Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Имаме силни и специјализирани кадри во различни области, рече Ахмети од Врапчиште

0
By НОВА ТВ on October 4, 2021 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, October 4, 2021 22:54

ДУИ вечерва ја продолжи предизборната кампања во општина Врапчиште, каде го претстави кандидатот за градоначалник Неби Реџепи и листата на кандидати за советник. Пред присутните граѓани се обратија претседателот на ДУИ, Али Ахмети, Талат Џафери и Артан Груби од ДУИ, како и кандидатот за градоначалник, Неби Реџепи.

Ахмети кажа дека за да ја водат земјата треба силен кадар и специјализирани во различни области, а ДУИ тоа ги има.

– Сите сме тука заедно за да ја потврдиме силната поддршка што кандидатот Неби Реџепи ќе ја има за да ја води општината во следните четири години. Ова е инвестицијата што ДУИ ја има направено бидејќи зад Неби има силни кадри во многу области како што се финансии, економија, животна средина, со меѓународни настапи бидејќи има и такви кои мислат дека секој може да ја води владата, но не е лесно да се води општина и држава, без специјалисти и обучени луѓе. Тука, покрај Полошкото поле како богатство што го имаме, го изгласавме законот за прогласување на Шар како Национален парк, овде е иднината, овде се нафтените бунари и планината Шар немa замена бидејќи ја имаме подарок од Боже, ние мора да ja чуваме, развиеме и да ја направиме посетена од целиот свет. Зелената агенда е исто толку национална колку и националните прашања што ги решивме досега. Зелената агенда е исто толку важна колку и националното знаме и знамето, рече Ахмети.

Талат Џафери вечерва во Врапчиште рече дека духот на победата вечерва да се изрази и на 17 октомври.

– Вашето присуство ги докажува зборовите што сакам да ги кажам вечерва. Од 2005 година наваму, ДУИ имаше чест да бара мандати во општина Врапчиште. Денес пред 17 октомври вие сте тие што ќе одлучите кој ќе ве води. Сакам овој дух што се перцепира вечерва овде и презентирањето на програмата од страна на кандидатот, да биде изразена на 17 октомври, рече Џафери.

Груби им рече на граѓаните на Врапчиште дека ДУИ има зелена програма за секој граѓанин и секое семејство.

– Големо е задоволството да ве видам тука заедно во толку голем број. Нашиот кандидат презентираше многу убава и зелена програма. Имаме понуда за секој граѓанин и програмата на Неби Реџепи сите ние  ја поддржуваме заедно како ДУИ, заедно со аманетот на Али Ахмети. Понуда за развој за секое семејство во општина Врапчиште. Го кажав и во Студеничани, го кажувам и овде, дека не ни прилега да бидеме во опозиција. Соединетете се со ДУИ затоа што овде е иднината, рече Груби.

Кандидатот за градоначалник Неби Реџепи пред присутните рече дека неговата програма не е само ветување туку целосна одговорност што му е дадена.

– Во овој предизборен период, добро ќе направите да ги анализирате сите програми на политичките партии што се натпреваруваат со нас и потоа одлучете кој заслужува да ја води нашата општина во следниот мандат. Вечерва пред вас со одговорноста што ми е дадена ги откривам концептот и програмата за четири години. Имаме обврска да ги создадеме и подобриме основните услови за живот за сите граѓани, рече кандидатот за градоначалник од ДУИ во Врапчиште, Неби Реџепи.

ДУИ избори кампања
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.