Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: НОВА ТВ
Делегација на турската компанија „Текнопанел“, предводена од сопственикот Орхан Кахвеџи одржа работна средба со премиерот Зоран Заев и директорот на ТИРЗ, Јован Деспотовски на која беше презентирана новата инвестиција на компанијата во Северна Македонија. Премиерот Заев искажа задоволство од одлуката на компанијата „Текнопанел“ да инвестира во Северна Македонија, како прва инвестициска дестинација за оваа компанија надвор од матичниот пазар. Дополнително, што европскиот пазар ќе се снабдува со производството од нашата земја. Премиерот Заев подвлече дека двете пријателски земји, Република Северна Македонија и Република Турција во континуитет ги унапредуваат билатералните односи, како и економската соработка, а голем број компании од Турција…
Енергетскиот сектор во Република Северна Македонија е еден од најзначајните сектори за развој на економијата и е приоритет за Владата за обезбедување на сигурно снабдување со енергија, економски раст и придвижување кон зелена економија. Како држава-кандидат за полноправно членство во Европската унија сме исправени пред предизвиците за ефикасното спроведување на сериозни реформи во економскиот сектор од кои особено значење за има енергетиката, а како членка Енергетската заедница ја следиме енегетската политика на ЕУ со што целосно ги имплементиравме директивите и регулативите на ЕУ за енергетика. Ова го истакна министерот за економија Крешник Бектеши на Министерскиот состанок на Партнерство за трансатланска…
Во изминатите три децении, Северна Македонија постигна значителен напредок во борбата против родово базираното насилство. Направени се значителни промени во законските рамки, има значително инвестирано во зајакнувањето на институциите, како и зголемување на јавната свест за родовото базирано насилство, изјави Елизабета Ѓоргиевска, сопругата на претседателот. Ѓорѓиевска, денеска во Њујорк учествуваше на настанот по повод 30-годишнината од глобалната 16-дневна кампања против родово базирано насилство, што се одржува на маргините на 76. Генерално собрание на Обединетите нации. Домаќини на настанот се Центарот за женско глобално лидерство и Фондот за население на Обединетите нации (УНФПА). Како што пренеусваат од кабинетот на претседателот, на…
Американската компанија Новавакс и нејзиниот партнер индискиот Серум институт ја пријавија својата вакцина против Ковид-19 за итно одобрување од Светската здравствена организација. Барањето до СЗО обично е сигнал до националните регулатори дека вакцината е безбедна и ефикасна. Потребно е и одобрување од СЗО за извоз во земјите кои учествуваат во иницијативата за споделување на вакцини – КОВАКС. Новавакс и Институтот Серум, најголемиот светски производител на вакцини, се обврзаа дека ќе испорачаат 1,1 милијарда дози вакцини на КОВАКС програмата, со цел еднаков пристап до вакцини меѓу богатите и сиромашните земји. Протеинската вакцина на Новавакс покажа ефикасност од 90,4 проценти во клиничките…
Во атарот на село Лојане, општина Липково, кај местото викано „Шорта“, изутрината околу 6:30 часот, од полициски службеници од Полициската станица за Граничен надзор Сопот при Регионалниот центар за гранични работи Север, биле откриени 52 илегални мигранти со потекло од африкански и азиски земји. Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, тие биле приведени и однесени во Транзитниот центар Табановце. Четири лица од Пакистан биле лишени од слобода затоа што кај нив биле пронајдени нелегални супстанци и ладно оружје, а биле посочени и дека физички ги напаѓале останатите од групата. Тие се предадени во СВР Куманово. МВР дополнува дека…
Шефот на дипломатијата на Европската унија, Жозеп Борел вечерва повика на итна деескалација на северот на Косово и додаде дека секоја провокација или еднострана акција што е спротивна на интересите на луѓето во регионот мора да се избегнува. – Го повикуваме раководството во Белград и Приштина да преземат одговорен пристап и да работат преку дијалог со посредство на ЕУ со цел да избегнат понатамошна ескалација, да воспостават мирна атмосфера и да работат на одржливи решенија. Во интерес на сите е да се бара начин напред што овозможува слобода на движење и што го подобрува секојдневниот живот на луѓето, се вели…
Министерството за одбрана на Литванија ја советува јавноста да избегнува купување мобилни телефони од кинески производители и да се ослободи од нив што е можно поскоро, доколку ги поседуваат. Министерството ги советуваше граѓаните да се ослободат од мобилните телефони од кинеско производство, истакнувајќи дека владиниот извештај откри дека тие имаат вграден софтвер за цензура. – Телефоните кои се продаваат во Европа од кинескиот гигант за паметни телефони Ксиаоми Корп имаат способност да детектираат и цензурираат термини како што се „Слободен Тибет“, „Да живее независноста на Тајван“ или „Движење за демократија“, соопшти литванската Агенција за кибер безбедност. Во извештајот на литванската…
САД следната година ќе донираат уште 500 милиони дози вакцини „Фајзер“ на земјите во развој, најави денеска американскиот претседател Џо Бајден. – За да ја победиме пандемијата овде, мора да ја победиме насекаде, истакна Бајден на виртуелен самит посветен на Ковид-19 на маргините на Генералното собрание на ОН, ветувајќи „арсенал вакцини“. Со најавените дополнителни дози, вкупното количество на вакцини кои САД ќе ги донира низ светот ќе надмине една милијарда. Досега, тие дистрибуираа повеќе од 160 милиони дози во над сто земји. Бајден објасни дека за секоја доза дадена досега во САД, Вашингтон се обврза дека ќе му даде уште…
Светската здравствена организација денеска објави дека и пониските нивоа на загадување на воздухот се исто така штетни за здравјето на луѓето, за разлика од претходните анализи. Во новите упатства за квалитетот на воздухот, ажурирани првпат по 15 години, агенцијата на ОН наведе дека 90 отсто од светската популација веќе живее во области со најмалку еден исклучително штетен вид на загадувачи. СЗО објави ревидирани упатства за квалитетот на воздухот во момент кога климатските промени се водечка тема на заседанието на Генералното собрание на ОН во Њујорк. Од последното ажурирање на препораките на СЗО, подобриот надзор и наука овозможија појасна слика за…
Франција идната недела ќе го врати својот амбасадор во САД, откако беше повлечен како последица раскинатиот договор со Австралија за набавка на подморници, со која Франција загуби вреден договор за испорака на подморници во Австралија. Ова доаѓа по телефонскиот разговор меѓу францускиот претседател Емануел Макрон и американскиот претседател Џо Бајден, посветен на дипломатската криза на двете земји. Макрон и Бајден идниот месец ќе имаат средба, а Бајден се согласи да ја консултира Франција пред да го објави безбедносниот пакт „Аукус“ за да се спречи дипломатски спор.
Во момент на зголемени тензии меѓу Русија и САД, високи функционери од двете земји се состанаа во Финска да разговараат за намалување на „ризикот од инциденти за време на воените активности“. Разговорите меѓу командантот на Генералштабот на руската армија, Валериј Герасимов и неговиот американски колега Марк Мили беа конструктивни, објави денеска руското Министерство за одбрана. Двајцата разговараа и за други прашања од заеднички интерес, иако не се откриени детали. Русија ги смета САД за делумно одговорни за ситуацијата во Авганистан по хаотичното повлекување и преземањето на власта од страна на талибанците минатиот месец. Москва стравува од инфилтрација на нивните сојузници…
На некои планини во Србија денеска падна првиот снег, а на некои места се формираше и снежна покривка. На социјалната мрежа „Instagram“ на профилот „infokop“ објавена е видео – снимка од првиот снег на Копаоник, каде денеска температурата била минус два степена. Снег има и на Стара Планина. Во вечерните часови се очекува да престанат врнежите. Српските метеоролози претходно најавија можни врнежи од снег на надморска височина над 1.800 метри надморска височина. View this post on Instagram A post shared by InfoKOP (@infokop)