Author: Ivana

Бошњачкиот член на Претседателството на Босна и Херцеговина, Шефик Џаферовиќ истакна дека изјавата на рускиот амбасадор во БиХ, Игор Калабухов, дека Русија ќе реагира во случај на прием на БиХ во НАТО, како и спомнувањето на Украина во тој контекст, претставува „недозволива закана и напад врз суверенитетот на БиХ“. – Босна и Херцеговина е суверена држава која самостојно ќе одлучува за својата иднина, врз основа на својот Устав и закон, земајќи ги предвид волјата и интересите на своите граѓани, а не туѓите интереси, соопшти Кабинетот на Џаферовиќ. Тој додаде дека „Русија не може да го присвои правото да одлучува за…

Read More

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ  во рамки на посета на Тирана оствари средба со заменик претседател на Владата, Арбен Ахметај, албанската министерка за надворешни работи Олта Џачка и Зеф Мази, главниот преговарач за пристапување на Република Албанија во ЕУ. На средбите со високите државни претставници, уште еднаш беше потврдивме ставот дека двете држави не се откажуваат од ЕУ и покрај предолгото чекање, како и важноста Европската Унија да го поддржува процесот на интеграција на Северна Македонија и Албанија. -Двете пријателски земји имаме заеднички пат кон членство во европското семејство, пат на кој покажавме зрелост и…

Read More

Советот на Европа денеска соопшти дека ги прекинува односите со Белорусија поради „активното учество на таа земја“ во руската инвазија врз Украина. Извршното тело на Советот на Европа, Комитетот на министри, „денеска одлучи да ги прекине сите односи со Белорусија. Комитетот на министри го суспендира правото на Белорусија да учествува на сите состаноци и активности на организацијата“, соопшти Советот на Европа. Комитетот на министри ја прекинува цела техничка соработка со Белорусија, но одлучи да ги задржи и зајакне врските со белоруското граѓанско општество и опозицијата во егзил, соопшти Советот на Европа, додавајќи дека наскоро ќе бидат преземени и други иницијативи…

Read More

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 3,31% во однос на одлуката од 16.03.2022 година. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 2,00 денари/литар, додека малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за 3,00 денари/литар. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 2,228 денар/килограм и сега ќе изнесува 54,521 ден/кг. Од 18.3.2022 година од 00:01 часот максималните цени на  нафтените деривати ќе изнесуваат: Моторен…

Read More

Украина и Русија сериозно ги сфаќаат мировните преговори, но останува многу голем јаз меѓу двете страни, тврдат неименувани западни претставници, при тоа додавајќи оти рускиот претседател Владимир Путин најверојатно не е подготвен за компромис. Иако и двете страни истакнаа дека е постигнат ограничен напредок во преговорите оваа недела, Путин покажа малку знаци на попустливост во својот говор, обвинувајќи ги „предавниците и ѓубрињата“ во неговата земја кои му помагаат на Западот. Според украинскиот претставник на „преговарачка маса“ се правно обврзувачки безбедносни гаранции за Украина. Тоа би значело група сојузници кои би морале да ја штитат Украина во случај на руски напад.…

Read More

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими заменик премиерот и министер за одбрана на државата Катар, Калид бин Мохамед Ал Атија при што на средбата беше изразено задоволство од позитивниот тренд во развојот на политичкиот дијалог и билатералните односи меѓу двете земји, и беа разгледани можностите за интензивирање на одбранбената соработка со Катар. Како што соопштија од кабинетот на шефот на државата, претседателот Пендаровски ја поздрави конструктивната политика на Катар во одржување на регионалната стабилност и нивната улога за унапредување на глобалната безбедност и изрази поддршка за активностите кои ги презема Катар во рамки на Истанбулската иницијатива за соработка. Притоа, се…

Read More

Извршителите на воени злосторства во Украина ќе бидат повикани на одговорност, предупредува Групата седум најиндустриски развиени земји, осудувајќи ги „недискриминирачките напади врз цивили“ од страна на руските војници од почетокот на инвазијата на 24 февруари. „Поради неиспровоцираната и срамна војна на претседателот Владимир Путин, милиони се принудени да ги напуштат своите домови; Уништување на инфраструктурата, болници, театри и училишта е во тек“, се вели во соопштението на министрите за надворешни работи на Г7. „Оние кои се одговорни за воени злосторства, вклучително и неселективна употреба на оружје против цивили, ќе бидат одговорни“, предупредуваат тие. 

Read More

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, придружуван од министерката за одбрана, Славјанка Петровска, се сретна со делегација од Државата Катар, предводена од Халид бин Мохамед Ал-Атија, заменик-премиер и државен министер за одбрана. На состанокот е изразена заедничка определба за унапредување на соработката во областите на одбраната и на економијата. Пренесена е покана до премиерот Ковачевски, од премиерот во Доха, за официјална посета на Катар. Оценето е дека Република Северна Македонија покажува лидерство во решавањето отворени прашања и бележи напредок. Претседателот на Владата, Ковачевски, соопшти дека Република Северна Македонија ја смета Државата Катар за пријателска земја и соопшти…

Read More

 Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба денеска побара од Турција да биде „еден од тие што гарантираат” за можниот договор со Русија, рече неговиот колега Мевлут Чавушоглу, кој е во посета на Лавов во западна Украина. „Украина поднесе предлог за колективен безбедносен договор: П5 (пет постојани членки на Советот за безбедност) плус Турција и Германија“, додаде Чавушоглу. „Во моите вчерашни контакти во Москва, видов дека Руската Федерација нема забелешки и дека може да прифати таков предлог“, рече министерот, кој вчера во Москва се сретна со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров. Во изјавата оо двете дипломатски средби, Чавушоглу…

Read More

Министерот за здравство, Беким Сали присуствува на состанок на високо ниво за здравје и миграции, кој се одржува денеска и утре во Истанбул, Турција, организиран од Светската здравствена организација.   – Особено е значајно да се погрижиме мигрантите и бегалците не само да имаат пристап до здравствените услуги кога им се потребни, туку и овие услуги да се приспособат соодветно на демографските промени во општеството, притоа целосно почитувајќи ги човековите права и достоинството на мигрантите, потенцираше министерот Сали во своето обраќање на состанокот. На маргините на состанокот, министерот Сали се сретна со регионалниот директор на СЗО за Европа, Ханс Клуге, при…

Read More

Преку безбедносни канали на комуникација, Атина до Киев одговорила негативно за евентуалната можност да испрати дополнително оружје од грчката армија за зајакнување на одбраната на Украинците, објави грчкиот весник „Катимерини“, јави дописничката на МИА од Атина. Весникот, повикувајќи се на добро информирани извори пишува дека не постоело официјално барање од Киев до Атина, туку украинската страна ја испитувала можноста за евентуално Грција да испрати противвоздушни системи од стара советска технологија, односно дел од противвоздушните системи со краток дострел TOR-M1 или OSA-AK од военото воздухопловство и армијата . Исто така, надлежни извори додале дека барем засега не се покренува прашањето за…

Read More

Нула толеранција за корупцијата за општество еднакво за сите, порача премиерот Димитар Ковачевски на денешната тркалезна маса „Култура на интегритет – Пат до успех во борбата против корупцијата“, нагласувајќи дека политичката волја е клучна во борбата против корупцијата. Тој информира дека ги има поминато сите обуки, врвни легислативи во борбата против корупцијата и јасно му е каде треба да стигнеме по процесот на спроведување на сите реформи во областа на борбата против корупцијата. – Дали сме блиску, не многу сме далеку. Пред нас имаме многу работа, а таа работа зависи од посветеноста прво на сите одговорни политички ресори во државата…

Read More