Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Ivana
Заштита на домашниот пазар и граѓаните во време на криза, избегнување шпекулативни дејства на трговците и производителите и заштита на домашното производство, е целта на најновата мерка, донесена денеска во Владата, со која до 15 април 2022 година продолжува забраната за извоз на одделни житарици и сончогледово масло. Ова го соопшти министерот за економија Крешник Бектеши, нагласувајќи дека забраната за извоз на пченица и наполица, јачмен, пченка, брашно од пченица и наполица, семе од сончоглед-вклучувајки кршено или дробено, масла од семе од сончоглед, шафраника или мапуково семе и нивни фракции, пречистени или непречистени, но хемиски немодификувани, од сончоглед ќе важи…
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,50% во однос на одлуката од 17.03.2022 година. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е В) и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менуваат. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 1,362 денар/килограм и сега ќе изнесува 53,159 ден/кг. Од 19.3.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 79,50 (денари/литар) Моторен бензин ЕУРОСУПЕР…
Владата на Република Северна Македонија на денешната 31 седница, го продолжи рокот на Одлуката за ограничување на извозот на одделни стоки донесена на 26-тата седница од 11 март, со што ограничувањето за извозот на пченица и наполица, јачмен, пченка, брашно од пченица и наполица, семе на сончоглед, како и масла од семе од сончоглед, е продолжено до 15 април 2022 година. Со продолжувањето на рокот, на предлог на Министерството за економија, во консултации со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, ќе се оневозможи извоз на овие продукти за да се спречат штетите што од тоа можат да настанат на домашниот…
Словачка денеска прогласи за „персона нон грата“ тројца руски дипломати и побара од нив да ја напуштат земјата во рок од 72 часа, соопшти словачкото Министерство за надворешни работи. Словачка одлучи да протера тројца соработници во Руската амбасада поради активности што не се во согласност со Виенската конвенција за дипломатски односи, се наведува во соопштението на словачкото Министерство за надворешни работи. И Бугарија и трите балтички држави денеска протераа руски дипломати.
Заменик-претседателката на Владата задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска, денеска имаше работен состанок со вицепремиерката за добро владеење на Бугарија, Калина Константинова и министерката за правда Надежда Јорданова, на кој беше презентирано македонското искуство околу формирањето на независна и професионална Државна комисија за спречување на корупцијата. На состанокот, кој беше одржан во хибриден формат, присуствуваа и македонскиот заменик-министер за правда Агим Нухиу, како и членовите и претседателката на Државната комисија за спречување на корупција, Билјана Ивановска која подетално ја презентираше работата на Антикорупциската комисија. Вицепремиерката Грковска оцени дека овој состанок е дел од соработката со Република Бугарија во…
Ќе продолжиме со обезбедувањe социјална сигурност. Оваа година социјални надоместоци ќе добијат 300 000 граѓани, рече денеска министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчевска. Таа денеска посети две семејства во Крушево кои користат социјални услуги на локално ниво, а беше и во Дневниот центар за деца и младинци со попреченост. Во Домот, како што информира Министерството за труд и социјална политика, 15 деца и младинци секојдневно стекнуваат вештини за нивниот личен и општествен развој. Министерката порача дека само преку јасни и конкретни инвестиции во сите граѓани, може да се очекува социјален развој. -При посетата на двете семејства во Крушево…
Во 2020 година околу 18.000 Украинци добиле пасоши на Европска Унија и најголем дел од нив им се дадени во Полска и во Гемранија. Според Евростат, земјите-членки на ЕУ во 2020 година натурализирале околу 729.000 странски државјани, а најмногу во Шпанија и во Холандија. Еден од 10 нови државјани на ЕУ е од Мароко, додека Сиријците се седум отсто, а Албанците шест проценти. Жени или девојчиња се речиси две третини од новите државјани на ЕУ со потекло од Украина.
Околу 130 луѓе досега се спасени од бомбардираниот театар во јужниот пристанишен град на Украина Мариупол изјави украинскиот омбудсман за човекови права, додавајќи дека спасувачките активности се во тек, објави Ројтерс. Народната правобранителка Људмила Денисова истакна дека сè уште нема информации за повеќе од 1.000 други луѓе за кои се верува дека се засолниле таму кога се случил нападот. Украина вели дека театарот бил погоден од силен руски воздушен напад во средата, но Русија негираше дека го бомбардирала театарот или дека цели на цивили. Украинскиот претседател Володимир Зеленски ќе одржи говор пред јапонскиот Парламент на 23. март, објави денес јапонската…
Руските сили го гранатираа големиот пазар Барабашов во Харков, предизвикувајќи серија пожари, соопштија локалните власти. Снимките покажуваат огромни облаци од црн чад што се издигнуваат од неколку делови на пазарот, што укажува на тоа дека комплексот претрпел повеќекратни удари. – Во гаснење на пожарот учествувале 70 лица, кој се проширил во околните куќи. Едно лице вклучено во гаснењето на пожарот загина, изјави градоначалникот на Харков. Пазарот, кој се смета за еден од најголемите во светот, се простира на површина од 300.000 квадратни метри, соопшти украинското Министерство за надворешни работи. https://www.youtube.com/watch?v=hhw4BMrA1DY
„Србија ќе го зачува мирот. Слободно бидете мирни. Сакаме луѓето да живеат во слобода, да живеат во мир, да живеат од својата работа“, рече српскиот претседател Александар Вучиќ за време на презентацијата на предизборната програма на неговата партија. Според српските медиуми, Вучиќ открил дека добил „некои чудни информации на Телеграм во текот на попладневните часови“. „Но, ние ги анализиравме и сè ќе биде во ред. Тоа се однесува на ситуацијата во регионот и ќе успееме да го зачуваме мирот. Слободно бидете мирни. Сакаме луѓето да живеат во слобода, да живеат во мир, да живеат од својата работа“, рече тој. Вучиќ…
Бугарското Министерство за внатрешни работи ја отстрани веста од својата интернет-страница за апсењето на лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, јав БГНЕС. Претходно, ГЕРБ и бугарските медиуми објавија дека полиција го привела поранешниот премиер Борисов. Во Бугарја во голема заедничка операција со Европското јавно обвинителство. Се проверуваат 120 досиеја. Бугарските медиуми јавија дека се приведени Борисов, поранешниот министер за финансии Владислав Горанов и поранешната шефица на буџетската комисија Менда Стојанова. – Никој не е над законот напиша бугарскиот премиер Кирил Петков на Фејсбук како коментар на информацијата за апсењето на поранешниот премиер Бојко Борисов. Во меѓувреме бугарски медиуми објавија дека се…
Бугарската полиција го приведе поранешниот премиер на Бугарија и лидер на ГЕРБ, Бојко Борисов. Информацијата ја пренесуваат бугарските медиуми. Според новинарските извештаи, полицијата влегла и во домовите на други високи поранешни функционери. Објаснувањето од полицијата било „итна проверка“. Контроли се вршеле и во домовите на претставниците на големиот бизнис. Информацијата, според извештаите, ја потврдиле и високи извори од новата влада, објави 24 часа. Во тек е голема операција низ државата, која е заедничка со Европското јавно обвинителство. Се проверуваат 120 досиеја, изјавил извор од кабинетот за медиумот. Бугарските медиуми јавија дека се приведени Бојко Борисов, поранешниот министер за финансии Владислав…