Author: Ivana

Помошта за пензионерите и за примателите на гарантираната минимална помош ќе  биде исплаќана директно на трансакциските сметки а не со ваучери, изјави на ТВ Сител министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска. Таа информираше дека со владината одлука околу 330.000 пензионери  и 36.000 домаќинства приматели на гарантирана минимална помош ќе земаат дополнителни 1.000 денари за месеците март, април и мај. Очекува измените во Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за пензиско и инвалидско осигурување што поскоро да ја поминат собраниската процедура, за да може помошта да биде исплатена според најавеното темпо. „Нема да има ваучери, туку по 1.000…

Read More

Земјите од Европската унија издвоија повеќе од 10.000 болнички кревети за Украинците, додека Франција е подготвена да ги прими своите први пациенти до крајот на неделата, изјавија денеска во Париз европската комесарка за здравство Стела Киријакидес и францускиот министер за здравство Оливие Веран. „Одвоивме повеќе од 10.000 кревети во болниците во земјите-членки за да ги префрлиме пациентите кои чекаат третман“, рече еврокомесарот, додавајќи дека ова вклучува кревети за болни деца, предвремено родени бебиња и нивните мајки, пациенти со рак и луѓе со тешки изгореници, како и пациенти во единиците за интензивна нега во украинските болници. Првите пациенти веќе пристигнаа во…

Read More

Во Буџетот за 2022 година, кој е усвоен во Собранието, предвидено е задолжување од 600 милиони евра. Од нив, 545 милиони евра се за покривање на дефицитот, планиран во Буџетот, а останатиот дел е за зголемување на депозитите што вообичаено се оставаат на крајот на годината за наредна година за резерви, изјави вечерва министерот за финансии Фатмир Бесими. Тој за емисијата „24 Анализа“ посочи дека предвиденото задолжување можеби ќе се прави на надворешниот пазар, со цел да се остават повеќе средства на домашниот пазар за економијата, но не е исклучено и дел од задолжувањето да се направи на надворешниот, а…

Read More

Европската унија воведе санкции за сопственикот на англискиот фудбалски клуб Челзи, рускиот олигарх Роман Абрамович, како дел од новиот пакет казнени мерки против Русија. ЕУ го додаде 55-годишниот Абрамович на ажурираната листа на поединци чии средства се замрзнати и забранети за патување поради нивната улога во руската инвазија на Украина. Унијата објави дека Абрамович „има привилегиран пристап“ до рускиот претседател Владимир Путин и дека „одржува многу добри односи“ со него. „Оваа врска со рускиот лидер му помогна да го задржи своето големо богатство“, соопшти ЕУ. Владата на британскиот премиер Борис Џонсон минатата недела веќе воведе санкции за Абрамович во таа…

Read More

Од полноќ се намалува цената на дизелот за три денари, а на Екстра лесното масло за домаќинство за 2,5 денари. Цената на бензините останува иста, одлучи вечерва Регулаторната комисија за енергетика. Според новата одлука на РКЕ, дизелот ќе се продава по цена од 85 денари за литар, а Екстра лесното масло за домаќинство за 81 денар за литар. Цените на бензините остануваат исти што значи дека Еуросупер БС-95 и понатаму ќе има цена од 86,5 денари за литар, а Еуросупер БС-98 цена од 88,5 денари за литар. Малопродажната цена на мазутот се намалува за 1,615 денар/килограм и сега ќе изнесува…

Read More

Американскиот претседател Џо Бајден ќе отпатува во Брисел следната недела за да се сретне со лидерите на НАТО алијансата и на Европската комисија. Прес секретарот на Белата куќа Џен Псаки ги објави плановите за патување на денешниот брифинг со новинарите. Таа рече дека американскиот претседател ќе присуствува на самитот на НАТО на 24 март за да разговара за тековните напори за одвраќање и одбрана поврзани со руската инвазија и да ја потврди „железната посветеност“ на САД кон Алијансата. – Очекувам дека ќе сподели повеќе од тие детали во следните 24 часа. Бајден, исто така, ќе се приклучи на претходно закажаниот…

Read More

Владата усвои антикризни мерки за рационализација на трошоци во јавниот сектор задолжувајќи ги сите буџетски корисници да ги намалат расходите за стоки и услуги за 10% и да достават соодветен предлог за рационализација на трошоците до Министерството за финансии најдоцна до 21 март. Мерките за рационализација забрануваат започнување на нови постапки за набавка на мебел и возила, освен за неопходните активности за работењето на институцијата по претходна согласност од Владата. Владата ги задолжи сите буџетски корисници и правни лица основани од државата, за 50% да ги намалат расходите за репрезентација, спонзорства и реклами, како и користење на службените возила задолжително.…

Read More

Со 250 милиони денари во интерветниот фонд ќе им се помага на земјоделците да ги намалат производствените трошоци во услови кога се зголемени цените на репроматеријалите и намалени откупните цени. Програмата за интервентен фонд е усвоена денеска на владина седница, а се носи за првпат. Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски вечерва во изјава за медиумите појасни дека се работи за средства кои се надвор од Програмата за субвенции со што ќе им се помогне на земјоделците во оваа тешка економска криза со која се соочува целиот свет. – Во овој тежок период, Владата и Министерството ги насочија сите…

Read More

Во обраќањето што пред малку го пренесе украинската амбасада во земјава, претседателот Володимир Зеленски повторно се наврати на НАТО. “Секоја од над 800-те руски ракети што ја погодија нашата земја е одговор на долгогодишното прашање за НАТО. Дали вратите на Алијансата се навистина отворени за Украина”, рече тој. “Да беа отворени, да беа искрени, немаше да треба 20 дена да ја убедуваме Алијансата да го затвори небото над Украина. Затворено од смртта која ја носат руските воздухопловни сили”, истакна украинскиот лидер. Тој посочи дека Алијансата не ја слуша Украина или не сака како што рече да ја слушне. “Некои држави…

Read More

Новинарката Марина Овсјаникова која вчера упадна во тв-програмата на руската државна телевизија со транспарент против војната во Украина доби парична казна од 250 евра. Судот ја прогласи Марина Овсјаникова за виновна за непочитување на законот за протести, објави руската државна новинска агенција РИА. Новинарката беше обвинета за организирање неовластен јавен настан, со што и се закануваше парична казна, општокорисна работа или 10 дена затвор. Овсјаникова беше приведена по протестот. Европската федерација на новинари (ЕФЈ) претходно побара итно ослободување на Овсјаникова. „Етичкиот чин на Овсјаникова ги потсетува новинарите дека тие се таму за да служат на вистината и на јавниот интерес,…

Read More

Американскиот претседател Џо Бајден ќе отпатува за Брисел на самит на ЕУ следниот четврток, изјави претставник на ЕУ. Во фокус на разговорите ќе биде руската инвазија врз Украина. Собирот на 24 март на американскиот лидер со неговите 27 европски колеги ќе го нагласи координираниот одговор на Западот кон Москва.

Read More

Албанскиот јазик официјално ќе се најде и на полициските униформи, информира преку својот фејсбук профил, првиот вицепремиер Артан Груби. – Уште една успешно извршена задача. Албанскиот јазик официјално и во полициските униформи. На денешната седница на Владата ја усвоивме измената на Уредбата за униформите и нивните симболи со која се предвидува употреба на албанскиот јазик како службен јазик во униформите на полициските служби согласно законот, напиша Груби.

Read More