Author: НОВА ТВ

Православните верници од Тетовско и други места од државата вечерва присуствуваа на црковно-народниот собир во Лешок каде овие два дена се одбележува еден од најзначајните денови на Македонската Православна Црква Успение на Пресвета Богородица – Голема Богородица. Централната прослава на празникот во тетовско-гостиварската епархија и воедно одбележувањето на манастирската слава е во манастирскиот комплекс Свети Атанасиј и Света Богородица во Лешок. Денес беше отслужена празнична Вечерна богослужба, а утре во 7 часот ќе започне Утрената богослужба и Светата литургија во 8 часот, информираат од манастирот. Лешочкиот манастир е најмасовно посетен за овој празник, а Успение на Пресвета Богородица се одбележува…

Read More

По повлекување на војската, Талибанците бараат од САД да го задржат дипломатското присуство во Авганистан. Ова го објави „Вашингтон пост“, повикувајќи се на свои извори. САД очекуваат до 31 август да ја завршат операцијата за евакуација на луѓето од Авганистан. Исто така, на тој датум и да ја повлечат војската од земјата. „Вашингтон пост“ наведува дека одржувањето на дипломатско присуство во Авганистан најверојатно ќе доведе до обнова на работата на американската Амбасада во Кабул. Според весникот, Вашингтон ја испитува можноста за одржување дипломатско присуство во Авганистан, но конечна одлука сè уште не е донесена. „Вашингтон пост“ пишува и дека САД се…

Read More

Трагедијата која се случи во Берово и големата поддршка која граѓаните на Малешевијата ја добија од Словенија потврди дека поддршката од  пријателите мора да се зајакне на повисоко ниво преку креирање политики за дополнителна соработка во насока на справување со пожарите. Ова го истакна министерката за одбрана Радмила Шеќеринска која со својот словенечки колега Матеј Тонин беа во работна посета на Општина Берово. -Токму поради Берово се договоривме дека во рамки на нашата стратешка одбранбена определба ќе биде зајакнувањето на политиките за соработка против пожарите во рамки на политиките за заштита и спасување. Словенија има големо искуство, тоа се виде…

Read More

Американскиот претседател Џо Бајден „ги даде сите неопходни овластувања“ на командата на американските вооружени сили да спроведе операции против целите на „Исламска држава“, соопшти Белата куќа. Помошниците на американскиот претседател го известиле дека е можен нов напад во Кабул. Бајден исто така бил информиран дека периодот до 31 август ќе биде најопасен. – Следните неколку дена од мисијата за евакуација од Авганистан ќе биде најопасниот период. Претседателот со командантите го потврди неговото одобрување за сè што з им е потребно да спроведат операција и да ги заштитат нашите војници, и сите пријавија дека имаат ресурси за кои веруваат дека треба…

Read More

Иако здравствената состојба на 24 – годишниот пациент била сериозна, тој побарал да биде испишан од болницата. Меѓу 36-те починати пациенти од Ковид – 19 во денешната статистика е и 24 – годишно момче од Ресен. Тој утрово починал во Клиничката болница, каде таму бил примен пред три дена. Министерството за здравство информираше дека на 24 август тој бил примен на инфективното одделение во битолската болница како суспектен на вирусот во тешка здравствена состојба, со ниска сатурација и отежнато дишење, има масивна бронхопневмнонија. Иако на него му била дадена терапија и бил ставен на кислородна поддршка, пациентот, како што наведуваат…

Read More

Моментално има 13.697 активни случаи на Ковид – 19. Од почетокот на пандемијата досега во земјава се регистрирани 173.689 заразени, а 154.174 оздравеле. Досега од Ковид – 19 починаа 5.818 граѓани. Во последните 24 часа се направени 6.654 тестирањe, а регистрирани се 1.037 нови случаи на Ковид-19. Скопје – 386, Тетово – 110, Гостивар – 73, Куманово – 60, Струмица – 57, Струга – 50, Кичево – 43, Охрид – 35, Дебар -32, Прилеп, Велес и Кавадарци – по 21, Свети Николе – 18, Битола – 17, Штип -14, Гевгелија, Радовиш и Валандово – по 9, Кочани – 8, Неготино…

Read More

Одбраната на Камчев очекува укинување на притворската мерка бидејќи до судот доставиле гаранција од над 1,9 милион евра. Јордан Камчев е единствениот обвинет во случајот „Плацеви на Водно“, а кој веќе шест месеци е во притвор, реагираше денеска на прес – конференција неговиот адвокат Еленко Миланов. Тој се сомнева на пристрасност кај застапничката на обвинението на овој случај, обвинителката Лиле Стефанова. Миланов смета дека затворскиот притвор на Камчев треба да се замени со домашен притвор. И покрај нарушената здравствена состојба на Камчев, Миланов вели дека не се ни размислува за евентуално укинување на притворот на Камчев. – Постои обемна медицинска…

Read More

Во акциска контрола на МВР на територијата на државава денеска се казнети 256 граѓани поради брзо возење. Како што информираат од МВР, вкупно 256 возачи се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 115 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 141 надвор од населено место.

Read More

Заложбите на Владата се  рударството како гранка да продолжи да се развива во согласност со најдобрите достапни техники и технологии, како и со меѓународните договори кои ги имаме потпишано за исполнување на светските стандарди за грижата за животната средина, условите за работа, но и животниот стандард на рударите во нашата земја, порача денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, во обраќањето на настанот по повод „Денот на рударите“, кој се одржа во кругот на Рударско енергетскиот комбинат Битола. Вицепремиерот Битиќи го честиташе „Денот на рударите“, на сите рудари вработени во рударско енергетските комбинати Битола и Осломеј, како и во сите…

Read More

Најмалку двајца бомбаши самоубијци се разнесоа во терористичкиот напад на аеродромот во Кабул, соопшти американското Министерство за одбрана. По детонациите, голем број борци од терористичката милиција Исламска држава отворија оган врз цивили и војници, рече американскиот генерал Кенет Мекензи, кој ја предводи американската Централната команда. Во исто време, Исламска држава ја презеде одговорноста за нападот на аеродромот во Кабул преку својот медиум Амак. Во соопштението на Исламската држава се тврди дека околу 160 луѓе се убиени или ранети во самоубиствен напад и се наведува дека жртвите се американски сили и други кои соработуваат со нив.

Read More

Терористичката организација ИСИС ја презеде одговорноста за нападот на аеродромот во Кабул. Во извештај во весникот Амак тие наведуваат дека нивните борци убиле и раниле повеќе од 160 луѓе.  Во извештајот објевена е и фотографија на бомбаш – самоубиец. BREAKING: #ISIS has claimed today’s bombings at #Kabul_Airport in an ‘Amaq report, stating that its fighters killed and wounded approx 160. The report for the attack comes with a picture of the suicide bomber. pic.twitter.com/mBJX4pPsrW — Rita Katz (@Rita_Katz) August 26, 2021

Read More

Најмалку 12 припадници на американската војска загинаа, а најмалку 15 се повредени во нападот на аеродромот во Кабул, изјави на брифинг генералот Кенет „Френк“ Мекензи, шеф на американската Централна команда. – Денеска е тежок ден, рече Мекензи. Тој информира дека во нападот учествувале двајца бомбаши самоубијци, по што вооружени лица отвориле оган. Денеска имаше најмалку две експлозии во близина на порта на аеродромот во Кабул. Тие се случија додека САД и другите земји се тркаат за евакуација на луѓето пред крајниот рок за повлекување на американскиот претседател Џо Бајден на 31 август. Последен пат американски војници беа убиени во Авганистан…

Read More