Од понеделник се отвара новата автобуска линија со број 29,
која ќе сообраќа од Жданец, преку Трнодол, до Карпош 3 („Сити мол“) и
обратно со почетна/крајна станица во Жданец, на улица „Жданец“, а во
Карпош 3 на улица „МАНАПО“, на почетно/крајната станица на линија 7 и 59
кај „Сити мол“.

– Чест ми е да Ве известам дека жителите на Општина Карпош, односно
Жданец и Трнодол добиваат нова автобуска линија која почнувајќи од
понеделник, 25 октомври ќе профункционира на барање на жителите на
Жданец и Трнодол, за да им се олесни пристапот до централниот дел на
општината и градот, а истовремено и како предлог решение за организиран
јавен превоз од/до посочените населени места, имајќи го во предвид
проектот за новата мрежа на линии од јавниот транспорт во градот Скопје, изјави Душко Весковски, кандидат за градоначалник на Општина Карпош.