Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: НОВА ТВ
Шест лица загинаа и неколку други се повредени во пожар во станбен објект во Брчко. Повредените се пренесени во болницата Брчко каде им била укажана лекарска помош. Локални медиуми јавија дека при интервенцијата пожарникарите спасиле четири деца на првиот кат од објектот. Пожарот се случил утринава околу седум часот. Засега нема информации за причината за пожарот.
Талибанците протераа илјадници луѓе од нивните домови и од земјишни поседи на северот и југот на Авганистан, што е колективна казна, незаконска според меѓународното право, предупреди денеска Хјуман рајтс воч. Цел биле членови на шиитската заедница Хазар, како и луѓе поврзани со поранешната авганистанска влада, објави британскиот весник „Гардијан“. Земјиштето и куќите запленети на овој начин честопати им се даваа на талибанските поддржувачи, наведе ХРВ. Присилните иселувања евидентирани од Хјуман рајтс воч се случија во пет провинции, вклучувајќи ги Кандахар, Хелманд и Урузган на југ, Даикундиа во центарот и Балк на север. На многу луѓе им е наредено да ги…
Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата “За обнова на Македонија” на сите граѓани им го честита големиот празник 23-ти Октомври – Ден на македонската револуционерната борба. – 23-ти октомври е денот кој е темел на зачетоците за градење на идејата за слободна и самостојна македонска држава. Пред 128 години беше даден заветот кој живееше и ги водеше Македонците низ сите премрежија и предизвици низ кои поминуваше нашата татковина. Револуционерниот идеал на Македонците беше водилката низ Илинденската епопеја од 1903, национално ослободителната партизанската борба која се круниса со АСНОМ и конечно 8-ми септември кога се оствари сонот на Дамјан Груев, Христо…
Вчера во 17.00 часот во атар на с.Долни Балван, штипско, полициски службеници од СВР Штип ги лишиле од слобода С.И.(27), К.М.(25) и И.И.(28), сите од Штип, затоа што кај нив била пронајдена околу еден килограм марихуана. Како што соопшти МВР, тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по повод поразникот 24 Октомври го честиташе Денот на Македонската револуционерна борба. – ВМРО ги опфатило сите напредни и прогресивни елементи во македонското општество, целата Македонска интелигенција, стопанствениците и работливите Македонски селани. Сите тие заедно ја почнаа борбата која резултираше со Илинден 1903, а кулминираше со Илинден 1944. ВМРО е симболот на Македонското единство. Под знамето за слобода се обединети сите и Македонци, Албанци, Турци, Роми, Срби, Власи, сите кои сакале слободна Македонија, да бидат свои на своето. Таа нивна мисла била многу напред во тоа време бидејќи се темелела на принципите на солидарност, еднаквост,…
Од понеделник се отвара новата автобуска линија со број 29, која ќе сообраќа од Жданец, преку Трнодол, до Карпош 3 („Сити мол“) и обратно со почетна/крајна станица во Жданец, на улица „Жданец“, а во Карпош 3 на улица „МАНАПО“, на почетно/крајната станица на линија 7 и 59 кај „Сити мол“. – Чест ми е да Ве известам дека жителите на Општина Карпош, односно Жданец и Трнодол добиваат нова автобуска линија која почнувајќи од понеделник, 25 октомври ќе профункционира на барање на жителите на Жданец и Трнодол, за да им се олесни пристапот до централниот дел на општината и градот, а…
Тунис воведе пропусница за коронавирус за сите свои граѓани и за сите странски посетители, согласно претседателски декрет. Според уредбата, сите службеници, вработени, но и корисници на услуги во јавниот и приватниот сектор се должни да покажат пропусница за Ковид што содржи потврда за вакцинација или доказ за прележан Ковид-19 или негативен тест. Таа ќе биде потребна и за влез во кафулиња, ресторани, хотели и туристички објекти, се наведува во декретот.
Саудиска Арабија, еден од најголемите светски производители на нафта, денеска објави дека нејзина цел е да ги намали емисиите на штетни гасови на нула до 2060 година. Со тоа, таа држава им се придружи на напорите на повеќе од 100 земји во глобалните напори за борба против климатските промени. Ова го соопшти престолонаследникот Мохамед бин Салман на почетокот на првиот форум на Саудиската зелена иницијатива. Извозот на нафта и гас на кралството го формира столбот на економијата на Саудиска Арабија.
Бројот на американски војници кои починале од компликации предизвикани од Ковид-19 достигна 70, пишува американскиот весник Милитари тајмс. Изданието нагласува дека во последните денови во вооружените сили на САД, како и во целата земја, постои тенденција да се намали смртноста од последиците од инфекцијата со коронавирус по нејзиниот нагло зголемување во крајот на јули, по што оваа бројка во вооружените сили е повеќе од двојно зголемена во споредба со целиот претходен период од почетокот на пандемијата. Така, од 13 до 20 октомври (најнови податоци), тројца војници починале од Ковид -19, што е најнискиот неделен број од август, а за октомври…
Кина го усвои законот за образование сокој се демонстрира поодлучна позиција на државата во борбата против зависност на малдите од онлајн игри, кои се сметаат за форма на „духовен опиум“, но и обид да се застане на патот на „слепо“ обожување познати личности на интернет. Кинескиот парламент минатата недела потврди дека ќе разгледа закон со кој ќе се казнуваат родителите доколку нивните деца демонстрираат „многу лошо однесување“ или сторат кривично дело. Новиот закон, кој не е целосно објавен, ги обврзува локалните самоуправи да го намалат притисокот врз децата на училишна возраст, а родителите да го организираат слободното и работното време…
Северна Македонија е умерено подготвена во областа на надворешните односи и постигна одреден напредок во текот на минатата година, констатира Европската комисија во Извештајот за напредокот на земјава за 2021 година. – Северна Македонија ја продолжи својата добра соработка со ЕУ, вклучително и во рамките на Светската трговска организација (СТО). Беше имплементиран Дополнителниот протокол 5 за олеснување на трговијата, вклучувајќи го и проширувањето на концептот на овластени економски оператори (ОЕО), се наведува во Извештајот. Според Комисијата, Институционалниот капацитет на земјата за целосно учество во трговската, развојната и хуманитарната политика на ЕУ е се уште недоволен. – Во наредната година, земјата…
Претседателот Стево Пендаровски упати честитка до граѓаните по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, во која наведува дека датумот на основањето на македонската револуционерна организација е пресвртната точка од која започна долгиот и макотрпен пат за создавање на независна македонска држава. – Нека ни е честит 23 Октомври, Денот на македонската револуционерна борба. Благодарение на визијата на тогашните напредни интелектуалци за слобода и за правда, се осмисли почетокот за револуционерна борба и се обединија прогресивните сили во стремежот за остварување на националните и социјални идеали. Во македонската револуционерна организација, посочува Пендаровски, имаше различни пристапи, концепти, идеолошки сфаќања, но…