Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бочварски: Изградбата на коридорите е клучно прашање за поврзување на регионите

0
By Ivana on June 24, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, June 24, 2021 19:54

Изградбата на коридорите е клучно прашање за поврзување на регионите. Коридорот 10 е веќе комплетиран како автопатско решение, а работиме и на комплетирање на Коридорот 8, истакна министерот за транспорт и врски Благоја Бочварски одговарајќи на пратеничкото прашање во попладневниот дел од собраниската седница.

– Работиме на комплетирање на Коридорот 8. Од граничниот премин „Деве Баир“ со Бугарија кон Крива Паланка вршиме реконструкција на постоечкиот пат со доизградба на трета лента, реконструкција на сите мостови на таа делница во вредност од десет милиони евра. Продолжувајќи од Крива Паланка градиме нов експресен пат од две фази, од Крива Паланка до Ранковце. Во овој момент се работи на едната фаза, а за втората фаза имаме избор на компанија што треба да ги продолжи градежните работи, а воедно се рехабилитира и веќе постоечкиот пат, истакна министерот Бочварски.

Во изминатите неколку години, како што посочи, е рехабилитиран и постоечкиот пат од Ранковце од Крива Паланка, а се работи и на рехабилитација на постоечкиот пат од Куманово до Страцин, односно во источниот крак од Коридор 8, каде се вложени над 90 милиони евра.

– Обиколницата Скопје, Тетово и Гостивар е комплетирано автопатско решение, останува да го надградиме автопатот од Тетово до Гостивар со целосно нова траса. И една од најтешките делници од Гостивар до Кичево што се проектира во две фази, објаснува министерот.

Како најголем капитален проект на државата од 600 милиони евра, Бочварски го спомена автопатот Кичево – Охрид на кој се работи во моментов. Исто така, додаде дека денес се работи на 70 нови проекти, што значат 70 нови точки за засилување на градежните работи, а 25 од нив се одобрени во Министерството за транспорт и врски.

– Што се однесува на Јужниот Коридор 8 во Охрид, тој е исто така дел од плановите на Владата, секако со почитување на препораките на УНЕСКО. Се работи на едно законско решение што ќе бара широка парламентарна поддршка, а доколку ја добие ќе започне со изградба, со што целосно ќе се затвори Коридорот 8, додава министерот за транспорт и врски.

бочварски Кичево коридор Охрид патишта
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ЦИВИЛ МЕДИА: Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Изборите во БиХ не донесоа пресврт: Додик останува силен фактор, европскиот пат под знак прашалник

October 5, 2026

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

ЦИВИЛ МЕДИА: Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Изборите во БиХ не донесоа пресврт: Додик останува силен фактор, европскиот пат под знак прашалник

October 5, 2026

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.