Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Платформите на „Фејсбук“ повторно активни

0
By НОВА ТВ on October 5, 2021 НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, October 5, 2021 01:08

Социјалните мрежи „Фејсбук“, „Месинџер“, „Инстаграм“ и „ВатсАп“ се вратија во функција откако речиси шест часа беа недостапни. Платформите на „Фејсбук“ сега се достапни за корисниците, но апликацијата „ВатсАп“ не работи целосно.

–  До огромната заедница на луѓе и на бизниси низ целиот свет кои зависат од нас: Жал ни е. Работевме напорно за да го вратиме пристапот до нашите апликации и услуги и со задоволство можеме да ве известиме дека сега се враќаат он – лајн. Ви благодариме што бевте трпеливи со нас, напишаа од „Фејсбук“ на социјалната мрежа „Твитер“.

Шефот на техничкиот оддел на „Фејсбук“, Мајк Шрефер, претходно на „Твитер“ објави дека компанијата има проблеми со вмрежувањето. Корисниците и натаму имаат потешкотии со прикачување видео материјали на „Фејсбук“.

Акциите на „Фејсбук“ паднаа за повеќе од 5 %, а пазарната вредност е срушена за повеќе од 50 милијарди долари, јавуваат светските медиуми. Богатството на основачот на „Фејсбук“, Марк Цукерберг за неколку часа падна за речиси 7 милијарди долари, а тој, пак, на ранг листата на најбогати луѓе „падна“ на петто место, пренесе Блумберг.

Светските новински агенции, причината за „падот“ на платформите на „Фејсбук“ ја гледаат во евентуална саботажа или пак системска грешка.

Последен пат „Фејсбук“ не беше во функција во 2019 година.

Ватсап (WhatsApp) Инстаграм социјални мрежи Фејсбук
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
ФОКУС
May 3, 2026

Техеран: Иран испрати план од 14 точки до САД – Прекин на војната за 30 дена и нов режим за Ормуз

ВЕСТИ May 3, 2026

Техеран преку Пакистан достави мировен план до Вашингтон со кој бара укинување санкции, повлекување на…

103-ка

May 1, 2026

Скопје: „За плата се бориме, не се молиме“ – протест на Сојузот на синдикатите на Македонија

May 1, 2026

„Не се молиме“ – првомајски протест на ССМ за повисока минимална плата

May 1, 2026
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.