Author: НОВА ТВ

Владата на Аргентина поради релативно високата инфлација ги замрзна цените на повеќе од 1.400 артикли, главно храна и производи за хигиена. На компаниите не им е дозволено да ги зголемат цените во следните 90 дена, изјави аргентинскиот државен секретар за трговија Роберто Фелети. Претходно, левичарската Влада на претседателот Алберто Фернандез ги прекина преговорите со здружението на прехранбената индустрија без да постигне договор. Стапката на инфлација во Аргентина е над 50 проценти, што е една од највисоките во светот. Аргентина некогаш богатата земја, е во тешка економска и финансиска криза, поради пренатрупан државен апарат, ниска продуктивност во индустријата и голема сива…

Read More

На аеродромот во англискиот град Манчестер во тек е евакуација, откако бил пријавен сомнителен пакет, изјави портпарол на аеродромот. – По добиена дојава за сомнителен пакет, беше извршена контролирана евакуација на вториот терминал согласно стандардната процедура. Ние сме во близок контакт со полицијата во Манчестер, која е одговорна за реакција при вакви инциденти, истакна портпаролот. Истовремено, аеродромот не соопштува за можни одложувања или откажувања на летовите од вториот терминал. Според веб страницата на аеродромот, се уште нема измени во распоредот на летови.

Read More

Две лица загинаа, 56 се повредени, а 450 уапсени во судирите во Чиле за време на масовните улични протести по повод втората годишнина од социјалните немири во земјата. Протестите низ целата земја беа по повод собирите во октомври 2019 година, кои предизвика политички промени во земјата и доведоа до почеток на процесот за препишување на Уставот создаден за време на диктатурата на Пиноче. Најголеми немири се регистрирани во главниот град Сантјаго, каде што вандали нападнаа полициска станица и ограбуваа продавници и станбени згради, се наведува во полицискиот извештај. Властите приведоа 450 луѓе низ целата земја, 279 во Сантјаго, а 11…

Read More

Бројот на мигранти кои се обидуваат илегално да влезат во ЕУ преку Западен Балкан се зголемува и оваа година надмина 82.000, соопшти денеска унгарското Министерство за надворешни работи, цитирајќи го министерот Петер Сијарто на конференцијата за миграции во Виена. Според соопштението на Министерството, секојдневно се евидентираат обиди за илегално преминување на границата во Унгарија, а владата од 2015 година потроши 1,2 милијарди евра за заштита на границите, пишува МТИ. Сијарто истакна дека пред шест години ЕУ остро ја критикуваше Унгарија за подигнувањето ограда на јужната граница на земјата, а некои критичари ја нарекоа Унгарија „најтемниот диктаторски режим на 20. век“.…

Read More

Највисоки претставници на Босна и Херцеговина денеска изјавија дека е сериозна политичката криза во земјата, но оти нема да доведе до драматични последици како што е поделбата на земјата, додека опозициските партии во Република Српска повторно испратија порака дека нема да го следат Милорад Додик. – Нема да има поделба на БиХ и не можам да предвидам што ќе прават политичарите, истакна претседателот на Партијата за демократска акција (СДА), Бакир Изетбеговиќ коментирајќи ги најавите дека Парламентот на РС ќе донесе закони со кои државните вооружени сили ќе бидат прогласени за нелегални до почетокот на ноември, а полициските агенции и судските…

Read More

По еден од најтешките немири во последната деценија, полицијата на Бангладеш денеска соопшти дека се уапсени 450 лица по нападот врз хиндуисти. Најмалку шест лица загинаа додека полицијата се обидувала да ја спречи разгневената толпа, објавија локалните медиуми. Насилството почнало минатиот петок кога стотици муслимани протестираа во југоисточната област Ноахали, обвинувајќи ги хиндуистите за богохулење на Куранот. Неколку хиндуистички верски објекти беа мета на вандализам, а извршен е и напад врз приватни куќи. Властите поднесоа 71 кривична пријава за насилство за време на хиндуистичкиот фестивал Дурга Пуџа, потврди портпарол на полицијата во Бангладеш, додавајќи дека 450 осомничени лица се под…

Read More

Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин денеска ја повика Москва да престане да ја продолжува војната во источна Украина, пренесоа француските меидуми. -Повторно ја повикуваме Русија да ја прекине окупацијата на Крим и да престане да ја одржува војната во источна Украина, да ги прекине своите дестабилизирачки акции во Црното Море и на границите на Украина, рече Остин на средбата со својот украински колага, министерот за одбрана Андриј Таран. „Русија ја почна оваа војна и тоа е пречка за нејзино мирно решавање“, додаде тој. Остин денеска е во Киев на разговари за напредокот во одбранбената соработка меѓу двете земји, врз…

Read More

Шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел изјави дека потенцијалните кандидати за членство во ЕУ треба да работат на реформи во клучните области за побрза интеграција. По повод усвојувањето на Пакетот за проширување за 2021 година, кој ги вклучува годишните извештаи на Европската комисија за напредокот на земјите кандидати и потенцијалните кандидати за членство во Унијата, Борел истакна дека е неопходно да се одржи „кредибилен процес на проширување“. – Тоа е двонасочна улица: новата методологија е пристап базиран на заслуги. Таа става поголем фокус на реформите во основните области, како што се владеењето на правото, основните слободи, економијата и функционирањето на…

Read More

Русија, Кина и Пакистан се подготвени да дадат помош за Авганистан, соопшти денеска руското Министерство за надворешни работи, но Москва се уште не е подготвена да ја признае талибанската влада. Ветувањето за хуманитарна и економска поддршка беше објавено по разговорите меѓу руски, кинески и пакистански претставници, на кои на состанокот во среда ќе им се придружат и претставници на новите авганистански власти. Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека Москва нема да ги признае талибанците додека не ги исполнат ветувањата што ги дадоа кога ја презедоа власта, како што е политичката и етничката инклузивност на новата влада. Критичарите…

Read More

Од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби (КИБФС) реагираа на информациите објавени на една телевизија дека во модуларната болница во склоп на Клиниката е избегната хаварија, со електричната енергија поради прокиснување на покривот. Како што истакнаа оттаму, во модуларната болница немало никаква хаварија, бидејќи ниту се случила поплава во болницата, ниту вода била во допир со струјата. На едно место, како што додадоа, се појавило мало количество на водени капки, но во ниту еден миг не биле во допир со електричната енергија. – Модуларната болница која е помошно инфективно одделение на КИБФС од пуштањето во употреба трипати беше отворана…

Read More

Министерот за финансии Фатмир Бесими во врска со објавениот Извештај на Европската комисија за напредокот на Северна Македонија, истакна дека Министерството продолжува со напорите за подобрување на транспарентноста во управувањето со јавните финансии. Во делот на економската политика, Бесими на својот фејсбук-профил напиша дека Предлог-законот за органски буџет е во собраниска процедура и предвидува воспоставување фискални правила, независно тело за фискален надзор и среднорочна буџетска рамка. Во однос на зголемување на транспарентноста и отчетноста на буџетските трансакции, Министерството за финансии на својата веб-страна воведе Фискален бројач и Фискален календар. – За консолидација на јавниот долг на среден рок Планот за…

Read More

Три деца загинаа, а едно е повредено во вчерашниот воздушен напад врз главниот град на етиопската област Тиграј, соопштија Обединетите нации. -Здравствените работници наведуваат дека децата се убиени во нападот врз предградието на Мекеле, изјави Јенс Лерке, портпарол на Канцеларијата на Обединетите нации за координација на хуманитарни прашања (ОЦА), на прес -конференција во Женева, пренесуваат британските медиуми. Лерке додаде дека во втор воздушен напад врз градот повредени биле девет лица, а повеќе куќи и хотел биле оштетени. -Оваа ескалација на конфликтот е многу алармантна, рече тој. Бунтовничките сили на Тиграј ја обвинија етиопската Влада дека вчера извршила воздушни напади врз…

Read More