Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Ivana
Во компаниите активни во ТИРЗ во мај е регистриран зголемен број на работни места од над 4,15% во однос на истиот месец од 2020 година. Се очекува ваквиот тренд да продолжи во наредните месеци поради тоа што во дел од компаниите веќе се спроведуваат процедури за отворање на нови работни места. Ова, имајќи предвид дека, според анализите на Дирекцијата за ТИРЗ, само постојните инвеститори имаат обврска да отворат дополнителни 7.000 нови работни места. Во однос на извозот, компаниите активни во зоните учествуваат со над 46% во вкупниот извоз на државата. Извозните активности во месец мај достигнаа 251 милиони евра, со што извозот…
Претседателот на СДСМ и премиер Зоран Заев повтори дека неговата партија е фаворит на локалните избори, затоа што граѓаните и јавноста, како што наведе на Фејсбук, знаат дека напредок и развој е возможен само со СДСМ. – Заедно со граѓаните ги креираме мерките и политиките што гарантираат развој и напредок и подобар квалитет на живот за сите. Сѐ што тие ќе побараат ќе биде нотирано и анализирано, а проектите кои се реални и остварливи ќе бидат дел од предизборната програма, а понатаму од Програмата за работа на општината. Покажавме дека за нас зборот важи и ќе го покажуваме тоа и…
Законското решение што го усвои Владата, а предвидува недела да биде неработен ден односно ден на неделен одмор е дел од политиката на Владата за заштита на правата на работниците. Со ова решение ние ги штитиме правата и на тие работници што поради виталноста на дејноста или технолошкиот процес мора да работат во недела, со тоа што превидуваме дневница поголема за најмалку 50 проценти и слободен ден во текот на слената недела, вели во интервју За МИА министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска. Убедена сум, додаваа таа, дека работодавачите со добар план и добра организација ќе го продолжат…
Потврда за завршена вакцинација или негативен ПЦР тест или потврда за прележан ковид-19, заедно со пополнет ПЛФ формулар и понатаму се задолжителни за влез во Грција, согласно новата министерска одлука на грчката Влада во која актуелните правила се продолжени за уште една седмица, односно до 21 јуни 2021 година, јави дописничката на МИА од Атина. Во новата одлука што е веќе објавена во Службен весник на Грција, а стапува во сила утре во 6 часот наутро, нема никакви промени во однос на претходната, а Македонија и понатаму е една од 23-те трети земји за кои постои исклучок од забраната за…
Данскиот фудбалер Кристијан Ериксен кој попладнево колабира за време на натпреварот меѓу Данска и Финска во рамки на Европското фудбалско првенство е во болница и е стабилен, објави УЕФА на официјалниот профил на Твитер. Според фотографиите и кои ги објавија повеќе светски агенции и медиуми, Ерискен уште додека го изнесувале од теренот, бил свесен, со кислородна маска. Публиката тоа не можеше да го види, бидејќи неговите соиграчи со чаршав го скрија неговиот соиграч додека на колична беше изнесуван од теренот. Фудбалерот на Данска Кристијан Ериксен колабира на теренот за време на првото полувреме од натпреварот меѓу Данска и Финска што…
Натпреварот помеѓу Данска и Финска е прекинат во 43. минута поради драматична сцена на теренот, откако фудбалерот на Интер, Кристијан Ериксен без никаква причина се струполи на теренот. Медицинската екипа веднаш втрча на теренот, а информациите од данската престолнина велат дека му се укажува вештачко дишење. Сите се со рацете на главата и никој не знае каков ќе биде конечниот епилог. Играчите на теренот направија жив штити околу телото на Ериксен за да спречат камерите да снимаат што се случува, но од кадрите можеше да се забележи дека лекарите се обидуваат да го реанимираат данскиот фудбалер. Ериксен на носилки беше…
Делови на Грција денеска беа зафатени од силно невреме, а во Солун загина маж откако со автомобилот бил повлечен од надојдената вода предизвикана од обилниот дожд, јави дописничката на МИА од Атина. Како што соопштија од противпожарната служба на Грција, безживотното тело на мажот било пронајдено во западниот дел од Солун, додека пак во тек е потрагата по неговото возило. Силно невреме ја зафати и Атина со обилен дожд и град, а во неколку населби од северниот дел имаше и прекини во снабдувањето со електрична енергија поради поплава на трафостаница.
Невреме проследено со обилни врнежи од дожд ја зафати попладнево романската престолнина предизвикувајќи им големи проблеми на УЕФА и романските организатори спроти утрешниот натпревар меѓу македонската и австриската репрезентација во рамки на првото коло од групата Ц на ЕУРО2020. Австријците денеска пристигнаа во Букурешт и според планираното требаше во 15:30 часот да го одржат својот прв и единствен тренинг на Националната арена во Букурешт пред утрешната пресметка со македонскиот состав. По едночасовно одложување поради обилните врнежи од дожд австриската репрезентација се упати кон другиот крај на градот на стадионот на романскиот прволигаш Стеауа, каде невремето предизвика проблеми и со тренингот на македонската репрезентација. Одлуката Австријците да не тренираат на…
Репрезентациите на Швајцарија и Велс одиграа попладнево во Баку нерешено 1:1 (0:0) во вториот натпревар од воведното коло во групата А на Европското фудбалско првенство. По неколку пропуштени шанси за гол во првото полувреме преку Харис Сеферовиќ и Фабијан Шар, Швајцарците поведоа во 49 минута со голот на напаѓачот на Борусија Менхенгладбах, Брел Емболо. Швајцарија продолжи да доминира во натпреварот, но непрецизноста пред противничкиот гол скапо ја плати во 74 минута, кога анемичниот Велс го израмни резултат преку Кифер Мур. На четири минути пред крајот на регуларниот дел од натпреварот, Марио Гаврановиќ биеше прецизно, но голот на Швајцарците беше поништен поради офсајд…
Извозот на сув цвет од канабис за медицински цели од Северна Македонија за пазарите во Европската Унија станува реалност, напиша премиерот Зоран Заев на својот фејбук профил. Тој упати честитки за првата македонска компанија – НЈСК Холдинг, која вложува во најсовремени стандарди за ваков вид фармацевтско производство и која доби лиценца за извоз на европските пазари, истакнувајќи дека Владата и надлежните институции, Министерството за здравство и Агенцијата за лекови и медицински средства даваат поддршка, со цел оваа индустриска гранка да се развива согласно светските текови и европските регулативи. – Имаме намера да основаме неколку фондови од дополнителните даноци што оваа…
Двајца српски државјани се лишени од слобода синоќа во 23.30 часот на автопатот А-1, кај тунели Јаворица, од полициски службеници од Полициската станица за Граничен надзор и Граничен премин Богородица, заедно со полициски службеници од Р.Словенија, откако во товарно возило, со српски национални ознаци биле пронајдени 62 лица мигранти. Од МВР денеска информираа дека лишени од слобода биле Х.Ф.(33) и М.Ф.(37), и двајцата од Р.Србија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по чл.418 од Кривичниот законик. – При контрола на товарно возило „ман“, со српски национални ознаки, управувано од Х.Ф., каде како совозач бил М.Ф.(37) биле пронајдени…
Логото и кратенката на името на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) кое стои на националниот дрес со кој македонските фудбалери ќе настапат на Европското првенство не е во спротивност со Преспанскиот договор, одговори попладнево Министерството за надворешни работи во Скопје на вчерашната реакција на официјална Атина до УЕФА. – Фудбалската Федерација на Македонија (ФФМ) е независна и непрофитна организација која во централниот регистар е регистрирана како здружение, и како такво не прима државни пари. Договорот од Преспа опфаќа институции кои примаат државни пари. И сè додека ФФМ не прима државни пари, нема обврска да се приспособи според Преспанскиот договор. Трговските марки во Договорот се дефинирани: кодот е МК, МКД. Некои прашуваат…