Author: НОВА ТВ

Раководството на Барселона е во преговори со тренерот Роналд Куман за продолжување на договорот за следната сезона, објави „Sport.es“. Сепак, обновувањето на договорот ќе биде можно доколку се исполнат неколку услови. Барселона мора да се претстави добро, да освои титули, а тренерот мора да ги следи стратешките насоки дефинирани од клубот. Куман ја предводи Барселона од 2020 година. Под негово водство, каталонскиот клуб го освои Купот на Шпанија во сезоната 2020/2021, а исто така го зазеде третото место во Ла Лига. Во последното издание на Лигата на шампиони, каталонскиот клуб го заврши својот настап во осминафиналната фаза, по пресметките со…

Read More

Полскиот претседател Анджеј Дуда прогласи вонредна состојба во делови од двата региона кои граничат со Белорусија, изјави денеска неговиот портпарол, како одговор на големиот прилив на мигранти од соседна Белорусија. Европската унија го обвинува белорускиот претседател Александар Лукашенко дека користи мигранти од земји, како што се Ирак и Авганистан, за „хибридна војна“ со цел да изврши притисок врз Унијата да ги повлече санкциите воведени против Минск. Полска се обидува да ја зајакне својата граница со поставување бодликава жица и распоредување дополнителни безбедносни сили. – Ситуацијата на границата со Белорусија е тешка и опасна. Денес, ние како Полска, бидејќи сме одговорни…

Read More

Властите на Амстердам, Хаг, Ротердам, Утрехт и Ед бараат намалување на бројот на ресторани за брза храна. Властите во пет градови во Холандија се залагаат за законски процедури за забрана на продажба и набавка на брза храна, во ресторани за брза храна во обид да се бори против дебелината, според НЛ Тајмс (NL Times). Станува збор за Амстердам, Хаг, Ротердам, Утрехт и Ед. Властите во тие градови испратија писмо до Пол Блокхаис, државен секретар за здравство, благосостојба и спорт, барајќи поголемо овластување, вклучително и намалување на бројот на ресторани за брза храна. Се наведува дека прашањето за забрана на брза…

Read More

Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, денеска се  сретна со шефот на државата, Стево Пендаровски. На средбата, како што соопшти тој, разговарале за слабостите и најавените реформи во однос на системот за управување со кризи. – Конструктивна работна средба со Претседателот на Република Северна Македонија, д-р Стево Пендаровски, на која, меѓу другото, разговаравме за слабостите и најавените длабоки реформи на системот за управување со кризи како и можностите за надминување на одредени состојби со бранителите од 2001-та, напиша Ангелов на „Фејсбук“.

Read More

Рекордни врнежи во североисточниот дел на САД. Најмалку 23 лица загинаа во поплавите предизвикани од рекордните врнежи во североисточниот дел на САД. Меѓу загинатите во Њујорк и Њу Џерси има и двегодишно дете. Во Мериленд е пронајдено тело на 19-годишно момче во поплавен стан. Имено, остатоците од ураганот Ида, кој изминатиот викенд ја опустоши американската држава Луизијана, донесе рекордни количества дожд и огромни поплави.

Read More

Економско – социјалниот совет денеска на седница ја разгледа Стратегијата за развој на социјалните претпријатија во РС Македонија (2021 – 2023) со Акцискиот план 2021 – 2023, соопштија од министерството за труд и социјална политика. Членовите на советот го разгледале и Извештајот за ревидираниот Акциски план за формализирање на неформалната економија 2018 – 2020, како и Акцискиот план за формализирање на неформалната економија 2021-2022. На Економско – социјалниот совет се разгледала и Националната стратегија за вработување  2021 – 2027 со Акцискиот план за вработување 2021-2023 година. – Извештаите кои беа усвоени ќе бидат процесуирани до Владата. На состанокот беше посочено…

Read More

Ми беше чест да и бидам домаќин на министерката за одбрана Радмила Шекеринска и нејзината делегација, овде во Неапол. Имавме многу продуктивни разговори и среќен сум што можев да и го возвратам гостопримството што ми беше укажано при мојата последна посета на Скопје во март 2021 година, истакна командантот на Сојузничката команда на здружените сили на НАТО, адмирал Роберт Бурк, по средбата со Шекеринска. Како што информираа од Министерството за одбрана, тој ги изразил неговите симпатии и сочувство за борбата против шумските пожари во Северна Македонија. – Изразив и благодарност за учеството на трупите на Северна Македонија во мисијата КФОР,…

Read More

Писателката Нада Алексоска, автор на бројни дела поезија и проза, е годинашен добитник на наградата „Коле Неделковски“, која се доделува за животно дело од Клубот на писатели „Коста Солев Рацин“ од Велес. Признанието се доделува петти пат, а беше врачено денеска, на одбележувањето 80 години од смртта на поетот Коле Неделковски. – Пријатно сум изненадена и горда на ова признание. Иако сум пензионер јас и понатаму читам и пишувам, рече Алексоска откако ја доби наградата на цеременијата во дворот на ССОУ „Коле Неделковски“. Таа потоа положи цвеќе и на споменикот на Коле Неделковски во дворот на неговата родна куќа во…

Read More

Тимот на МЗТ Скопје Аеродром претстојниот викенд ќе учествува на меѓународен кошаркарски турнир во Лесковац, Србија. „Сино-белите“ на овој турнир ќе настапат со комбиниран состав во кој главната улога ќе ја имаат новите странски засилувања и младите сили. – Рехабилитацијата од повредите се причина поради која во соседна Србија нема да патуваат капитенот Дамјан Стојановски, Адем Мекиќ, Кристијан Николов и Дамјан Робев, кои ќе останат во Скопје за да ги одработуваат потребните терапии за што побрзо да се вратат во тимот. Тоа значи дека тренерот Дарко Радуловиќ од поискусните на располагање ќе ги има Бојан Крстевски, Хуан Дејвис, Дастин Вер…

Read More

Прекугранични туристички доживувања во регионите на Пелагонија и Корча. Историскa, гастрономска, адреналинска, градска и крафт се уникатните туристички доживувања кои може секој турист да ги доживее прекугранично во регионите на Пелагонија и Корча. Ова се овозможува преку проектот Смарт-Кул-Тур финансиран од ЕУ и кофинансиран од Министерство за локална самоуправа од Програмата ИПА 2 за прекугранична соработка помеѓу Северна Македонија и Албанија 2014-2020. – Smart-Cul-Tour е партнерство кое претставува акцелератор кој го поттикнува туризмот, го промовира и заштитува културното и природното наследство, поттикнува соработка помеѓу жителите на заедниците во прекуграничниот регион, иницира разменување на знаење и искуство, со цел да се…

Read More

Министерот за информатичко општество и администрација, Јетон Шаќири денеска се сретна со Елида Речи од Одделот за социјални и економски прашања на Обединетите нации во Њујорк, кој опфаќа развој и иновации во јавната администрација. Таа е исто така една од петте автори на „Е-влада на ОН“. За време на состанокот, како што соопшти Министерството за информатичко општество и администрација, Речи изрази подготвеност да и даде поддршка на Владата и на Министерството за реформите и дигитализацијата на јавната администрација, со оглед на фактот дека ова се главните цели на овој мандат. Слична поддршка е обезбедена и за многу други земји низ…

Read More

Рама на Бледскиот форум, во познатиот стил да се кажат работите низ доза на хумор. Албанскиот премиер Еди Рама и на Меѓународниот состанок на Блед, со доза на хумор и сарказам ги претстави работите во поглед на проширувањето на Европската Унија. Овој пат Рама презентираше виц: – Некој му пристапил на еден евро-оптимист и на евро-песимист, и го прашал евро-оптимистот што е неговиот поглед на проширувањето. Тој рекол, Турција ќе влезе во ЕУ кога со неа ќе претседава Северна Македонија или Албанија. И тогаш бил прашан евро-песимистот, кој одговорил: Да, двете ќе влезат во ЕУ кога со неа ќе претседава…

Read More