Во тек е голема полициска акција во близина на граничниот премин Богородица. Неофицијално, станува збор за заплената марихуана вредна околу 200.000 евра.

Според информациите, уапсени се пет лица. Од нив, тројца се албански државјани, а двајца се македонски државјани. Од полицијата најавуваат детали за утре.