Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: НОВА ТВ
Во тек е голема полициска акција во близина на граничниот премин Богородица. Неофицијално, станува збор за заплената марихуана вредна околу 200.000 евра. Според информациите, уапсени се пет лица. Од нив, тројца се албански државјани, а двајца се македонски државјани. Од полицијата најавуваат детали за утре.
Американската амбасадорка во земјава, Кејт Мери Брнз направи ајвар. – Во Северна Македонија ако е есен, време е за #ајвар! Го сакаме и правиме ајвар секоја година, со рецепт од готвачот на резиденцијата. Оваа година видео тимот на Амбасадата го сними тој момент, напиша амбасадорката на „Твитер“. Брнз објави и видео, на кое се гледа како таа го подготвува македонското традиционално јадење. In 🇲🇰 if it’s fall, it’s time for #ajvar! We love it & have made ajvar every year we’ve been here with a recipe from the residence chef. This year the Embassy’s video team captured the sights &…
Македонскиот кошаркарски првак МЗТ Скопје Аеродром со победа ја отвори новата сезона во регионалната АБА 2 лига, откако триумфираше вечерва во воведното коло на турнирот во Златибор над Младост Земун со 97:90 (50:45) Дамјан Робев со 28 поени и Немања Милошевиќ со 20 кошеви беа најефикасни во редовите на МЗТ Скопје, кој во второто коло за противник ќе ја има екипата на Рогашка од Словенија, в четврток со почеток во 21 часот. Вториот македонски претставник во АБА 2 лигата, дебитантот во регионалното натпреварување Пелистер, во првото коло на турнирот во Златибор се среќава со црногорскиот тим Сутјеска утре со почеток од 15 часот.
Најголема директна гринфилд инвестиција во македонската економија, моќна електрана со 69 нови ветерни турбини која ќе произведува 1.335,95 гигават часови чиста електрична енергија годишно. Вака денеска Владата и германската компанија WPD го најавија новиот проект „Вирови“ вреден околу 500 милиони евра што ќе се реализира на потегот Куманово – Старо Нагоричане – Крива Паланка. „Вирови“ нема да користи никакви повластени тарифи од државата, а со максимална примена и почитување на највисоките еколошки стандарди, ќе снабдува 290.000 домаќинства, ќе ја подобри инфраструктурата и ќе ангажира локални работници и добавувачи. Ветерниот парк се очекува да биде завршен за шест години. Во првите…
Скопскиот Апелационен суд ја одби жалбата на бизнисменот Јордан Камчев, кој бараше да му се укине мерката притвор. За ова, тој, нудеше и гаранција на имот вредна милиони евра, а и покрај ова, Камчев останува во скопскиот истражен затвор „Скопје“. Камчев мерката притвор ја доби во случајот „Плацеви на Водно“. Во овој предмет, покрај тој, обвинети се и поранешниот премиерот Никола Груевски, неговиот кум Ристо Новачевски, екс директорот на УБК, Сашо Мијалков, мајката на Камчев, Ратка Камчева и Ненад Јосифовиќ. Според обвинението, Груевски како лидер на ВМРО-ДПМНЕ, дел од партиските донации, лично или преку општинските комитети, ги задржувал за себе,…
Земјите во развој ќе добијат нови даночни права што ќе им овозможат да остварат повеќе даночни приходи од најголемите и најпрофитабилните компании, вклучувајќи ги и високо дигитализираните компании. Ова го овозможува договорот за корпоративна даночна реформа, кој Република Северна Македонија го постигнаа изминатата недела заедно со 136 други земји. Како што информираат од Министерството за финансии, оваа голема реформа на меѓународниот даночен систем се состои од два столба и се однесува на оданочување на дигиталните активности на мултинационални корпорации, како и применување на минимална глобална корпоративна даночна стапка за големите мултинационални компании. Со Првиот столб од договорот се очекува реалоцирање…
Во СВР Велес синоќа околу 18:00 часот било пријавено дека во стан на ул.„Гемиџиска“ во Велес била пронајдена почината 74-годишната Г.З.. Екипа на Итна медицинска помош констатирала смрт без траги на насилство, информира Верољуб Додевски портпарол на СВР Велес. Додевски додава дека по наредба на Јавен обвинител телото на починатата било предадено за обдукција.
Моментално има 6.658 активни случаи на Ковид – 19. Досега во земјава се регистрирани 195.132 заразени пациенти. Од нив, 181.619 оздравеа, додека 6.855 ја изгубија битката со вирусот. Министерството за здравство информира дека согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа, од нправени 1.843 тестирања, а регистрирани се 130 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 88, Кавдарци – 10, Велес – 7, Прилеп – 6, Охрид и Крива Паланка – по 4, Куманово и Битола – по 3, Гостивар и Кичево – по 2, Демир Хисар – 1. Регистрирани сe 423 оздравени пациенти од: Скопје –…
СДСМ и Коалицијата вечерва со изборни активности на карванот „Најдоброто за мојата општина“ во Чешиново-Облешево, Зрновци, Кочани, како и во Арачиново. Ние нема да инвестираме во спомениците и жалните врби, со одобренија по пропис градиме инфраструктурни проекти, а ќе се подобри квалитетот на животот. Само добро организирани општини носат добар живот. И додека инвестираме во иднината, Христијан Мицкоски и нивните кандидати сакаат да не вратат назад, но ние тргнавме напред и запирање нема, рече премиерот и претседателот на СДСМ Зоран Заев на трибината од Кочани. – Слушнав дека и Мицкоси бил тука, кажал неколку збора и заминал, рекол дека сме…
Коалицијата предводена од ВМРО – ДПМНЕ својата изборна кампања „Создади нова иднина“ ја претстави во скопските општини Бутел, Аеродром и Гази Баба. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ вечерва на митинг во Гази Баба пред граѓаните порача дека локалните избори се борба, за како што рече, против корумпираниот систем. Тој пред граѓаните порача дека тој верува во Македонија и нејзиниот народ, за разлика од СДСМ и Зоран Заев, кои според Мицкоски, веруваат во тендери, моќ и пари. – Ова е борба на идејата во која веруваме и која ја сонуваме, наспроти уривањето на вредностите и кршење на принципите. Тие веруваат во тендери, јас…
Една од најпопуларните социјални мрежи „Инстаграм“ вечерва има проблеми со функцијата. Од компанијата потврдија дека некои корисници имаат проблеми до пристап на апликациите. Дел од корисниците не можеа да пристапат до одредени услуги што ги нудат социјалните мрежи „Инстаграм“ и „Фејсбук“. – Свесни сме дека некои луѓе имаат проблеми со пристапот кон нашите апликации и производи. Работиме на тоа работите што побрзо да се вратат во нормала, наведуваат од „Фејсбук“. Според сајтот „Downdetector“, за помалку од половина час пристигнале над 17.000 пријави за неправилности во работењето. Ова следи на само неколку дена откако околу шест часа платформите на „Фејсбук“ не…
ДУИ изборната кампања ја продолжи во Дебар, каде го претстави кандидатот за градоначалник Хекуран Дука и листата на кандидати за советници во оваа општина предводена од Фуат Спахиу. Лидерот на ДУИ Ахмети пред присутните во Дебар истакна дека е исклучително благодарен за големата поддршка во Дебар. – За овие 20 години, јас сум ви благодарен што дадовте безрезервна поддршка затоа што ја направивте вистинската проценка како што знаат да проценуваат дебарчани. Во преден план го ставивте семејството, напредокот на нацијата, образованието, разбирањето, толеранцијата и токму имајќи ги овие приоритети, бевме ценети и поддржани од огромното мнозинство албанци во овие области.…