Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Ivana
Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари – мај 2021, изнесува 2 825 215 000 евра и бележи пораст од 44.3 отсто во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увезената стока, во периодот јануари – мај е 3 834 407 000, што е за 39.5 проценти повеќе во споредба со првите пет месеци лани, соопшти Државниот зваод за статистика. Трговскиот дефицит изнесува 1 009 192 000 евра, а покриеноста на увозот со извоз е 73.7 отсто. Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи…
Можностите од инфраструктурното поврзување помеѓу двете држави значат отворен простор за развој на економијата и на инвестицискиот амбиент, што носи економски придобивки за граѓаните на двете земји. Ова беше оценката на средбата помеѓу Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, со новоименувата амбасадорка на Република Србија во нашата држава, Невена Јовановиќ. Во таа насока е потенцирано значењето на регионалното економско поврзување и на создавањето заеднички регионален пазар, којшто може да биде конкурентен на европските пазари и пошироко на меѓународен план. На состанокот се изразени честитки до премиерот Заев и до Владата за организацијата на „Преспа форум дијалог“, на којшто,…
Во рамките на проектот за итно справување со кризата предизвикана од вирусот КОВИД-19 кој е финансиран од страна на заемот од Светска банка, набавени се најсовремени медицински апарати, информираат од Министерството за здравство. Од таму велат дека во текот на вчерашниот ден започна испораката и инсталација на апаратите и истите се веќе инсталирани во Институтот за белодробни заболувања кај децата – Козле, Штип, Струмица, Куманово и Гевгелија, а во текот на следните денови ќе бидат опфатени и сите останати установи во согласност со набавката на медицинската опрема. – Се работи за 17 Ултразвучни уреди и 17 Мобилни рентген апарати кои…
По детектирањето на седум пациенти кај кои е утврдено присуство на индиската варијанта, се испостави дека истите не биле вакцинирани, што уште еднаш го потврдува фактот колку е потребно граѓаните што побрзо да се вакцинираат, соопштија денеска од Министерството за здравство. Според Министерството, вакцинацијата е единствен начин да се спречи ширењето на делта сојот во земјава, а со тоа де се спречи и евентуален нов силен бран на вирусот. – Делта сојот е присутен во околу 100 земји во светот, оттука ние како држава не може да бидеме изземени тој да се рашири и кај нас. Состојбата во нашата земја,…
Денеска се затвара јавниот повик за субвенции за вградување на уред на погон на течен гас (ТНГ), метан или друг вид на алтернативно гориво во возилата, соопшти Министерството за економија. Според јавниот повик кој беше објавен на 7 јуни, сите граѓани кои што ќе вградат ваков вид уреди во своите возила ќе можат да остварат право на поврат од 50 проценти од средствата за вградување на плински уред, но не повеќе од 18.000 денари односно 300 евра. За да добијат субвенции, сопствениците на возила произведени од 2005 година па наваму, треба да извршат купување и вградување на уред за погон…
Министерот за надворешни работи Бујар Османи, во врска со предложената резолуција на опозоциската партија ВМРО-ДПМНЕ за евроинтеграцискиот пат на земјата, денеска изјави дека неговата партија ДУИ е на ставот дека овој процес треба да се почне од нула, да седнат политичките партии консензуално, а не да биде наметната од една парија. -Се плашам дека може од државна со ваква резолуција да преминеме во етничка позиција, вели Османи. И покрај притисоците од опозицијата, посочи министерот, не навлеговме во негативен дискурс со Бугарија и пред очите на светот добивме признание дека ние сме во право. -Постигнавме етнички консензус. Никогаш државата не била…
Република Северна Македонија е држава во која принципот на еднаквост и недискриминација се применува во сите области од општественото живеење: социјалната заштита, здравството, образованието, работните односи и правосудството. Почитувањето и унапредувањето на човековите права и слободи е наш приоритет како Влада, истакна министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска во видео обраќањето на виртуелната конференција организирана од Меѓународната Колиција за еднакви права во која членува и нашата земја. Во насока на креирање на политики и преземање на активности за справување со дискриминацијата во државата, министерката Шахпаска ги посочи двата закони кои неодамна беа донесени во нашата драва. „Минатата година…
Министерството за здравство реагира на дел од објавите и пренесени ставови во медиумите дека кинеската вакцина „Синовак“ „не штити од делта сојот“ и од тешка клиничка слика при разболување на вакцинираните со оваа вакцина. – Ова тврдење е апсолутно неточно, нема ниту една студија или научен доказ кој ова го потврдува. Апелираме медиумите да не пласираат непроверени тези од поединци кои не се засновани на официјални информации од меѓународните здравствени институции. Досегашните анализи и официјални инофрмации на СЗО која ја одобри оваа вакцина, покажуваат дека истата е ефикасна 51% при заштита на асимптоматските случаи и штити 100% од развој на…
Четири пожари беснеат во Скопје и неговата околина. Како што дознава Нова ТВ од противпожарната единица пожар има кај Сити Мол, на улицата Јордан Мијалков во станбена зграда и пожари кај Радуша и Јурумлери. Засега причините за пожарот се познати само за оној на улицата Јордан Мијалков, кој настанал од запалена машина за перење. Противпожарната единица уверува дека успешно се справува со гаснењето на огнот.
Игор Талевски од Скопје e eдинствениот Македонец кој ја заврши ултра велосипедската трка во САД долга скоро 7.000 километри. На само-поддржаната трка со велосипед низ САД, „Транс Америка рута“ (Trans Am Bike Race 2021) со растојание од 6.920 км од западниот до источниот брег, Талевски се рангираше на шестото место од вкупно 42-ца натпреварувачи. Се вози со велосипед низ 10 држави на САД, рутата покрива претежно северни држави. Концептот на трката е таков што целото возење мора да е самостојно, без никаква поддршка од тим и трката е една етапа од почеток до крај, без застанување на часовникот и се…
Министерот за здравство Венко Филипче соопшти дека денеска треба да се знае кога ќе стигне лекот за пациентите со цистична фиброза и изрази надеж дека тоа ќе биде до крајот на неделава. – Вчера пробавме и во секторот за ретки болести да комуницираат со добавувачите. Вчера не одговорија, денеска очекуваме да ни кажат. Треба да стигне од Велика Британија, рече Филипче. Тој додаде дека по денешната прес-конференција ќе провери дали има одговор. – Тоа што се обидовме и со меилови да искомуницираме, да се прати лекот по ДХЛ да стигне што поскоро, а во МАЛМЕД да направат постапка за одобрување…
Министерството за образование и наука и Владата продолжуваат со подготовката на дигиталните материјали за учење и покрај повлекувањето на Предлог-законот за учебници од собраниска процедура. Реформите ќе почнат според утврдениот план од септември во прво и четврто одделение, истакна министерката образование и наука Мила Царовска на гостување во „Утрински брифинг“ на Слободна ТВ. -Ние ќе продолжиме со имплементација на реформите. Светот се менува толку брзо што учебниците брзо застаруваат, затоа не е прашање дали ние сакаме или не дигитални учебници, туку дека мораме да ги воведеме затоа што тие ќе понудат поинаков пристап во учењето, од печатените учебници кои се…