Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Царовска: Наставата ќе биде со физичко присуство се додека дозволува епидемиолошката состојба

0
By Ivana on August 17, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, August 17, 2021 12:10

Министерката Мила Царовска очекува дека Владата на седница денеска ќе донесе одлука за почеток на учебната 2021/2022 година со физичко присуство на наставата, по препорака од Главниот кризен штаб кој вчера на состанок оцени дека се создадени услови за отворање на училиштата

Тоа ќе значи дека од 1 септември сите ученици (од прво до деветто во основно и учениците во средните училишта) ќе се вратат во училишните клупи, за разлика од минатата учебна година кога на настава физички присуствуваа само учениците до трето одделение и повозрасни ученици во мали училишта односно подрачни и во рурални средини, а другите следеа онлајн-настава. Исклучок од одлуката за настава во училиште може бидат учениците со хронични болести или кои имаат член во семејството со хронична болест. Онлајн-настава ќе следат и оние ученици кои ќе бидат во изолација.

– Минатата година покажавме дека може да има е успешна онлајн учебна година, но нема подобро образование од она со физичко присуство. Затоа што искуствата и во светот, и кај нас, покажуваат дека менталното здравје и социјализацијата се дел од учењето. Училиштата се веќе обучени, има протоколи, лани беа отворени за помалите ученици и немавме инциденти на интерно ширење на вирусот. Затоа, за оваа година, во интерес на учениците, Кризниот штаб препорача и денеска имаме владина седница на која очекувам дека ќе биде потврдена одлуката, рече Царовска, одговорајќи на новинарски прашања при посета на ОУ со ресурсен центар „Иднина“.

Очекува наставата во училиштата да се одвива без проблеми зашто и искуството лани покажало дека во училиштата немало трансмисија на вирусот. За спречување на ширење на вирусот ќе придонесе почитувањето на здравствените протоколи, како и имунизирањето на вработените во училишатата.

Досега над 62 отсто се вакцинирани што, рече Царовска, е двојно повисок од националниот просек на вакцинација.

– Презадоволна ќе бидам ако постигнеме 80 проценти. Наставниците се враќаат од одмор и сигурна сум дека ќе има уште една поголема акција на вакцинирање до 1 септември и уште побезбедно ќе се чувствуваме во училиштата, истакна Царовска.

Министерката посочи и дека постојано ќе се следат препораките од Комисијата за заштита од заразни болести, а доколку дојде до влошување на состојбата и се зголеми ризикот, потсети дека МОН е подготвено и за  две други сценација кои ги претстави минатиот месец – онлајн-настава и комбинирано следење на наставата односно неделно ротирање на групи ученици за настава во училиште и онлајн.

Епидемилошките служби во училиштата, рече таа, ќе проценуваат и ќе утврдуваат дали некој ученик/ци или цело одделение ќе треба да бидат изолирани.

– Минатата година покажавме дека тоа одлично функционира, со брзата интевренција на здравствените служби, и немаше интерна трансмисија во ниту едно училиште. Затоа очекувам на истиот начин да функционира и од оваа учебна година, додаде Царовска, порачувајќи дека успехот ќе зависи и од совесноста за помасовно вакцинирање и почитување на протоколите.

Не очекува да биде проблем тоа што учениците ќе треба часовите да ги следат со заштитна маска, бидејќи, рече, малите ученици лани ги носеле во училница и бргу се навикнале на обврската.

– Додека се во училница, носат маска, но, секако, имаат по пет минути излегување според распоредите и тогаш ќе може да се ослободат од маската и повторно ќе ја носат при влегување внатре. Минатата година покажа дека тоа е возможно и дека тие се навикнуваат на протоколите многу побрзо од возрасните, додаде министерката Царовска.

вакцинација епидемија Корона училиште
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии, инциденти, анкети со различни резултати

October 24, 2026

Изборен молк во Србија: Тензична атмосфера пред гласањето в недела

October 23, 2026

Кои се 10-те најмоќни економии во светот во 2026 година?

October 23, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии, инциденти, анкети со различни резултати

October 24, 2026

Изборен молк во Србија: Тензична атмосфера пред гласањето в недела

October 23, 2026

Кои се 10-те најмоќни економии во светот во 2026 година?

October 23, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.