Author: НОВА ТВ

Нови 472 случаи на корона вирусот се регистрирани во последните 24 часа, од направени 3.431 тестирања. Пријавени се 14 починати лица – осум во последното деноноќие и шест преку системот „Мој термин“ од 18 септември до 12 октомври 2021. Во ковид – статистиката 498 пациенти се евидентирани како оздравени, информираат од Министерството за здравство. Од осумте починати во изминатите 24 часа: пет починати лица се од Скопје (86г, 77г, 77г, 68г, и 43г), две се од Кочани (85г и 68г) и едно починато лице од Виница (47г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови. Дополнително, согласно Регистарот на починати…

Read More

Во првиот круг од седмите по ред локални избори, во 34 општини избрани се градоначалници. ВМРО – ДПМНЕ освои 22 градоначалнички фотелји, СДСМ девет, а ДУИ три. Дел од новите градоначалници се дел од актуелниот пратенички состав, кој ќе треба да го напуштат. Станува збор за пратениците Костадин Костадинов, Тимчо Муцунски, Дарко Костовски и Иван Јорданов. Градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ: Аеродром, Тимчо Муцунски Босилово, Ристо Манчев Бутел, Дарко Костовски Велес, Марко Колев Виница, Миле Петков Гази Баба, Бобан Стефковски Градско, Киро Нацков Ѓорче Петров, Александар Стојкоски Зрновци, Борчо Коцев Илинден, Александар Георгиевски Јегуновце, Димитар Костадиноски Кавадарци, Митко Јанчев Карбинци, Виктор Паунов…

Read More

Португалските власти запленија 5,2 тони кокаин на јахта која пловела под шпанско знаме во близина на брегот на Португалија, во заедничка акција во која се уапсени двајца Шпанци и еден Перуанец, соопштија денеска локалните надлежни органи. Запленувањето на 183 пакувања кокаин изложени во воената база на Португалската морнарица во предградието на Лисабон претставува најголема заплена на дрога во Португалија во изминатите 15 години, изјави директорот на португалската судска полиција, Луис Невес. – Ова е тежок удар за оние кои сакаат да ја преплават Европа со кокаин, истакна Невес на прес-конференција во врска со операцијата наречена „Бела плима“, која е спроведена…

Read More

Во првиот круг од седмите по ред локални избори, од досегашните обработени податоци во Државната изборна комисија, избрани се градоначалници на 34 општини. Од нив, во 22 општини новите градоначалници се од ВМРО – ДПМНЕ, во девет општини се од СДСМ, а во три општини најмногу гласови освоиле кандидатите на ДУИ, информираше претседателот на ДИК, Александар Даштевски. Во вториот круг во најголем дел од општините ќе се избира меѓу кандидатите на СДСМ и ВМРО – ДПМНЕ, додека во седум општини во вториот круг се кандидатите на Алијанса за Албанците и ДУИ. Во две општини во вториот круг се кандидатите на…

Read More

Претседателот на САД, Џо Бајден, објави прокламација по повод смртта на поранешниот американски државен секретар Колин Пауел, кој почина денеска на 84-годишна возраст. Во знак на почит кон Пауел, Бајден нареди спуштање на знамињата на половина копје во државните установи низ целата земја, како и во дипломатските и воените мисии во странство. – Генералот Пауел беше патриот и човек со недостижна чест и достоинство. Син на имигранти, роден во Њујорк, пораснат во Харлем и јужен Бронкс, дипломец на Њујорк сити колеџ тој дослужи до највисоките чинови на вооружените сили на САД и беше советник при четири претседатели. Тој веруваше во…

Read More

Првиот човек на Државната изборна комисија, Александар Даштевски изјави дека две општини ќе ја повторат целата изборна постапка. – Во две општини, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, поради неисполнување на законскиот услов на 1/3 од запишаните гласачи да излезат на гласање, ќе се повтори целата изборна постапка член 132 став 2 од Изборниот Законик, рече Даштевски. Тој информираше дека ДИК во изминатите 24 часа работеше непрекинато на прием, контрола и обработка на оригиналните записници од сите избирачки места низ државата. Гласачките ливчиња прво биле прегледувани во Општинските изборни комисии, па во Државната изборна комисија, па потоа резултатите се објавија…

Read More

Косовската министерка за надворешни работи, Доника Грвала, на заедничка прес-конференција со нејзината албанска колешка Олта Џачка во Тирана, побара сојуз со Албанија и други земји во регионот против Србија, пренесува Топ чанел. По последно време, додала таа, говорот на Србија станал многу поостар не само кон Косово, туку и кон Црна Гора и БиХ и затоа „наспроти него е потребен обединет фронт“. – Мораме да бидеме многу посвесни и многу повнимателни за да го зајакнеме овој кревок мир што го имаме во регионот и сите заедно да влијаеме мирот и стабилноста во нашиот регион да не се доведуваат во опасност.…

Read More

Шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел изјави денеска дека претседателските избори во Никарагва, кои ќе се одржат на 7 ноември, ќе бидат лажни и организирани од диктаторски режим. – Ќе продолжиме да инсистираме на демократија, човекови права и владеење на правото, истакна Борел на прес-конференција во Луксембург по состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ. Тој нагласи дека ЕУ инсистира на ослободување на политичките затвореници и одржување слободни и фер избори. – Оние кои ќе се одржат се лажни избори, организирани од страна на диктаторскиот режим, додаде високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност.

Read More

Чешкиот претседател Милош Земан во моментов не е во состојба да ги извршува своите должности, изјави денеска претседателот на Горниот дом на чешкиот Парламент, Милош Вистричил, откако го доби извештајот од болницата во која Земан се наоѓа на интензивна нега повеќе од една недела, а во време кога треба да се именува новиот премиер на земјата. Претседателот на Сенатот денеска кажа дека најверојатно Земан нема да се врати на работа во наредните недели. Затоа, парламентот треба да расправа за активирање на уставната клаузула што ги префрла претседателските должности врз други функционери, вклучувајќи го и назначувањето нов премиер по парламентарните избори…

Read More

Еден полицаец загина, а 15 лица се повредени во експлозија на бомба во близина на полициски автобус паркиран пред Универзитетот Балучистан во југозападен Пакистан. Министерот за внатрешни работи на провинцијата Балучистан, Мир Зиаула Лонгове рече дека повредените се пренесени во државната болница. Засега никој не презеде одговорност за нападот. Балучистан е место на долгогодишен бунт на Балучите, кои со децении ги напаѓаа безбедносните сили за да ги исполнат барањата за независност.

Read More

Американската потпретседателка, Камала Харис, денеска патува за Лас Вегас, Невада, за промоција на стратегијата на администрацијата на Џо Бајден за запирање на климатските промени.   Харис ќе се обрати кај вештачкото езеро Мид, најголемата акумулација на вода во САД. Се очекува да слушне од локалните, сојузните и федералните власти поплаки за намалување на нивото на езерото поради сушата. Вештачкото езеро обезбедува вода за пиење за повеќе од 40 милиони луѓе од овој регион.  На средбите таа ќе го повтори својот повик за усвојување на инфраструктурниот план на администрацијата, што беше договорен од двопартиска група законодавци и Бајден. Планот предвидува 550 милијарди долари за обнова на инфраструктурата на САД и нови работни места.   Само за инфраструктурата во водоснабдувањето наменети се 55 милијарди долари и…

Read More

И официјално заврши изборната камапања. Од 16 октомври почнува изборниот молк. Политичките партии и кандидатите замолчуваат, исто и медиумите кои не треба да ги пренесуваат нивните ставоти. Правилата за изборен молк траат до 19.00 часот на 17-ти октомври, односно до затворање на гласачките кутии. За време на молкот, медиумите продолжуваат да известуваат за изборниот процес, но престануваат да ги претставуваат учесниците во изборната кампања. Според Изборниот законик, за прекршување на изборниот молк се смета емитување на било какви информации, фотографии, аудио и аудиовизуелни материјали поврзани со, или во кои учествуваат учесници во изборите, какви било облици на медиумско известување кои…

Read More