Author: Ivana

Во пресрет на високите температури, стартуваше новата летна сезона во Аква Паркот во склоп на СЦ „Борис Трајковски. По пауза од една сезона поради пандемијата, Аква паркот повторно нуди интересни содржини за сите возрасти-десет атрактивни тобогани, базенот со бранови, бумерангот, детскиот базен, како и детско катче за забава во песок. Водата во сите базени е збогатена со калциум хипохлорит, што ја прави најчиста, најквалитетна и најбезбедна по сите светски стандарди и е единствена од таков тип во нашата држава. Аква Парк Скопје е отворен секој ден од 10:00-19:00

Read More

По 5% бонус на платите за месеците март и април, им се исплаќаат на вработените во ЈЗУ, информира Министерот за здравство, Венко Филипче. Тој истакна дека исплатите почнаа од вчера, продолжуваат денеска и в понеделник. – Ветено и реализирано. По 5% бонус на платите за месеците март и април, им се исплаќаат на вработените во ЈЗУ. Исплатите почнаа од вчера, продолжуваат денеска и в понеделник. За две недели ќе биде исплатен и бонусот од 5% за месец мај. Медицинскиот и немедицинскиот кадар вработен во јавното здравство почнувајќи од март, ќе добива бонус на платите од 5%, во период од 9…

Read More

Автохтоното племе објави откритие на нови 750 неименувани гробови на местото на некогашниот интернат , што повторно ја шокираше Канада. ,, Истражувањата ги почнавме со георадар на 2 јуни и до вчера пронајдовме 751 необележан гроб“изјави водачот Кадмус Деломре. Станува збор за ново откритие во општината Мариевал на западот на земјата, второ за помалку од еден месец. ,, Тоа не е масовна гробница, тоа се неидентификувани гробови. Некои можеби и можеле да бидат идентификувани , но претставниците на Католичката црква ги отстраниле надгробните плочи, изјавил Деломре. Ова во Канада е криминален чин. Со соопштение се огласи и премиерот Џастин Трудо,…

Read More

Во Грција повеќе не е задолжително носењето на заштитни маски на јавните места на кои нема многу луѓе, одлучиле тамошните власти, прифаќајќи ги препораките на стручњаците за заразни болести. Грчкиот министер за цивилна заштита и кризни ситуации Никос Харадалијас, објави дека од понеделник немало веќе да има ниту полициски час кој дотогаш го има и ќе го има само навечер во должина од три часа. Оваа одлука е донесена порано од колку што било првично најавено пишува весникот ,,Катимерини“. ,,Нашето секојдневие драматично се менува на подобро“ изјавил Хардалијас. Од понеделник мерките попуштаат и во угостителските објекти на плажите.Во баровите ,…

Read More

Европскиот парламент денеска со мнозинство гласови го усвои извештајот на Хрватскиот европратеник Предраг Фред Матиќ за сексуалните и репродуктивните права. Извештајот на Матиќ предизвика вистинска бура во хрватската јавност при што тој се соочи со остри напади од конзервативците и бискупите. Но, она што денеска посебно привлече внимание е начинот на кој европарламентарецот го прославил усвојувањето на неговиот извештај. На фотографијата објавена на социјалните мрежи се гледа дека поминувањето на извештајот му значело многу, па чинот го прославил со подигнати раце и со скок во висина. ,,Конечно имаме јасен став, секој во ЕУ мора да има пристап кон контрацепција, медицински…

Read More

Данските и финските власти соопштија за први позитивни случаи на коронавирус кај навивачи, кои следеле натпревари од групната фаза на ЕУРО2020 во Копенхаген и во Санкт Петерсбург. Данските здравствени власти потврдија вечерва дека најмалку седум луѓе имале позитивен тест на коронавирус, откако присуствувале на натпреварите одиграни на стадионот „Паркен‘ во Копенхаген. Здравствените власти повикаа неколку илјади навивачи, кои го следеле натпреварот меѓу Данска и Белгија на 17 јуни да се тестираат, по што е потврдено присуство на делта сојот на Ковид-19 кај петмина од нив. Другите два случаи се констатирани по натпреварот меѓу Данска и Русија, одигран на 21 јуни, исто така, во Копенхаген.…

Read More

Македонскиот фудбалски репрезентативец Езѓан Алиоски се најде во идеалниот тим, кој читателите на британскиот сервис Би-Би-Си го избраа по натпреварите од групната фаза на Европското првенство. Левиот бек на македонската репрезентација доби втора највисока оценка (8,19) зад играчот за врска на Белгија, Кевин Де Брујне (8,36). Во идеалниот состав во избор на читателите на Би-Би-Си се најдоа и Каспер Шмајхел од Данска, Леонардо Спинацола од Италија, Симон Кјаер од Данска, Матеуш Клих од Полска, Џеорџино Вајналдум од Холандија, Мануел Локатели од Италија, Чиро Имобиле од Италија, Ромелу Лукаку од Белгија и Александер Исак од Шведска. Алиоски беше стрелец на еден од двата гола, кои македонската репрезентација ги постигна…

Read More

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски вели дека власта треба да ја согледа реалноста и да не крева лажна надеж за датум во октомври. – Не мислам дека октомври е опција и не мислам дека воопшто треба да се создава лажна надеж кај граѓаните. Затоа што и досега многу пати беше создавана лажна надеж, јас континуирано од 2018 досега говорам дека нема да има датум за почеток на преговори. Но, власта ги игнорираше сите информации, рече Николоски во „Тема на денот“ на дневникот на Сител телевизија. Николоски појасни дека во различни периоди од различни причини не добивавме датум, како што беше влегувањето…

Read More

Изградбата на коридорите е клучно прашање за поврзување на регионите. Коридорот 10 е веќе комплетиран како автопатско решение, а работиме и на комплетирање на Коридорот 8, истакна министерот за транспорт и врски Благоја Бочварски одговарајќи на пратеничкото прашање во попладневниот дел од собраниската седница. – Работиме на комплетирање на Коридорот 8. Од граничниот премин „Деве Баир“ со Бугарија кон Крива Паланка вршиме реконструкција на постоечкиот пат со доизградба на трета лента, реконструкција на сите мостови на таа делница во вредност од десет милиони евра. Продолжувајќи од Крива Паланка градиме нов експресен пат од две фази, од Крива Паланка до Ранковце.…

Read More

Извештајот на УНЕСКО за Охридското езеро треба да се прими како силен аларм за состојбата. УНЕСКО нема да дојде тука и да ни води грижа за целиот охридски регион, туку тоа е наша обврска, на институциите, на централните, на локалните и на граѓаните. Ќе продолжиме понатаму со сите активности како што се отстанување на бесправно изградени објекти, средување на природниот тек и аспект на поставување на плажите околу Охридското езеро, ќе продолжиме со доизградба на Колекторскиот систем, прочистителните станици кои во минатото се уништени и сето она што значи нормален развој согласно планот за управување со Охридското езеро и охридскиот…

Read More

Граѓаните на Северна Македонија се уште веруваат дека единствената правилна идеја е таа што води кон членство во Европската унија, вели министерот за правда Бојан Маричиќ во интервјуто дадено за хрватскиот неделник „Национал” за време на неодамнешната посета во Хрватска. Министерот за правда во интервјуто ја потенцира важноста од започнување на преговорите на нашата земја со ЕУ што е можно поскоро, затоа што, како што вели, граѓаните го губат ентузијазмот и довербата во Унијата. -Имавме доволно проблеми кога Франција го блокираше отворањето на преговорите, потоа отидовме на предвремени парламентарни избори, а оваа состојба дополнително ја влошува фактот дека во рамките…

Read More

Претседателот на Бугарија Румен Радев денеска нагласи дека брзото движење на Република Северна Македонија кон ЕУ зависи само од дијалогот со Бугарија. – Време е сите да разберат дека забрзувањето на европската перспектива за нашата најблиска држава зависи само од ангажманот и резултатите од дијалогот со Бугарија, изјави тој по пристигнувањето на дводневниот Европски совет во Брисел. – Јасно е дека луѓето во РСМ се наши браќа и ние сме должни да им помагаме, како и секогаш. Бугарија останува отворена за брзи, успешни билатерални преговори во интерес на граѓаните на двете земји, додаде тој. Според него, Бугарија успеала да инсистира…

Read More