По повлекување на војската, Талибанците бараат од САД да го задржат дипломатското присуство во Авганистан. Ова го објави „Вашингтон пост“, повикувајќи се на свои извори.

САД очекуваат до 31 август да ја завршат операцијата за евакуација на луѓето од Авганистан. Исто така, на тој датум и да ја повлечат војската од земјата.

„Вашингтон пост“ наведува дека одржувањето на дипломатско присуство во Авганистан најверојатно ќе доведе до обнова на работата на американската Амбасада во Кабул.

Според весникот, Вашингтон ја испитува можноста за одржување дипломатско присуство во Авганистан, но конечна одлука сè уште не е донесена.

„Вашингтон пост“ пишува и дека САД се вклучени во преговори за идно управување со аеродромот во Кабул.