Франција идната недела ќе го врати својот амбасадор во САД, откако беше повлечен како последица раскинатиот договор со Австралија за набавка на подморници, со која Франција загуби вреден договор за испорака на подморници во Австралија.

Ова доаѓа по телефонскиот разговор меѓу францускиот претседател Емануел Макрон и американскиот претседател Џо Бајден, посветен на дипломатската криза на двете земји.

Макрон и Бајден идниот месец ќе имаат средба, а Бајден се согласи да ја консултира Франција пред да го објави безбедносниот пакт „Аукус“ за да се спречи дипломатски спор.