Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Ivana
Здравствените власти во Италија соопштија денеска дека славењето ширум земјата по повод триумфот на фудбалската репрезентација на неодамнешното ЕУРО2020 влијаело на пораст на бројот заразени со коронавирус. Европската титула се славеше низ цела Италија, а централната прослава се одржа на 12 јули во Рим каде десетици илјади луѓе ги поздравија фудбалерите, кои се возеа во отворен автобус. Епидемиолозите предупредија на раст на бројот новозаразени во изминатите три денови во областа Лацио, а особено во саботата. Советникот на италијанската Влада околу епидемиолошките мерки Марко Локатели посочи дека „јавните собирања помогнале вирусот да циркулира“. Тој во изјава за римскиот весник „Република“ наведе дека просечната…
На 26 јули ( понеделник) се најавува новото издание на „Филхармонија на отворено“ во Градскиот парк. Во рамки на овој уникатен проект ќе биде изведена музиката на култниот македонски бенд „Архангел“ во автентична оркестрација на Џијан Емин, кој воедно е и диригентот на концертот. Ова е ретка можност да се чујат безвременските песни на еден од најзначајните македонски бендови во изведба на Филхармонија и фронтменот на „Архангел“ – Ристо Вртев. Влезот е слободен, а почетокот е најавен во 21:00 часот. Концертот традиционално се реализира во соработка со Град Скопје.
Слепите лица за првпат добиваат алатка-Аудио читач, која им обезбедува поголема независност и непречено функционирање во секојдневието. – Аудио читачот има огромно значење затоа што ќе им го промени животот на најмалку 3000 слепи лица само во нашата држава. Слепите лица ќе бидат подобро информирани, активно ќе бидат вклучени во општественото живеење и најважно од се ќе бидат независни, посочи министерката Шахпаска. Читачот на македонски јазик кој е наречен „Кико“, е веќе готов и овозможува пишаниот текст да се слушне и разбере во аудио верзија. Во финална фаза е и Хана – албанската верзија, која наскоро ќе биде достапна и…
Министерството за здравство информира дека 16 пациенти со ковид се хоспитализирани на територија на цела држава. Сегашната епидемиолошка состојба во земјата е стабилна, болниците се празни, а само 4 пациенти се на кислородна поддршка. Иако здравствениот систем е подготвен во случај на влошување на ситуацијата, искрено се надеваме и посакуваме до тоа да не дојде. Единствен начин на превенција да не се соочиме со нов силен бран и ширење на опасниот делта сој е што помасовна имунизација. Кај нас досега се детектирани десетина случаи со делта сој и ниту еден од нив не беше вакциниран. Не само кај нас, последните…
Времениот Граничен премин Стрезимир – Рестелица на македонско-косовската граница од денеска и официјално е отворен за минување на граѓаните на двете држави, во присуство на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и неговиот косовски колега Џелал Свечла и вицепремиеркате на Косово Емилија Реџепи. Преминот што се наоѓа на планината Кораб, на тромеѓето Северна Македонија-Албанија- Косово, ќе работи до 1 септември годинава од 08.00 до 20.00 часот. За минување на границата ќе важат истите правила како и на другите гранични премини, односно важечка патна исправа (пасош или лична карта). Министерството за внатрешни работи информира дека преминот е значаен за развојот на…
Во последните 24 часа се направени 3.358 тестирања, а регистрирани се 21 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 13, Тетово – 5, Гостивар, Струмица и Дебар – по 1. Регистрирани сe 2 оздравени пациенти од: Скопје – 2. Не се регистрирани починати пациенти. Досега во земјата се направени вкупно 930.540 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.922, бројката на оздравени пациенти е 150.170, на починати е 5.487, а бројот на активни случаи изнесува 265.
Земјоделците очекуваа прес конференција на која власта ќе каже кога ќе бидат исплатени субвенциите и зошто уште не се исплатени дел од 2017, 2018 и 2019 година и кој ќе понесе одговорност за тоа, а не да лажат за наводна помош, обвинуваат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Од таму велат дека дека власта им должи на земјоделците, а никој не презема одговорност. – Заев кој во 2016 година дојде на власт лажејќи дека ќе има сигурен откуп и високи откупни цени за земјоделските производи сега никаде го нема и ги остави земјоделците на маргините. Со СДСМ земјоделците секоја година го фрлаат родот…
Расте бројот на загинати во поплавите во Западна Европа. Според последните информации, последните бројки во изминативе 24 часа достигнаа до 180, откако спасувачите цела ноќ работеа во потрага по прежиевани. Силниот дожд донесе нови поплави во Австрија и југоисточна Германија, но не толку големи како тие од минатата недела. Германската полиција соопшти дека над 110 лица загинале само во округот Арвајлер во западна Германија, една од најпогодените области. Локалните власти стравуваат од зголемување на бројот на загинати. Германската канцеларка Ангела Меркел денеска ќе го посети селото Шулд во близина на Арвајлер кое беше уништено од поплавите. Претходно поплавениот регион го…
Во тек е имплементација на капиталниот проект за изградба и санација на локални патишта и улици во општините, со кој обезбедуваме подобра инфраструктура во општините и го олеснуваме животот на граѓаните.Со 70 милиони евра директна помош за општините во наредниот период планираме да реконструираме околу 450 километри локални улици и патишта во сите 80 општини во државата, порача денеска на прес-конференција, Благој Бочварски, Претседател на Комисија за транспорт и врски на СДСМ. Со првиот повик опфативме 17 општини и реконструкција на 27 улици со вкупна должина од 23,62 километри, вреден преку 4 милиони евра. Активно работиме на реконструкција на улици…
Полициски службеници од СВР Тетово утрово во 3.05 часот привеле тројца тетовци, сопственици на угостителски објект, кои организирале веселба со околу 200 гости. приведени се и други две лица од Тетово, кои агресивно се однесувале кон полициските службеници. – Во угостителски објект во Тетово од полициски службеници од СВР Тетово утрово во 3.05 часот се лишени од слобода С.Т.(26), М.Г.(26) и Н.П.(26), сите од Тетово, сопственици на угостителски објект, поради постоење основано сомнение дека сториле кривично дело казниво по член 206 од Кривичниот законик, соопштија денеска од МВР. Тие постапувале спротивно на здравствените прописи за време на епидемија и во…
По пауза од една година поради ковид-пандемијата, викендов се одржува Галичката свадба на која годинашни невеста и зет се Катерина Илиевска и Филип Бундовски. Манифестацијата почна вчера со традиционалните свадбени обичаи – китење, редење на бајракот и „фрлање пушки“, „пречек на топаните“, изведба на ората „Свекрвино“, „Тешкото“ и „Невестинско“, а ќе заврши денеска со венчавка на младенците во црквата „Св. Петар и Павле“ во Галичник. Галичката свадба се одржува под покровителство на претседателот Стево Пендаровски и со поддршка од Министерството за култура. Организатор е Месната заедница „Галичник“ која на прес-конференција соопшти дека викендов во Галичник ќе има посебен режим во…
Првата група македонски спортисти пристигна во Токио и веќе се сместени во Олимпиското село во јапонската престолнина, која од 23 јули до 8 август ќе биде домаќин на најголемата светска спортска манифестација. Македонската олимписка експедиција за Игрите во Токио брои осум спортисти, кои ќе се натпреваруваат во седум дисциплини. Настап под македонското знаме на Олимписките игри изборија пливачите Миа Блажевска – Еминова и Филип Деркоски, таеквондистот Дејан Георгиевски, атлетичарот Јован Стојоски, каратистката Пулексенија Јовановска, џудистката Арбреша Реџепи, стречалот Борјан Бранковски и борачот Могамедгаџи Нуров. Македонски знаменосци на свеченото отворање ќе бидат Реџепи и Георгиевски. Први од македонските олимпијци ќе настапат Дерковски и…