Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(ВИДЕО) Триесетина наши граѓани од Авганистан пристигнаа во Скопје

0
By НОВА ТВ on August 20, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, August 20, 2021 21:16

Од Кабул до Истанбул, па во Скопје, евакуирани дел од нашите граѓани од Авганистан. 

Триесетина македонски граѓани кои по евакуацијата од Авганистан беа сместени во воената база на САД во Доха, Катар, по успешниот трансфер во Истанбул, Турција, вечерва пристигнаа на Меѓународниот аеродром во Скопје.

Како што изјавија двајца од нив, тие работеле во воена база во близина на аеродромот во Кабул и биле навремено извлечени од таму прво во Доха, каде со помош на нашиот амбасадор Шабан Јашари во овој град успеале да заминат за Истанбул, а од таму во Скопје.

„Евакуацијата помина во ред. Не евакуираше американската армија од Кабул до Катар, потоа натаму нашиот амбасадор Шабан Јашари го направи невозможното за да не извлече од воениот аеродром. Поради короната имаше други административни процедури и во рекордно време не извлече на цивилниот аеродром во Катар, од каде летавме до Истанбул и од Истанбул до Скопје“, изјави Газменд Арифи, еден од оние кои беше во оваа група од триесетина лица.

Тие, според него, немале проблем со Талибанците бидејќи во базата каде што биле имало американски, турски и азербејцански трупи и се било под контрола, но кажа дека исто така се сретнале со цивилно население кое сакало да замине од Авганистан.

Арифи рече дека биле малку загрижени поради ситуацијата, но повтори дека се било под контрола, како и дека тие биле свесни каде се наоѓаат.

„Не сме виделе Талибанци внатре“, рече тој, посочувајќи дека таму заминале преку „Еколог“ и биле сервис на целата база.

Мехмед Реџепи, кој во Скопје пристигна со истиот лет и кој исто така преку оваа компанија заминал да работи во американската база во Кабул рече дека немале контакт со Талибанците и оти сигурно и безбедно пристигнале од Кабул до Катар и од таму во Истанбул и сега во Скопје.

На координативниот состанок што се одржа попладнево во Владата од Министерството за надворешни работи информираа дека сите македонски граѓани се безбедно евакуирани од Авганистан и оти се очекува многу скоро да пристигнат дома во Северна Македонија.

Авганистан аеродром граѓани евакуација Скопје
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Крим повторно на светската агенда: Самит во Њујорк за репресијата, милитаризацијата и деокупацијата

September 22, 2026

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

Крим повторно на светската агенда: Самит во Њујорк за репресијата, милитаризацијата и деокупацијата

September 22, 2026

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.