Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: НОВА ТВ
Граѓанската иницијатива „Шанса за Центар“ ги повика сите учесници во Советот на Општина Центар на дебата за да се зацртаат приоритетите на општината. Кандидатот на СДСМ за градоначалник на Општина Центар, Горан Герасимовски, соопшти дека ја прифаќа поканата на граѓанската иницијатива „Шанса за Центар“ за дебата околу приоритетите во наредните четири години во општината Центар – Како демократска партија сметаме дека секоја дебата е во интерес на подобри решенија за граѓаните и секогаш ја поддржуваме. На дебатата Герасимовски и претставниците од коалицијата ќе ги презентираат своите ставови во однос на клучните проблеми со кои се соочуваат граѓаните на општина Центар,…
Генералната секретарка на ОБСЕ, Хелга Марија Шмид, денеска ја заврши својата дводневна посета на Македонија. Во рамки на својата посета, таа ѝ честиташе на земјата за претседавањето со ОБСЕ во 2023 година и понуди целосна поддршка во подготовката и остварувањето на оваа важна должност. Во рамки на посетата, Шмид се сретна со претседателот на Северна Македонија Стево Пендаровски, премиерот Зоран Заев, министерот за надворешни работи Бујар Османи, и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. – Охрабрена сум од фокусот на Владата кон владеењето на правото, и борбата против организираниот криминал и корупцијата. Ќе дадеме сè од себе за да помогнеме…
Косовската Влада денеска донесе одлука за воведување нови мерки за заштита од пандемијата на Ковид-19, кои, со оглед на видното опаѓање на бројот на новозаболни и на починати во последните неколку недели, се во извесна мерка олеснети во споредба со оние кои досега беа во сила, јави дописникот на МИА од Приштина. Според денешната одлука на Владата на Албин Курти, во наредниот период полицискиот час ќе трае наместо од 22 часот, како што беше досега, од 24 до 5 часот наутро, а се продолжува за еден час и работното време на угостителските објекти, така што тие ќе можат да работат…
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави денеска дека му наложил на Министерството за надворешни работи да прогласи 10 амбасадори за „персона нон грата“, вклучително и оние од САД, Германија и Франција, поради нивниот повик за ослободување на турскиот филантроп Осман Кавала. Во понеделникот, амбасадите на десет земји објавија сооштенија на социјалните медиуми, во кои побараа ослободување на Кавала, велејќи дека тековниот процес против него и неговото апсење фрла сенка врз демократијата и владеењето на правото во Турција. Амбасадорите на САД, Германија, Данска, Финска, Франција, Холандија, Шведска, Канада, Норвешка и Нов Зеланд, во вторникот беа повикани да дадат објаснување во турското…
Авганистан се движи кон економски колапс што ризикува да ја доведе земјата во нова политичка криза, предупреди денеска шведскиот министер за меѓународна развојна соработка Пер Олсон Фрид. – Загрижен сум што земјата е на работ на колапс и дека тој се движи побрзо отколку што мислевме, изјави Фрид во Дубаи, предупредувајќи дека економскиот пад може да создаде средина во која терористичките групи ќе напредуваат. Европската унија, во која членува и Шведска, ја зголеми хуманитарната помош за Авганистан откако талибанците се вратија на власт, но ја прекина помошта за развој, мерка преземена од многу други земји и Светска банка. Шведска се…
Контроверзниот новинар Ерик Земур, според уште една анкета на јавното мислење, иако не се декларирал како претседателски кандидат, повторно испитаниците го ставија во вториот круг на претседателските избори во 2022 година, јави дописникот на МИА. Вторпат анкета ја поддржува оваа хипотеза. Според новата студија, спроведена за Ле Монд, Фондацијата Жан Жорес и Политички науки, доколку Ксавиер Бертран (именуван во анкетата на Журнал ди диманш, како десничарска политичка фигура најдобро пласирана за да ги победи своите противници) ако биде номиниран како кандидат на партијата на Ле Републиканците, Марин Ле Пен (РН) ја има довербата на 15 отсто од намерите на гласачите.…
Во Бугарија веќе два дена трае активна вакцинација, откако властите одлучија да воведат „зелен сертификат“ за влез на јавни места. Како што јави дописникот на МИА од Софија, само во Военомедицинската академија за три часа се вакцинирале 214 лица. Од нив, 183 биле со прва доза, а 18 со третата. Центарот за вакцинација ќе работи прекувремено и утре од 09:00 до 12:00 часот. Промената на работното време се должи на зголемениот интерес на граѓаните да се имуниузираат против Ковид-19. Според податоците, во последните денови забележани се три пати повеќе заинтересирани граѓани за вакцинирање. Имунизацијата се спроведува со вакцините на Модерна,…
Школата за политики за 2021 година при Претседателскиот центар за политичко образование вчера и денеска го одржа последниот четврт модул во соработка со партнерските организации, Меѓународниот републикански институт (ИРИ) и Националниот демократски институт (НДИ). Претседателот Стево Пендаровски, како што информираат од неговата канцеларија, утре на сите учесници од првата генерација, свечено ќе им ги додели сертификатите за успешно завршување на Школата за политики. Четвртиот модул, како што информираат од канцеларијата на претседателот Стево Пендаровски, се реализирал со учество на еминентни предавачи и обучувачи од земјата и од странство, а учесниците дебатирале на теми кои ги тангираат прашањата од областа на…
Во натпревар на двете првопласирани екипи на табелата во македонското фудбалско првенство, екипата на Шкупи ја победи Ренова со 2:1. По денешниот триумф, тимот од Чаир ја зголеми предноста на врвот на табелата на пет бода во однос на „гипсарите“. Сега Шкупи има 26, додека Ренова 21 бод. Другите средби од 11. коло во ПМФЛ се закажани за утре од 14 часот. Двојките се: Борец – Академија Пандев Скопје – Тиквеш Македонија ЃП – Струга Пелистер – Брегалница и Шкендија – Работнички.
Лице вооружено со нож и се заканило на полицијата, извикувајќи „Алах Акбар“, пред да биде застрелано од полицијата во Коломб во близина на Париз, јави дописникот на МИА. Човекот кој беше застрелан од полицијата во Коломб, откако упати закани, не бил заведен во датотеката како С (радиказилизиран). Тој бил погоден во карлицата, а им подлегнал на повредите „и покрај обидите за реанимација од страна на итните служби“. Триесет и едно годишниот маж и бил познат на полицијата поради различни прекршоци. Отворена е истрага од страна на обвинителството на Нантер. Министерот за внатрешни работи Жералд Дарманиан во порака на Твитер ја…
Тешко вооружени мажи упаднаа во затвор во југозападна Нигерија користејќи гранати, соопштија денеска затворските служби, а според непотврдени медиумски извештаи, речиси илјада затвореници избегале. – Вооружените луѓе кои дојдоа беа во голем број. Го нападнаа синоќа поправниот дом „Абонлого“ со гранати. Многу затвореници беа повторно уапсени по нападот и тоа сè уште трае, изјави Оланруаџу Анжорин, портпарол на управата на затворот во државата Ојо, без да прецизира колку затвореници избегале и без да потврди дали има жртви. Полицијата наскоро ќе даде изјава со детали за нападот, додаде портпаролот. Неколку локални медиуми објавија дека за време на нападот биле ослободени речиси…
Опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ на денеска одржаната седница на највисоките партиски органи во Охрид донесе проглас во кој се повикува на заедништво, слога и обединување на сите граѓани и прогресивни сили во државата за подобра иднина и промени, во борба против власта која носи порази, понижувања, неуспеси. Од ВМРО-ДПМНЕ информираат дека во местата каде што тие немаат кандидати за градоначалници оти поддршка ќе дадат на кандидатите на Алијанса за Албанците и Алтернатива.