Author: НОВА ТВ

НАТО ги повлече  акредитациите на осуммина членови на мисијата на Русија во Алијансата во Брисел, кои биле „непријавени руски разузнавачи“, изјави денеска претставник на НАТО, јави ДПА. -Исто така, можеме да потврдиме дека на 10 го намаливме бројот на членови што Руската Федерација може да ги акредитира во НАТО, рече тој. – Политиката на НАТО кон Русија останува конзистентна. Ги засиливме одвраќањето и одбраната како одговор на агресивните потези на Русија, но во исто време остануваме отворени за разумен дијалог, додаде официјалниот претставник на Алијансата. Руските медиуми го цитираат високиот руски функционер Лоенид Слуцки кој изјави дека Москва ќе возврати…

Read More

Неколку лица се повредени за време на пукање денеска наутро во гимназијата „Тимбервју“, во градот Арлингтон, во американската сојузна држава Тексас, соопшти полицијата, пренесоа американските медиуми. Училишниот округ „Менсфилд ИСД“ во писмо до родителите потврди дека полицијата истражува активен напад во средното училиште. Во писмото се додава дека учениците и вработените се затворени во своите училници и канцеларии и дека во него не е дозволен влез за посетители, јави „NBC DFW“. Телевизијата „ФОКС 4“ наведува дека извор близок до полицијата изјавил дека во нападот се застрелани три лица, но дека никој не е убиен. Се претпоставува дека вооруженото лице се…

Read More

Почетокот на новата академска 2021/2022 година, наместо, како што беше најавено, на 11 октомври одложен е за 18 октомври, поради малиот процент вакцинирани студенти, што е услов за влез во универзитетите, јави дописничката на МИА од Тирана. – Следната недела ќе биде „Недела за масовна вакцинација на студентите“. Затоа, новата академска година официјално ќе започне на 18 октомври, со цел да се фокусираме само на процесот на вакцинирање на студентите, од 11-17 октомври, изјави Евис Куши, министерка за образование и спорт. Таа им се заблагодари на сите што се приклучиле на процесот на вакцинација и помагале, како што рече, „да…

Read More

За многумина во изминатите години, главниот збор во енергетскиот сектор е „изобилство“. Индустријата која долго време се обидуваше да го рационализира производството на фосилни горива за да ги одржува високите цени, одеднаш е затрупана со прекумерна понуда, бидејќи америриканскиот бум од шкрилци ја намали цената на нафтата низ светот и изворите на чиста енергија, како што се ветерниците и сонцето, кои се натпреваруваа со други горива кои се користат за производство на енергија, како што јагленот и природниот гас, пишува Економист. Прекинот на струја во делови од Кина делумно произлегува од обидите на земјата за намалување на емисиите. Намалувањето на…

Read More

Во земјава моментално има 10.819 активни случаи на Ковид – 19. Од почетокот на пандемијата досега регистрирани се 193.458 позитивни пациенти. Од нив, 175.881 оздравеа, а 6.758 ја изгубија битката со вирусот. Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа од направени 3.149 тестирања, регистрирани се 406 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 184, Куманово – 31, Штип – 23, Велес – 19, Битола – 17, Кавадарци – 13, Свети Николе и Крива Паланка – по 12, Прилеп и Гевгелија – по 11, Кочани – 10, Струмица – 9, Кратово – 7,…

Read More

Песолна бура, кое траеше 20 минути, предизвика значителна штета на домовите во градот Катандува во Сао Паоло, Бразил. Според Би -Би -Си, песочните бури ги зафатија и другите градови во земјата, а небото низ целата земја доби различни нијанси на портокалова и кафеава боја. Ваквите промени настанаа поради силните ветрови по продолжената суша што претходно го погоди Бразил. Експертите велат дека сушите се резултат на климатските промени, а вишокот топлина во атмосферата повлекува повеќе влага од земјата и ги влошува сушите.

Read More

Денешните пораки од Самитот во Словенија се охрабрувачки. Економскиот инвестициски план и агендата за нови иновации треба максимално да се искористат за да закрепне економијата и да се спречи натамошната драматична депопулација на земјата, оценува во својата реакција на Фејсбук, албанскиот претседател Илир Мета. – Европската перспектива на регионот се остварува преку кредибилни реформи, кои се засноваат на европските принципи и вредности на демократијата, перспективата на основните права и владеењето на правото. Благодарност за политичката поддршка и сеопфатната помош што Европската унија продолжува да ја дава на Албанија и целиот наш регион, како прв и природен економски партнер, останувајќи целосно…

Read More

Хрватска е препознаена како застапник и поборник за проширување на ЕУ и ние сме заинтересирани да имаме стабилни и функционални соседи, рече премиерот Андреј Пленковиќ по самитот ЕУ-Западен Балкан во Словенија. По самитот, Пленковиќ им повтори на новинарите дека Хрватска се смета за „застапник, адвокат за проширување на ЕУ“ и дека е во интерес на најмладата земја – членка на ЕУ соседните земји „да бидат стабилни, функционални, економски да се развиваат и да имаат подобра социјална атмосфера “. Во усвоената декларација се наведува дека „ЕУ ја реафирмира својата недвосмислена поддршка за европската перспектива на Западен Балкан“, а исто така се…

Read More

Еден човек од Тексас беше осуден на повеќе од една година затвор за ширење лажни информации поврзани со Ковид-19 на социјалните мрежи. – Кристофер Чарлс Перез (40) објави две заканувачки пораки на Фејсбук во април 2020 година, лажно тврдејќи дека платил некој заразен со Ковид-19 да лиже предмети во продавници, соопшти Канцеларијата на американскиот јавен обвинител. Перез беше прогласен за виновен за две точки од обвинението за кршење на федералниот закон кој ги криминализира лажните информации и измамата со биолошко оружје, изјавија обвинителите, пренесува Си -Ен -Ен. Тој ги објавил овие лажни тврдења на социјалните медиуми со цел да ги…

Read More

По осум долги години, за првпат од април 2013 година, Марин Ле Пен во анкетите не е посочена дека ќе се најде во вториот круг од претседателските избори. Недостатокот на поддршка по неуспехот на нејзината партија да освои регион на последните регинални избори, во комбинација со блескавата динамика што ја носи есеистот и полемичар Ерик Земур, доведе до вкрстување на нивните криви во анкетата на Харис Интерактив за неделникот „Шаланж“, јави дописникот на МИА. Зад шефот на француската држава, Емануел Макрон, секогаш удобно во водство во првиот круг (со 24 до 27 од гласовите), контраверзниот есеист, близок до крајната десница…

Read More

Шефот на алжирската дипломатија Рамтане Ламамра и порача на Франција да ја „деколонизира“ својата историја по последниот вербален напад меѓу Париз и нејзината поранешна африканска колонија, пренесоа француските медиуми. За време на патувањето во Мали, чија владејачка хунта беше остро критикувана од Франција, Ламамра кажа дека францускиот претседател Емануел Макрон страда од „заборавање на историјата“, објави малиската телевизија доцна синоќа. – Нашите странски партнери треба да ја деколонизираат сопствената историја, рече Ламамра и додаде дека тие „треба да се ослободат од одредени ставови, одредени однесувања, одредени погледи кои се неразделно поврзани со неконзистентната логика, која е водена од претенциозната  мисија…

Read More

Словенечкиот премиер Јанез Јанша изјави денеска дека самитот ЕУ-Западен Балкан е многу важен настан на кој се кристализира ситуацијата во регионот, но исто така посочи дека пред проширувањето некои отворени прашања како што се односите меѓу Белград и Приштина, како и Северна Македонија и Бугарија, мора да се решат. Тој на прес-конференција со претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен и претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел истакна дека ова е настан кој може да се спореди со Солунскиот самит во 2003 година. – Тоа беше време кога трагичните последици од минатиот век се чувствуваа во воздухот. Тогаш се сметаше…

Read More