Author: НОВА ТВ

Фудбалерот сака летово да направи трансфер. Напаѓачот на Јувентус, Кристијано Роналдо би сакал да стане играч на Манчестер сити, пишува „Л’Екип“. Според францускиот весник, Португалецот би сакал да постигне трансфер во Сити. Во исто време, се забележува дека можноста за таков трансфер зависи од преговорите со Тотенхем за Хари Кејн, кого граѓаните сакаат да го видат во своите редови. Претставниците на Роналдо работат на трансферот, иако нема да биде лесно да се дојде до постигне договор. Се посочува дека Кристијано повеќе не ја крие желбата да го напушти Јувентус. Тој комуницираше со играчите на Сити, вклучувајќи ги Рубен Диас, Жоао…

Read More

Поранешниот премиер на Велика Британија Тони Блер, по средбата со премиерот Зоран Заев, се сретна и со други претставници на Владата. Тој беше на работна вечера со министерот за правда, Бојан Маричиќ, со советникот на Заев за надворешна политика Едмонд Адеми, како и со националниот координатор за стратегиски комуникации и за спроведување на комуникациската стратегија на Владата, Марјан Забрчанец.

Read More

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, им се приклучи на повиците за продолжување на работата на аеродромот во Кабул со цел да се поддржат авионските летови надвор од земјата. Столтенберг за време на коментарите на разговорите на лидерите на Г-7 рече дека неколку стотици вработени и соработници на НАТО обезбедиле критични услуги, како што се контрола на летање, снабдување со гориво и комуникација на аеродромот, соопшти Алијансата. Тој рече и дека НАТО, исто така, ја презела координативната улога, со цел да се обезбеди евакуација на луѓето што е можно поефикасно. Столтенберг, исто така, рече дека главниот приоритет на НАТО е…

Read More

Ќе може да има до 1.800 присутни. На првиот четвртфинален натпревар од СЕХА Газпром лигата меѓу Вардар1961 и ППД Загреб во СЦ „Јане Сандански“ ќе биде дозволен влез на одреден број на публика. Добиена е дозвола за искористување на капацитетот на салата до максимални 1.800 гледачи. Според последните протоколи што ги усвои Владата, влез ќе им биде дозволен само на лицата кои ќе имаат: сертификат/потврда за извршена имунизација (вакцинација) против Ковид-19, односно примена најмалку прва доза вакцина против заразната болест; сертификат/потврда за прележан КОВИД-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето, за лица над 18-годишна возраст. Истиот треба…

Read More

Еден од најугледните професори на универзитетот „Сорбона“ во Франција и врвен онколог, Жозеф Глигоров порачува дека треба да се верува на науката и дека вакцинацијата е единствен спас во борбата со коронавирусот. Тој во интервју за Телевизија 24 вели дека стапката на смртност во Македонија од Ковид – 19 е блиска во спроедба со другите земји. Младите и здравите пациенти кои се заразуваат, вели немаат агресивна форма, но тоа не значи дека не го пренесуваат вирусот и дека не треба да се вакцинираат. Во однос на ограничувањата по однос на невакцинирани граѓани тој вели: „Кога веќе говорите за демократија трбеа…

Read More

Нема испораки на медицинска опрема поради ограничувањата на аеродромот. Светската здравствена организација има резерви во Авганистан за само една недела, откако се блокирани испораките на медицинска опрема од странство. Агенцијата на ОН е загрижена дека сегашниот пресврт во Авганистан може да доведе до нагло зголемување на бројот на заразени со коронавирус. Претставникот на СЗО Ахмед Ал-Манхари, исто така, рече дека 95 отсто од здравствените установи во Авганистан остануваат во функција, но дека некои жени не се враќаат на своите работни места. Испораките на повеќе од 500 тони медицински материјали од Дубаи, вклучувајќи хируршка опрема и комплети за неухранетост, се одложени…

Read More

Досега 170.412 лица се дијганостицирани со Ковид – 19, а од нив 152.916 оздравеа. Моментално има 11.769 активни случаи. Од заразата починаа 5.727 граѓани. Во последните 24 часа се направени 7.084 тестирањe, а регистрирани се 1.210 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 464, Тетово – 177, Гостивар – 112, Куманово – 98, Струмица – 55, Кичево – 48, Битола – 32, Струга – 29,Кавадарци – 26, Радовиш – 15, Велес – 14, Кочани, Гевгелија и Ресен – по 13, Прилеп – 12, Делчево и Кратово – по 11, Македонски Брод – 10, Свети Николе – 9, Дебар и Виница –…

Read More

Наставата во Србија ќе се одвива во три модели. Сè зависи од епидемиолошката состојба. Кризниот штаб за борба против коронавирусот во Србија денеска одлучи наставата во училиштата во Србија да се одржува регуларно од 1 септември и часовите да траат 45 минути, јави дописникот на МИА од Белград. – Сакавме да излеземе во јавноста со сигурни информации токму поради важноста на оваа тема… Она што беше сигурно беше дека за нас е важно настават да започне нормално, учениците да не бидат поделени во групи и часовите да траат 45 минути, изјави министерот за образование Бранко Ружиќ на прес –конференција. Наставата…

Read More

Американскиот претседател Џо Бајден во консултација со неговиот тим за национална безбедност, според висок претставник на администрацијата, донесе одлука 31 август да биде крајниот рок кога да се повлече војската од Авганистан, пренесе Си – Ен – Ен. Одлуката Бајден ја донесе внимателно и врз основа на безбедносните ризици, поради подолгиот престој во земјата, рече официјален претставник, и побара итни планови во случај подоцна да утврди дека САД треба да останат во земјата подолго. Иако САД евакуираат десетици илјади луѓе од земјата, ситуацијата во Авганистан и натаму е тешка. Многу Авганистанци кои работеа и им помагаа на американските војници го…

Read More

На 80 – годишна возраст почина тапанарот на „Rolling Stones“, Чарли Вотс. Тој беше дел од рок групата уште од јануари 1963 година, кога им се придружи на Мик Џегер, Кит Ричардс и Брајан Џонс.. Неговиот публицист Бернанд Доерти во изјава за медиумска агенија рече: „Со огромна тага ја објавуваме смртта на нашиот сакан Чарли Вотс. Тој денеска почина мирно во лондонската болница опкружен со неговото семејство. Чарли беше гружлив сопруг, татко и дедо, исто така како член на „Rolling Stones“, тој беше еден од најголемите тапанари на неговата генерација. Љубезно ве бараме да се почитува приватноста на неговото семејство,…

Read More

Шеснаесет нови позитивни случаи на коронавирус се регистрирани во Премиер лигата при последното редовно тестирање спроведено врз вкупно 3.060 фудбалери и официјални претставници на 24-те премиерлигашки екипи, соопшти раководството на Лигата. Минатата недела, Бен Вајт од Арсенал и Кристијан Пулишиќ од Челзи беа позитивни на вирусот поради што и двајцата го пропуштија лондонското дерби во неделата, во кое составот на Томас Тухел триумфираше со 2:0. Напаѓачите на Арсенал, Пјер Емерик Обамејанг и Александер Лаказет, исто така, се меѓу фудбалерите, кои се позитивни на ковид-19.

Read More

Формирањето на првиот скопски партизански одред е голем и значаен настан за македонската историја и историјата на нашето Скопје. Да се формира народно ослободителен партизански одред во 1941 година (на 22 август) претставува чин на огромна храброст, одлучност и хуманост на 12 луѓе подготвени со живот да ја платат слободата, започнувајќи голема борба против фашистичките окупатори и нивните слуги. Да не заборавиме дека токму Скопје во далечната 1941 беше еден од двата центри на тогашната бугарска административна, воена и полициската структура во Македонија. Ова го истакна градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов во обраќањето по овод одбележувањето на големиот јубилеј…

Read More