Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бочварски: Со СДСМ се гради како никогаш досега

0
By Ivana on July 18, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, July 18, 2021 12:59

Во тек е имплементација на капиталниот проект за изградба и санација на локални патишта и улици во општините, со кој обезбедуваме подобра инфраструктура во општините и го олеснуваме животот на граѓаните.Со 70 милиони евра директна помош за општините во наредниот период планираме да реконструираме околу 450 километри локални улици и патишта во сите 80 општини во државата, порача денеска на прес-конференција, Благој Бочварски, Претседател на Комисија за транспорт и врски на СДСМ.

Со првиот повик опфативме 17 општини и реконструкција на 27 улици со вкупна должина од 23,62 километри, вреден преку 4 милиони евра.

Активно работиме на реконструкција на улици во општините Карпош, Ѓорче Петров, Тетово, Кратово, Берово, Македонски Брод, Прилеп, Неготино и многу други, се градат улици и патишта како никогаш досега.

Во завршна фаза е вториот повик, за овој проект со кој започнува реконструкција на 35 улици во 21 општина, со вкупна должина од 35,5 километри, со вредност од околу 7 милиони евра, а во тек е подготовка на трет повик, со кој треба да се опфати реконструкција на дополнителни 60 километри локални улици.

На секоја општина за оваа намена на располагање и стојат од 500.000 до 2 милиони евра. Тоа се неповратни средства, со кои општините реконструираат улици и патишта, кои се приоритет за граѓаните од нивната општина.

До крајот на 2022 година очекуваме да бидат рехабилитирани меѓу 120 и 150 километри локални улици и патишта.
Со овој проект, за изградба и санација на локални патишта и улици во општините го подобруваме урбаното живеење, обезбедуваме локален економски развој, безбедност во сообраќајот и подобра комуникација меѓу граѓаните.

СДСМ како одговорна партија со реализацијата на капиталните проекти директно влијае на економијата, го поттикнува економски раст, ја подобрува инфраструктурата и го зголемува квалитетот на животот на граѓаните, рече Бочварски.

Благо Бочварски градење патишта
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Избори во Израел: Израел: Нетанјаху останува без мнозинство, истрага за можно странско мешање

October 29, 2026

Девет работи што новата влада на Србија не смее да ги направи – поуки од Северна Македонија

October 28, 2026

Студот и темнината како оружје: Комисија на ОН утврди руски злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026

Највисок степен на терористичка закана во Србија по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Избори во Израел: Израел: Нетанјаху останува без мнозинство, истрага за можно странско мешање

October 29, 2026

Девет работи што новата влада на Србија не смее да ги направи – поуки од Северна Македонија

October 28, 2026

Студот и темнината како оружје: Комисија на ОН утврди руски злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026

Највисок степен на терористичка закана во Србија по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.