Author: Ivana

Во текот на вчерашниот ден е забележан значително зголемен интерес за вакцинација помеѓу граѓаните. Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 599.716 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 12.049 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 18.877 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 1.079.049 дози вакцини, а ревакцинирани се 479.333 граѓани.    Со последните бројки 68% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 65% од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза…

Read More

Голем процент од децата за време на пандемијата од Ковид-19 се чувствуваат изолирано и осамено, им недостасува дружењето во училиштето, соопшти денеска Драги Змијанац од „Меѓаши“ Презентирајќи ги резултатите од истражувањето спроведено на 1231 дете, од 10 до 18 години, од целата држава за искуството од онлајн наставата за време на пандемијата, Змијанац додаде дека пет проценти од учениците биле целосно исклучени од онлајн наставата оти немале можност да ја следат, една третина од децата делат компјутер со некој член од семејството, што го попречува квалитетот на учењето од далечина, 48 проценти од децата имаат свое лично технолошко помагало –…

Read More

В.д. директорот на Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС), Сретен Стојковски денеска на прес-конференција соопшти дека изминатите десет дена, откако е назначен на функцијата, добил сознанија за слабости и неправилности во работењето на институцијата Утврдено е, информира Стојковски, и дека Инспекторатот бил вклучен во издавањето А-интегрирана дозвола за одложување опасен отпад на ЈП „Дрисла“. -По претставки на граѓаните за можно одложување опасен отпад на ЈП „Дрисла“ разгледана е документацијата за добивање А-интегрирана дозвола. Притоа е утврдено дека во процедурите за издавање на дозволата учествувал и Инспекторатот за животна средина. Ќе пристапиме кон вонреден инспекциски надзор над ЈП „Дрисла“ за инсталацијата…

Read More

Поранешната директорката на Државниот инспекторат за  животна средина, Ана Петровска преку граѓанската иницијатива „Зелен хуман град“ влегува во трката за градоначланик на Град Скопје Петровска најави дека е пресреќа што со овие луѓе имаат слична визија како треба градот да се управува. – Мислам дека заедно можеме да ги направиме промените кои граѓаните ги очекуваат. Сакаме да го отвориме градот кон јавноста, да бидеме поотчетни и да се дознае како се трошат парите на граѓаните и како планураме да ги надградуваме услугите на граѓаните. Во носење на одлуките ќе ги вклучиме младите, маргинализираните групи и луѓето со хендикеп. Сакаме убав…

Read More

Во јуни годинава се издадени 320 одобренија за градење, што е за 17,2 проценти повеќе во однос на јуни лани, објави денеска Државниот завод за статистика Најголем број од одобренијата се во Скопскиот регион, 106, по што следат Југозападниот со 61, Полошкиот со 44, Вардарскиот и Источниот со по 30. Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 4.568.461.000 денари, што е за 64,6 проценти помалку во однос на јуни минатата година. Од ДЗС појаснуваат дека намалената предвидена вредност се должи на фактот дека во истиот месец од претходната година биле издадени одобренија за градење на објекти од…

Read More

Делегација предводена од менаџментот на глобално реномираните компании „Дура аутомотив системс” и „Алмак“ одржаа работна средба со премиерот Зоран Заев,  на која беше презентиран нивниот нов инвестициски проект  во земјава Средбата е во пресрет на утрешното официјално стартување со инвестициските активности на двете компании кои донесоа одлука за заедничка инвестиција во Технолошо-индустриската развојна зона – Скопје 2. Станува збор за нова инвестиција во висина од 30 милиони евра за изградба на најсовремен објект каде ќе се одвива напредно производство и склопување на технолошки компоненти за автомобилската индустрија. Премиерот Заев ги поздрави заложбите за инвестиции во земјава, кои значат имплементирање на…

Read More

Министерката Мила Царовска очекува дека Владата на седница денеска ќе донесе одлука за почеток на учебната 2021/2022 година со физичко присуство на наставата, по препорака од Главниот кризен штаб кој вчера на состанок оцени дека се создадени услови за отворање на училиштата Тоа ќе значи дека од 1 септември сите ученици (од прво до деветто во основно и учениците во средните училишта) ќе се вратат во училишните клупи, за разлика од минатата учебна година кога на настава физички присуствуваа само учениците до трето одделение и повозрасни ученици во мали училишта односно подрачни и во рурални средини, а другите следеа онлајн-настава.…

Read More

Министерот за надворешни работи Бујар Османи потврди денеска дека руски дипломат е прогласен за персона нон грата и е протеран од земјава – Бидејќи информациите од тој тип се обично од доверлив карактер, не можам да влегувам во детали, меѓутоа МНР секогаш кога ќе добие потврдени и документирани информации за однесување на акредитирани странски дипломати коешто е спротивно на приницпите на Виенската конвенција презема мерки за заштита на својата национална безбедност, меѓутоа и безбедноста на сојузниците во сојзуот во којшто припаѓаме. Така да, информацијата е точна, изјави Османи. Дел од медиумите објавија дека станува збор за заменик военото аташе во…

Read More

По вчерашниот тежок ден на аеродромот во Кабул поради бројното цивилно население кое што беше околу самата писта, синоќа околу еден часот по полноќ аеродромот беше ставен во функција и евакуацијата беше започната, изјави Министерот за надворешни работи, Бујар Османи. Според него, повеќето од евидентираните 75 македонските државјани се евакуирани од Авганистан. – Утрово околу 4.30 часот првите наши граќани кои што вчера беа на аеродромот во Кабул, слетаа во Доха и се очекува наскоро истите да бидат транспортирани во Кувајт. Натамошниот нивен транспорт кон земјава е неспорен и тие се безбедно надвор од Аганистан, рече Османи. Малку подоцна, како…

Read More

Министерството за здравство информира дека на вакцинираните граѓани на располагање им се ставени повеќе опции со кои може лесно да стигнат до документ дека се вакцинирани Веќе од вчера, во угостителски објекти или на други настани, каде има повеќе од 30 луѓе, дозволен е влез само за граѓани кои се вакцинирани, со две дози вакцина, примиле една доза вакцина, или пак прележале Ковид 19, пред 45 дена. Потврдата за прележан Ковид 19, може да ја извадат единствено граѓани кои се заведени во ИЈЗ дека биле заразени со вирусот, а потврди освен на vakcinacija.mk, може да извадат и кај својот матичен…

Read More

Фотографијата на која се гледа како стотици Авганистанци се качени во американски воен товарен авион, во очаен обид да побегнат од Кабул по падот на главниот град во рацете на Талибанците, го обиколи светот. Како што пренесува  Гардијан официјални претставници на американската одбрана, наводно, изјавиле дека патниците биле безбедно евакуирани со летот од Кабул во Катар во неделата. Се верува дека фотографијата, објавена од американската веб-страница за одбрана и безбедност „Defense One“ покажува 640 луѓе качени во Ц-17 Глобмастер III, меѓу најголемиот број луѓе што некогаш биле пренесени во таков авион. Летот немал намера да преземе толкав товар, но некои Авганистанци…

Read More

Третата доза вакцини против Ковид-19 од денеска ќе биде достапна во Србија. Српската влада објави постапка за примање на третата доза, а граѓаните може да изберат која вакцина сакаат да ја примат „По 180 дена од примањето на втората доза, сите вакцинирани граѓани ќе можат да ја добијат третата (бустер) доза, и ќе бидат поканети преку СМС и е-пошта со линк што ќе ги одведе до порталот за е-управа, каде ќе добијат подетални информации “. „Таму, ќе можат сами да видат дали припаѓаат на категориите на населението на кои им се препорачува да ја примат третата доза на вакцината“, се…

Read More