Author: Ivana
Москва и Вашингтон не сакаат да организираат средба меѓу рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претседател Џо Бајден, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. Американските медиуми претходно објавија дека се очекува претседателот Бајден да отпатува во Европа за да разговара за ситуацијата во Украина. „Нема да има средба Путин-Бајден“, одговори Песков на прашањето дали се разгледува можноста за средба меѓу претседателите на Русија и САД. Според телевизијата Ен-Би-Си, за време на своето патување во Европа, Бајден најверојатно ќе го посети Брисел, каде што се седиштата на раководните тела на НАТ О и ЕУ, но не се наведуваат дополнителни детали…
Поранешниот австриски вицеканцелар Ерхард Бусек, кој важеше за добар познавач на состојбите во Југоисточна Европа, ненадејно почина на 81-годишна возраст, објавија австриските медиуми. Од 1991 до 1995 година, Бусек беше лидер на Австриската народна партија (ОВП). За тоа време тој беше и вицеканцелар. Бусек беше експерт за состојбите во Западен Балкан и се залагаше за поголема улога на Унијата во Западен Балкан Тој беше и специјален координатор на Пактот за стабилност за Југоисточна Европа.
Француското претседателство на Советот на ЕУ соопшти попладнево дека е усвоен четвртиот пакет санкции против Русија поради инвазијата на Украина, јави дописничката на МИА од Брисел. Новите санкции се повторно насочени кон олигарси блиски до рускиот претседател, лица и ентитети инволвирани во нападот врз Украина и имаат за цел да ја погодат руската економија. Санкциите се однесуваат на клучни економски и индустриски сектори како енергијата, луксузните производи, пристап до глобалниот пазар и финансиските институции. Целта на ЕУ е да го ослаби темелот кој му овозможува на Кремљ да ја финансира војната во Украина.
Џулијан Асанж не доби дозвола да поднесе жалба до Врховниот суд на Велика Британија против потезите за негова екстрадиција во САД, соопштија денеска судот и Викиликс. Врховниот суд рече дека неговата апликација „не покрена спорна правна точка“. Викиликс соопшти дека министерката за внатрешни работи на Велика Британија, Прити Пател сега ќе одлучи дали да го одобри барањето. Американските власти го обвинуваат Асанж за 18 точки од обвинението, бидејќи Викиликс објави голем број доверливи американски документи, кои, според Вашингтон, загрозувале човечки животи. На 10 декември, САД го добија спорот за екстрадицијата на Асанж пред Високиот суд во Лондон. Асанж негираше дека…
Најмалку девет лица загинаа денеска во напад извршен од воздух врз телевизиска кула во областа Ривне во северна Украина, изјави локалниот гувернер Виталиј Ковал. Како што наведе, во нападот се повредени уште девет лица. „Се уште има луѓе под урнатините“, додаде тој.
Претседателот на Собранието Талат Џафери, денеска оствари средба со високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика и потпретседател на Европската комисија Жозеф Борел Фонтел. На средбата присуствуваа и координаторите на пратеничките групи и претставниците на помалите политички партии во Собранието. Од страна на Џафери, како што соопшти прес-службата на Собранието, беше искажано задоволството за реализацијата на посетата во моменти кога е повеќе од потребна јасна потврда на европската перспективна на земјата, имајќи ги предвид, како што кажа, тековните настани во Украина и одредени случувања во нашето соседство, кои покажуваат колку брзо може да се промени мирот и стабилноста…
Сојузот на стопански комори на Македонија потпиша Меморандум за соработка со Стопанската комора на Република Чешка согласно кој двете деловни организации заеднички ќе делуваат во насока на унапредување на економската соработка и зголемување на трговската размена меѓу двете земји преку воспоставување на директна комуникација меѓу деловните ентитети. Меморандумот за соработка го потпишаа претседателот на Сојузот, Трајан Ангелоски и директорот на Стопанската комора на Чешка, Јиржи Хансл во присуство на високи претставници на организациите и деловните заедници од двете земји по одржана билатерална средба. Договорот предвидува двете комори да ја продлабочат соработката во насока на склучување на директни партнерства за зацврстување на…
Министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО ќе се сретнат в среда во Брисел на вонреден состанок на кој ќе разговараат за руската инвазија на Украина, соопшти турското Министерство за одбрана. Во соопштението се вели дека турскиот министер за одбрана Хулуси Акар ќе отпатува за Брисел за да учествува на состаноците и ќе има билатерални разговори со своите колеги.
Неопходно е да се започне со фискална консолидација, со внимателно и домаќинско располагање на државните пари во пресрет на идните предизвици, а при веќе големи кумулирани обврски кои доставуваат за отплата во наредниот период, истакна на денешната средба претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски со директорот на Канцеларијата на Светска Банка за Македонија и Косово, Масимилиано Паолучи. На состанокот се разговараше за актуелната економска ситуација во земјата со фокус на проектите кои се финансирани од страна на Светска банка. Претседателот Мицкоски укажа дека задолжувањето веќе е до алармантно ниво и затоа само преку брзо воспоставување на фискални правила може да се…
Британската кралица Елизабета (95) во пораката по повод Денот на Комонвелтот, нагласи дека нејзиниот живот секогаш ќе биде посветен на службата, откако беше принудена да ја откаже посетата на годишната миса по повод овој ден. Елизабета, најстарата и најдолготрајната кралица на светот, чие здравје почна да предизвикува загриженост, во петокот објави дека ќе отсуствува од мисата на Денот на Комонвелтот во лондонската Вестминстерска опатија, на која кралското семејство присуствуваше речиси 50 години. Бакингемската палата соопшти дека кралицата ќе ја претставува нејзиниот син и престолонаследникот Чарлс. Одлуката не е поврзана со некоја болест, туку поради загриженост дека кралицата ќе го издржи…
Набавката на медицинска опрема во рамки на Јапонската грант програма за економски и социјален развој, е уште еден доказ за успешната и пријателска соработка помеѓу Северна Македонија и Јапонија, изјави заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, на денешното примопредавање на јапонската донација на медицинска опрема на Клиничкиот Центар „Мајка Тереза“. Набавената медицинска опрема за клиниките од Мајка Тереза и за Градска болница 8 Септември, во износ од околу 813.000 евра, , како помош за зајакнување на здравствениот систем во нашата земја и унапредување на здравствените услуги кон нашите граѓани, кажа вицепремиерот Маричиќ на прес-конференцијата. Тој се…
Во време на голема нестабилност, која е резултат на воената агресија на Русија врз Украина, како никогаш досега се јавува потребата Европа да биде обединета, силна и целосно подготвена да ги одбрани демократските вредности на чии темели е изградена. Ова го истакна премиерот Димитар Ковачевски при посетата на високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност и потпретседател на Европската Комисија, Жосеп Борел. „Северна Македонија, како членка на НАТО и земја-кандидат уште од првите денови на конфликтот ја постави својата позиција во линија на своите сојузници од ЕУ, САД и НАТО. Силно ја осудивме воената агресија на Русија врз…