Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев од Кочани: Белата палата е поголема од Инфективната клиника, за каде со државни пари купуваа теписи

0
By НОВА ТВ on October 8, 2021 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, October 8, 2021 23:15

СДСМ и Коалицијата вечерва со изборни активности на карванот „Најдоброто за мојата општина“ во Чешиново-Облешево, Зрновци, Кочани, како и во Арачиново.

Ние нема да инвестираме во спомениците и жалните врби, со одобренија по пропис градиме инфраструктурни проекти, а ќе се подобри квалитетот на животот. Само добро организирани општини носат добар живот. И додека инвестираме во иднината, Христијан Мицкоски и нивните кандидати сакаат да не вратат назад, но ние тргнавме напред и запирање нема, рече премиерот и претседателот на СДСМ Зоран Заев на трибината од Кочани.

– Слушнав дека и Мицкоси бил тука, кажал неколку збора и заминал, рекол дека сме газеле по црвени килими и сме седеле на фотелјите, ама на нив седел Груевски, а на истите седел и неговиот советник Мицкоски, а тие не се поразлични од оние во Белата палата која е поголема од Инфективната клиника, со милионски суми државни пари набавувале и за владата, па и за во платата. Истите тие кои блокираат закони, плати, отписи на камати за долговите, клинички центар, се што е во интерес на граѓаните Мицко кочи, рече Заев.

Кандидатот за градоначалник на Кочани Николчо Илијев пред своите сограѓани најави нова коловозна лента на улицата „Стево Теодосиевски“, катна гаража, нови простори за паркирање, сообраќаен мост на Кочанска Река, пешачки и велосипедски патеки. Тој вети проекти се пред или се во фаза на реализација. Илијев кажа дека еднакво се вложува во градот како и во другите населени места.

– Се работи на патни и комунални зафати, обезбедена е поддршка на земјоделството и на малите бизниси, редовно се испорачуваат социјалните услуги, се вложува во културата, спортот, здравјето, рекреацијата. Секој граѓанин ни е важен! Мојата желба и визија е Кочани да биде најдоброто место за живеење, јас не умеам да работам поинаку. Ви ветувам само едно: ќе работам повеќе отколку што очекувате, порача Илијев.

Потпретседателот на СДСМ Оливер Спасовски од Арачиново кажа дека се реализирани повеќе од 7.000 проекти. Тој најави дека следуваат нови проекти како водоводна мрежа и прочистителна станица, а дивата депонија ќе стане парк.

– Од централниот буџет ги раздолживме општините и 500 милиони евра за развој на локално ниво, а дел од средствата заврши и токму овде во Арачиново, најдобрите проекти носат развој, токму тоа го гледате тука, во времето на режимот најмалку се вложуваше, а СДСМ вложува во реални и видливи проекти, недозволиво е населено место на 10 км од Центарот да нема канализација, затоа изградивме 10 км канализација, за некој ден ќе почне да се гради и првата детска градинка, го реновиравме и старото училиште, нова општинска зграда, рече Спасовски.

Кандидатктата за градоначалник на Арачиново Миликије Халими најави дека во наредниот мандат секоја куќа ќе се поврзе на канализација и ќе бидат изградени прочистителни станици, а во зоната на дивата депонија ќе никне парк за сите љубители на природата.

– Арачиново продолжува напред! Мојанци, Грушино, Орланци и Арачиново го заслужуваат најдоброто, затоа на 17 октомври гласајте за „Најдоброто“, заокружете го бројот 12 за уште една голема победа на СДСМ и Коалицијата во Арачиново, повика кандидатката за градоначалничка на Општина Арачиново Милкије Халими.

А, во Скопје, кандидатите за градоначалници од СДСМ и Коалицијата на Град Скопје, Петре Шилегов и на Шуто Оризари, Ферат Асан вечерва одржаа маалски средби со граѓаните на оваа општина. Тие беа придружувани од носителите на кандидатските советнички листи за Скопје, Софија Пејкова и за Шуто Оризари, Нежиме Саитова. Шилегов најави дека Скопје ќе добие нов забавен парк, а таков, вели, нема во регионот.

– Денес го презентиравме новиот Забавен парк во Скопје кој ќе биде завршен за година ипол од сега. Во радиус од 300 километри нема да има таков. Забавниот парк ќе се наоѓа на истото место како стариот Луна Парк. Предвидени се 27 реквизити, односно содржини, за три различни возрасти. Креираме нови работни места, ја помагаме локалната економија. Проектот е целосно самоодржлив, за реализација на овој проект се бара изведувач кој ќе го финансира и нема да има буџетски импликации на град Скопје. Се очекува паркот да се исплати сам за три години, а потоа градот ќе заработува и ќе вложува во нови проекти, најави Шилегов.

избори кампања СДСМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Турција: Пукање во школо, има ранети

April 14, 2026

Албанија ита кон ЕУ – на масата на обврските ѝ се 700 реформи

April 10, 2026

Штрајк во Луфтханза – откажани летови и хаос за илјадници патници

April 10, 2026

На косовската претедателка Османи ѝ заврши мандатот

April 4, 2026

Израел воведе смртна казна што ги таргетира Палестинците, но не и Израелците

March 31, 2026
ФОКУС
April 16, 2026

Работниците во македонската култура: Многу лоша улога Министре

ВЕСТИ April 16, 2026

Под мотото дека молчењето е злочин кон сопственото достоинство, Синдикатот на културата на Република Македонија…

Трамп објави десетдневно примирје меѓу Израел и Либан

April 16, 2026

Полска бара Унгарија итно да ѝ ги испорача пребеганите функционери обвинети за криминал

April 16, 2026

Во сенката на иранската криза Русија континуирано ја напаѓа Украина

April 16, 2026
ТИКЕР

Турција: Пукање во школо, има ранети

April 14, 2026

Албанија ита кон ЕУ – на масата на обврските ѝ се 700 реформи

April 10, 2026

Штрајк во Луфтханза – откажани летови и хаос за илјадници патници

April 10, 2026

На косовската претедателка Османи ѝ заврши мандатот

April 4, 2026

Израел воведе смртна казна што ги таргетира Палестинците, но не и Израелците

March 31, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.