така би сакал да ве информирам дека сите партнери што учествуваат во Владата беа апсолутно против оставката на премиерот Заев, затоа што сметаме дека таа беше избрзана и дека тој треба да продолжи со предводењето на Владата и спроведувањето на политиките, затоа што…
Кинескиот претседател Си Џинпинг ги повика учесниците на Конференцијата на ОН за климатски промени COP26 да ги засилат своите напори за климата, јави ДПА. „Визиите ќе се остварат само кога ќе дејствуваме според нив“, напиша Си во денеска лиферуваната изјава на почетокот на конференцијата COP26 во Глазгов, во Шкотска, пренесе кинеската државна агенција Ксинхуа. Според извадоци од изјавата објавени од Ксинхуа, Си првично не даде никакви конкретни нови ветувања, но ги повика сите страни „да ги почитуваат своите заложби, да постават реални цели и визии и да дадат се од себе според националните услови, да ги реализираат своите мерки за…
Знаете дека четири години протестиравте за да го зачуваме Карпош заради урбанистичкиот хаос на Стевче Јакимовски. Не му значат ништо граѓаните, тој е колекционер и ги има сите партиски книшки и стана измеќар на Груевски, кажа претседателот на СДСМ, Зоран Заев на граѓанската трибина во Карпош. Тој додаде дека треба да се оди напред и да не се погази достоинството. – Ова црнило, закани и омрази и инцидентот во Влае од вчера сме ги имале секогаш под превезот на ВМРО, па дури и братоубиствени војни. Но, денеска имаме територијален интегритет и суверенитет и одиме напред затоа што ние припаѓаме на…
Страшно и понижувачки е странски државјанин да биде кандидат за градоначалник на Скопје кога имаме преговарачки процес со Бугарија и обид да го решиме проблемот. Ние сме застапници на тезата едно општество за сите и не ни смета кој каде етнички припаќа, но, да го лажете наодот за ваква работа е непристојно. Очекувам кандидат за градоначалник на Скопје да информира какви предности има, каква визија, но никако да го лажете народот. Ова го рече премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев во интервју за телевизијата Канал 5. – Ние мораме со Бугарија да најдеме решение за да одиме напред како…
Швајцарската фудбалска лига (СФЛ) објави денеска дека планира да забрани присуство на гостински навивачи на стадионите по серијата натпревари, кои ги одбележаа насилно однесување на хулигани. – Размислуваме за затворање на гостинските сектори со цел да ги заштитиме мирните навивачи, соопшти СФЛ. Серијата инциденти на фудбалските стадиони во Швајцарија кулминираше во саботата на дерби натпреварот пред 16.000 гледачи меѓу градските ривали Грасхоперс и Цирих (3-3) на стадионот Лецигрунд, кој го делат двете екипи, кога гостинските навивачи влегоа на теренот во обид да се пресметаат со противниците. – Клубовите и СФЛ веќе не можат да ја толерираат ваквата состојба, која нанесува…
Социјалдемократите вечерва одржуваат митинг во скопската населба Карпош, каде пред граѓаните се промовира кандидатот за градоначалник на оваа општина, Душко Весковски.