Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бесими: МФ ги продолжи напорите за подобрување на транспарентноста во управувањето со јавните финансии

0
By НОВА ТВ on October 19, 2021 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, October 19, 2021 19:46

Министерот за финансии Фатмир Бесими во врска со објавениот Извештај на Европската комисија за напредокот на Северна Македонија, истакна дека Министерството продолжува со напорите за подобрување на транспарентноста во управувањето со јавните финансии.

Во делот на економската политика, Бесими на својот фејсбук-профил напиша дека Предлог-законот за органски буџет е во собраниска процедура и предвидува воспоставување фискални правила, независно тело за фискален надзор и среднорочна буџетска рамка. Во однос на зголемување на транспарентноста и отчетноста на буџетските трансакции, Министерството за финансии на својата веб-страна воведе Фискален бројач и Фискален календар.

– За консолидација на јавниот долг на среден рок Планот за забрзан економски раст 2021-2025 е во процес на консултации во Владата. Планот ќе бара иновативни начини за мобилизирање приватни инвестиции. Воведен е Механизам за ефикасност на капиталните расходи – КАПЕФ за зголемување на извршувањето на буџетот, пишува министерот.

Тој додаде оти првичниот ефект од одговорот на фискалната политика за ублажување на социо-економските последици од пандемијата на коронавирусот е задоволителен, а како соодветни се покажале и мерките за плати и креирање нови работни места.

За да се одберат најсоодветните мерки за структурни реформи, министерот Бесими пишува дека започнале да се развиваат капацитети за проценка на економските, социјалните и еколошките влијанија на економските политики.

– Програмата за економски реформи 2021-2023 година беше поднесена навреме. Земјата беше најдобра во спроведување на насоките за политики усвоени во Заедничкиот дијалог меѓу ЕУ, Западен Балкан и Турција во мај 2020 година, додава тој.

Според Бесими, Министерството за финансии продолжило со напорите за подобрување на транспарентноста во управувањето со јавните финансии. Тој вели дека е подобрен порталот Отворени финансии, со кој се обезбедуваат информации за трансакциите направени од Општините.

Министерот Бесими информираше дека е започната нова алатка што ја следи транспарентноста на јавниот долг, а системот за јавни финансии бил промовиран како еден од приоритетите на Владата.

-Фокус беше ставен на замена на традиционалното буџетирање со буџетирање со перформанси и воведување повеќегодишна буџетска рамка. СМАРТ индикаторите за ефикасност беа дефинирани за да се постигне спроведување на зацртаните цели и имплементација на резултатите, вели министерот за финансии.

Тој додаде дека од октомври 2020 година, Министерството за финансии започнал со објавување податоци за приходите и расходите јавните и државните претпријатија на квартална основа и податоци за извршувањето на буџетот на локалната самоуправа.

Бесими јавни пари Финансии
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.