Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Отворен времениот граничен премин Стрезимир-Рестелица

0
By Ivana on July 18, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, July 18, 2021 15:35

Времениот Граничен премин Стрезимир – Рестелица на македонско-косовската граница од денеска и официјално е отворен за минување на граѓаните на двете држави, во присуство на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и неговиот косовски колега Џелал Свечла и вицепремиеркате на Косово Емилија Реџепи.

Преминот што се наоѓа на планината Кораб, на тромеѓето Северна Македонија-Албанија- Косово, ќе работи до 1 септември годинава од 08.00 до 20.00 часот.

За минување на границата ќе важат истите правила како и на другите гранични премини, односно важечка патна исправа (пасош или лична карта).

Министерството за внатрешни работи информира дека преминот е значаен за развојот на туризмот на општините од двете страни на границата, како и за меѓусебното поврзување на жителите од општините ќе ги задоволи потребите во овој период на граѓаните кои живеат на подрачјето на Општина Маврово и Ростуше, Република Северна Македонија и Општина Драгаш, Република Косово, а ќе ги користат во најголем број жителите на селата Ростуше, Велебрдо и Жировница – од македонска страна, и на селото Рестелица, од косовска страна.

-Денешново отворање на времениот Граничен премин Стрезимир – Рестелица е уште еден наш заеднички   придонес во име на заедничките цели – граници што ќе бидат безбедни и отворени за граѓаните. Овој граничен премин, иако по својот обем и карактер е практично од локален тип, сепак е во интерес на жителите од пограничните региони, за нивно непречено транзитирање од двете страни на границата, независно дали станува збор за економски, приватни или други причини, истакна Спасовски.

Со оглед дека преминот по правило функционира во летниот период, укажа,  во текот на едномесечното работење во 2019 година регистрирани беа речиси 1.900 преминувања, што е респектабилна бројка за еден ваков времен граничен премин.

Спасовски порача дека граничната безбедност заедно со слободниот и непречен трансфер на стоки и патници преку границите, се примарни цели на системот на интегрирано гранично управување, но и на регионалната и, пред сѐ, на билатерална гранична соработка, соопшти МВР.

Вицепремиерот на Република Косово, Емилија Реџепи, пак, потенцираше дека отворањето на овој граничен премин е од исклучитечно значење за локалното население од овој регион и изрази голема благодарност до министерот Спасовски за придонесот околу зближувањето на двете општини преку отворањето на овој граничен премин.

Според Спасовски, Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија, градејќи една проактивна позиција, со цел континуирано унапредување и развој на граничната полициска служба, за поинтензивна соработка со сите соседи, а во насока на заедничко обезбедување на границите и регионалната безбедност, динамично продолжува со оваа своја практика и останува отворено кон сите регионални и европски иницијативи, програми, активности што се во интерес на граѓаните на Република Северна Македонија, но и на тие од регионот и соседството.

-Наше е, како институции, во доменот на своето работење и законски надлежности, постојано да даваме максимум во сервисирањето на потребите на нашите граѓани, да ги детектираме нивните потреби и интереси и во тој поглед да дејствуваме, унапредувајќи ги сервисните капацитети инфраструктурно, технички, нормативно“, порача министерот Спасовски, оценувајќи дека соработка со колегите од косовското Министерство за внатрешни работи, вклучително и во делот на граничното управување и граничната безбедност, од година во година бележи евидентен напредок, порача Спасовски.

Северна Македонија и Косово актуелно имаат два гранични премина – Блаце (Генерал Јанковиќ) и Јажинце (Глобочица).

Граничниот премин  Стрезимир – Рестилица, кој подолг период воопшто не функционираше, беше отворен во истиот период во  2018-та, потоа и следната 2019 година, додека лани поради пандемијата не беше отворен. Како привремен, официјално профункционира во август 2003 година и се користеше од март до октомври од 7 до 19 часот.

Друштвата на Македонците од подрачјето на Гора бараат преминот да има постојан граничен режим, што значи да биде отворен 24 часа и да може да минува секој.

Косово Македонија Оливер Спасовски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.