Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: НОВА ТВ
Преку мејлови, во најмалку десет хотели во Солун вечерва биле испратени закани дека се поставени бомби, а полицијата превентивно ги евакуира и ги проверува, објави грчката новинска агенција АНА-МПА. Дел од хотелите се во строгиот центар на градот, а досега биле проверени пет од хотелите, но не било пронајдено ништо сомнително. Според информациите во солунските медиуми, мелови со дојави за бомба биле испратени прво во три хотели, подоцна во уште три, па во уште четири хотели.
Швајцарскиот фудбалски репрезентативец Џердан Шакири потпиша договор до 2024 година со Лион, соопшти вечерва францускиот прволигаш, изфдвојувајќи шест милиони евра за поранешниот играч на Ливерпул. Трансферот, исто така, вклучува бонуси во износ од пет милиони евра, соопшти францускиот клуб, кој се надева дека со ангажманот на швајцарскиот офанзивен играч за врска ќе го надомести заминувањето на Мемфис Депај во Барселона. 29-годишниот Шакири изминатите три сезони го носеше дресот на Ливерпул со кој ја освои Лигата на шампиони 2019 година и Премиер лигата во 2020.
Шефот на државата, Стево Пендаровски, на средба со претседателот на Европскиот Совет, Шарл Мишел. Претседателот Стево Пендаровски на денешната средба со претседателот на Европскиот Совет, Шарл Мишел во Киев го реафирмираше ставот дека одржувањето на првата меѓувладина конференција во најскоро време е клучен приоритет за Северна Македонија, при што нагласи дека е неопходно Европската Унија да ги зголеми напорите за да се динамизираат односите со земјите од Западен Балкан. -Претседателот Пендаровски го реафирмираше и ставот дека билатералните прашања не треба да бидат пречка за валоризирање на напредокот на ниту една земја на патот кон Европската Унија и дека во тој…
Моментално има 11.042 активни случаи на Ковид – 19. Најмногу нови случаи се регистрирани во Скопје. Во земјава од почетокот на пандемијата досега се дијагностицирани 169.202 слуачи на Ковид – 19. Од нив 152.465 оздравеле, а 5,695 починале. Досега во земјата се направени вкупно 1.111.451 тестирање на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 169.202, бројката на оздравени пациенти е 152.465, на починати е 5.695, а бројот на активни случаи изнесува 11.042. Во последните 24 часа се направени 3.022 тестирањe, а регистрирани се 333 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 206, Гостивар –…
ДУИ за градоначалник на Кичево го кандидираше актуелниот, Фатмир Дехари. Внукот на Али Ахмети, Фатмир Лимани, денеска и официјално поднесе кандидатура за независен кандидат за градоначалник на Општина Кичево. Тој е професор по историја и поранешен заменик директор на ЕСМ. Инаку, ДУИ за градоначалмник на Кичево го кандидираше актуелниот, Фатмир Дехари. Независниот кандидат Лимани собрал вкупно 420 потписи, потврдија од ПО на ДИК во Кичево. Во исто време во овој град беше регистрирана и првата независна советничка листа со носителот Агим Садику. – За претстојните локални избори денес ја имаме кандидатура на Фатмир Лимани како независен кандидат за градоначалник на…
Малолетникот се обидел да украде жица од трафостаница. Од Градска општа болница „Св.Наум Охридски“ вчера во 12:15 часот во СВР Скопје, било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди од струен удар бил донесен малолетник од Скопје. Како што соопшти МВР, според пријавеното, на улица „Скупи“ тој се обидел да земе жици од трафостаница. Се работи на расчистување на случајот.
Патниот правец Маврово – Дебар, делница Маврови Анови – Жировница, од утре -24 август од 10:00 до 16:00 часот ќе биде со изменет сообрајќаен режим поради градежни активности, информираа од општина Маврово и Ростуше. Додаваат дека измената на сообраќајниот режим на овој патен правец во период од 45-60 дена, ќе биде со комплетно затворање на делницата во одредениот временски период во кој ќе се одвиваат градежните активности – асфалтирање на Регионалниот пат Р1202. -Општина Маврово и Ростуше им препорачува на сите оние кои ќе се движат по овој патен правец во споменатиот период, за прилагодена брзина на движење, почитување на…
Казните се изречени за само три часа. Министерството за внатрешни работи евидентира 261 прекршок во сообраќајните контроли што ги спроведе денеска во периодот од 06 до 09 часот на територијата на државава. Од вкупно санкционираните, 18 се за возилa кои се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 120 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 141 надвор од населено место. Од Министерството за внатрешни работи апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и…
Од Кабул до Истанбул, па во Скопје, евакуирани дел од нашите граѓани од Авганистан. Триесетина македонски граѓани кои по евакуацијата од Авганистан беа сместени во воената база на САД во Доха, Катар, по успешниот трансфер во Истанбул, Турција, вечерва пристигнаа на Меѓународниот аеродром во Скопје. Како што изјавија двајца од нив, тие работеле во воена база во близина на аеродромот во Кабул и биле навремено извлечени од таму прво во Доха, каде со помош на нашиот амбасадор Шабан Јашари во овој град успеале да заминат за Истанбул, а од таму во Скопје. „Евакуацијата помина во ред. Не евакуираше американската армија…
На аеродромот и натаму хаотична атмосфера. Голем број земји денеска ја продолжија евакуацијата на своите граѓани и загрозени Авганистанци од Кабул со авиони. Атмосферата на аеродромот во Кабул се уште е хаотична, бидејќи илјадници Авганистанци сакаат да ја напуштат земјата, стравувајќи од новата власт на талибанците. Германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас изјави денеска дека фокусот на Берлин е на евакуација на што е можно повеќе луѓе од Кабул, во многу тешки околности, додавајќи дека Германија тесно соработува со меѓународните партнери. Шефицата на шведската дипломатија Ан Линде истакна дека нејзиното Министерство е свесно за „големите проблеми при доаѓањето на…
Шефовите на дипломатиите на 30-те земји членки на НАТО денеска потврдија дека фокусот на натамошното дејствување на Алијансата ќе биде безбедната евакуација на нивните и на државјаните на Авганистан од Кабул и ги повикаа талибанците, кои ја формираа новата власт, да се борат против тероризмот. По денешниот онлајн состанок на министрите за надворешни работи, свикан заради ситуацијата во Авганистан, НАТО преку соопштение ги повика новите талибански власти да се погрижат оваа земја да не стане центар на тероризмот. „Секоја идна авганистанска влада мора да се придржува до меѓународните обврски на Авганистан и да осигура дека земјата никогаш повеќе нема да…
Иако научниците сметаат дека вирусот најверојатно се проширил кај луѓето од животни, теоријата дека потекнува од лабораторија е во центарот на вниманието во изминатите неколку месеци. Светската здравствена организација (СЗО) денеска испрати покана до експертите да се приклучат на новата експертска група што ја формира оваа организација, со цел да продолжи работата на истражувањето на потеклото на пандемијата на коронавирусот. Во соопштението на СЗО се наведува дека новата група научници треба да достави независна анализа за досега извршената работа за утврдување на потеклото на Ковид-19. СЗО објави дека бара околу 25 членови со соодветна професија кои можат да аплицираат до…