Author: НОВА ТВ

Чешката владина коалиција сака да ги замрзне платите на политичарите во следните пет години, потег што доаѓа непосредно пред парламентарните избори што ќе се оддржат во петок и сабота, јави ДПА. За предлогот на популистичката партија АНО (ДА) на премиерот Андреј Бабиш и социјалдемократската ЦССРД денеска гласаа 133 пратеници, а само еден пратеник беше воздржан и ниту еден против. Предлог-законот сега ќе оди во Сенатот, Горниот дом на парламентот. Но, навременото одобрување е неизвесно во ова парламентарно тело. Критичарите сметаат дека потегот на владините партии е популистички обид во последен момент да се придобијат гласачите, додава ДПА. Доколку планот не…

Read More

Владата на денешната 109-та редовна седница го усвои Планот за фискална одржливост и поддршка на економскиот раст: политики, препораки, мерки и индикатори, и ги задолжи буџетските корисници да ги спроведуваат и почитуваат мерките и препораките од Планот, чија цел е фискална консолидација, насочена кон поддршка на макроекономската стабилност и забрзување и раст на националната економија. Планираната фискална консолидација опфаќа три главни аспекти: подобрување на наплатата на буџетските приходи, преку мерки за намалување на сивата економија и мерки за спречување и сузбивање на корупцијата, намалување и реструктурирање на буџетските расходи, преку кратење на неприоритетните и несуштински трошоци, поголема поддршка на приватниот…

Read More

Врз основа на податоците од информацијата за опожарените површини, а со цел да се санираат штетите согласно редовната и вонредната програма за пошумување на ЈП „Национални шуми“, Владата му препорача на Министерството за финансии да ги разгледа можностите за алоцирање средства во висина до 421,2 милиони денари согласно проценката за висината на штетата за целосна реализација на програмата за пошумување, информираа од Влада, по денешната редовна 109-та седница. Владата на денешната 109-та редовна седница ја разгледа и усвои Информацијата за состојбата со шумските пожари на територијата на Република Северна Македонија, со пресек од 2019 до 15 август 2021 година. Дополнително,…

Read More

Бугарија мора да го користи Договорот за добрососедство со Република Северна Македонија како основа за постигнување компромис со нашиот западен сосед, изјави денеска поранешниот бугарски премиер Бојко Борисов на средба со претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лејен во Љубљана. Борисов на „Фејсбук“ објави дека ја уверил Фон дер Лајен оти ако по парламентарните избори на 14 ноември во Бугарија новата влада ја формира неговата партија ГЕРБ, таа ќе ги продолжи политиките за проширување на Европската унија кон Западниот Балкан. – Само со проширувањето на ЕУ кон Западен Балкан ќе има траен мир, одржлив развој и заеднички просперитет во…

Read More

Невреме со пороен дожд и град ја погоди денеска Катанија, на Сицилија, а градските власти објавија на „Фејсбук“ дека ги погодило „торнадо“. Локалните медиуми известија дека неколку луѓе се повредени, но никој не е пренесен в болница. Оштетени се неколку куќи, искорнати се дрвја, а некои патишта се затворени. Четири авиони кои требале да слетаат морале да бидат пренасочени кон други аеродроми. Италија оваа недела беше погодена од бури, па во Лигурија по обилните дождови вчера и денеска, реките се излеаја. Мал мост се урнал, а спасувачите мораа да евакуираат 10 семејства, објавија италијанските медиуми. Врнежите од дожд во Савона…

Read More

Полициски службеници од Оперативен тим потраги денеска во 17 часот во скопското село Марино, го лишија од слобода Т. П. (41) од Штип, кој бил баран по потерница од штипскиот Основен суд за доиздржување затворска казна за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори, соопштуваат од МВР. Тој претходно избегал од затворот во Струмица, а за доиздржување има уште две години, шест месеци и 15 дена. Лицето ќе биде предадено на казнено поправната установа, информираат од МВР.

Read More

Генералниот директор на албанската полиција Арди Велиу, кој на оваа функција беше изминатите четири години, поднесе неотповиклива оставка. Веста доцна попладнево ја објави премиерот Еди Рама, со што стави крај на дилемата, присутна во текот на денов, дека Велиу е разрешен. Преку твит тој го објави документот за оставка во кој Велиу наведува дека нема да бара друг мандат бидејќи „сака повеќе да се посвети на своето семејство и децата, кои овие четири години многу му недостасувале“. Рама во објавата изразува највисока оценка за чесноста, професионалноста и посебната посветеност на Велиу и додава оти е убеден дека има уште многу…

Read More

Словенечката полиција денеска употреби солзавец и водени топови против демонстрантите на антивладиниот протест во Љубљана, во пресрет на самитот на лидерите на ЕУ. Стотици демонстранти денеска излегоа на протестот заради острите владини мерки против коронавирусот, а ова е трет ваков инцидент во главниот град на Словенија во последниот месец, пишуваат американските медиуми. Словенечката полиција постави контролни пунктови и го ограничи сообраќајот и движењето недалеку од Љубљана, каде што ќе се одржи самитот. Според полициските извештаи, приведен е  водачот на протестот, а запрени се околу 30 автобуси што ги носеле демонстрантите од другите градови во Љубљана. Полициски хеликоптер прелетуваше над центарот…

Read More

Социјалните мрежи „Фејсбук“, „Месинџер“, „Инстаграм“ и „ВатсАп“ се вратија во функција откако речиси шест часа беа недостапни. Платформите на „Фејсбук“ сега се достапни за корисниците, но апликацијата „ВатсАп“ не работи целосно. –  До огромната заедница на луѓе и на бизниси низ целиот свет кои зависат од нас: Жал ни е. Работевме напорно за да го вратиме пристапот до нашите апликации и услуги и со задоволство можеме да ве известиме дека сега се враќаат он – лајн. Ви благодариме што бевте трпеливи со нас, напишаа од „Фејсбук“ на социјалната мрежа „Твитер“. Шефот на техничкиот оддел на „Фејсбук“, Мајк Шрефер, претходно на…

Read More

СДСМ денеска во Демир Капија, Неготино и Кавадарци на средба со граѓани. Централниот карван „Најдоброто за мојата општина“ се одржа меѓу граѓаните на Демир Капија и Неготино, а централниот настан на градскиот плоштад во Кавадарци. Лидерот на СДСМ, Зоран Заев од Кавадарци порача дека сериозно се инвестира во патната и комуналната инфраструктура за унапредување на квалитетот на секое населено место. Тој нагласи дека во овој регион е реконструиран регионалниот пат Кавадарци – Росоман и транзитот низ Кавадарци, гасоводот Неготино – Кавадарци – Битола е над 92 отсто завршен, поставени се водоводи и канализации, реконструирани се бројни улици преку пари од…

Read More

ДУИ вечерва ја продолжи предизборната кампања во општина Врапчиште, каде го претстави кандидатот за градоначалник Неби Реџепи и листата на кандидати за советник. Пред присутните граѓани се обратија претседателот на ДУИ, Али Ахмети, Талат Џафери и Артан Груби од ДУИ, како и кандидатот за градоначалник, Неби Реџепи. Ахмети кажа дека за да ја водат земјата треба силен кадар и специјализирани во различни области, а ДУИ тоа ги има. – Сите сме тука заедно за да ја потврдиме силната поддршка што кандидатот Неби Реџепи ќе ја има за да ја води општината во следните четири години. Ова е инвестицијата што ДУИ…

Read More

Со часови не функционираат социјалните мрежи на „Фејсбук“, „Месинџер“, „Инстаграм“ и „ВатсАп“. Сопственикот на овие платформи, „Фејсбук“, преку социјалната мрежа „Твитер“ призна дека корисниците на социјалните мрежи имаат проблем до нивни пристап, но не ги кажа причините за тоа. – Свесни сме дека некои луѓе имаат проблеми со пристапот до нашите апликации и производи. Работиме за да ги вратиме работите во нормала што е можно побрзо и се извинуваме за непријатностите, објави „Фејсбук“ на социјалната мрежа „Твитер“. Светските новински агенции ги анализираат причините на најдолгиот прекин во достапноста на услугите на овие социјални мрежи. Причината ја гледаат во евентуална саботажа…

Read More