Author: Ivana

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска и претставници на Организацијата на работодавачи денеска одржаа прва работна средба на која главна тема беше барањето на синдикалците за  зголемување на минималната плата и важноста од социјалниот дијалог во државата. Министерката Тренчевска информираше  дека преку дијалог со работниците и работодавачите ќе бидат изнајдени најсоодветни решенија за утврдување на висината на минималната плата. „Дијалогот почнува во среда кога ќе го одржиме и првиот состанок на Економско социјалниот совет. Нашиот став е дека преку преговори за минималната плата во кои ќе учествуваат Владата, работодавачите и работниците со факти и аргументи треба да дојдеме…

Read More

Претседателот на државата Стево Пендаровски за утре свика седница на Советот за безбедност на која ќе се разгледа актуелната политичка и безбедносна состојба во регионот и пошироко. Како што соопшти неговиот кабинет, на седницата ќе присуствуваат редовните членови на Советот, претседателот на Собранието, Талат Џафери, премиерот Димитар Ковачевски, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, министерката за одбрана Славјанка Петровска, министерот за надворешни рбаоти Бујар Османи, професорот на Правниот факултет „Јустинијан I“ при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“, Ненад Марковиќ, професорот на Универзитетот на Југоисточна Европа, Ветон Љатифи и поранешниот министер за одбрана и универзитетски професор Трајан Гоцевски. На покана на претседателот,…

Read More

Бројот на починати во Европа во однос на оној на заразените, навестува дека омикрон е навистина „поблаг сој“. И покрај зголемениот број новозаразени во светот со појавата на омикрон, варијанта на коронавирусот, неделните извештаи за смртни случаи се релативно „стабилни“ и не покажуваат значаен скок од октомври минатата година, пренесува Кликс. Иако според досегашните показатели, омикрон предизвикува помалку тешка форма на болеста од, на пример, делта сојот, тој сепак останува опасен вирус, особено за оние кои не се вакцинирани. Според податоците на Worldometer, бројот на смртни случаи во земјите кои бележат најголем  број новозаразени, стагнира или е во благ пад,…

Read More

Членството на Северна Македонија во НАТО ја зацврсти стабилноста и безбедноста на Балканот, а особено на Западниот Балкан. Со учеството на над 60 припадници на Армијата во НАТО мисијата на Косово, КФОР, придонесуваме во регионалната безбедност и цврсто сме посветени на вредностите на Алијансата како кредибилен сојузник, рече министерката за одбрана Славјанка Петровска на денешната средба со Стјуарт Пич, специјалниот претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан кој престојува во својата прва официјална посета на нашата земја по преземањето на оваа функција во декември минатата година. Како што соопшти Министерството за одбрана, Пич како одличен познавач на Западниот Балкан, поранешен…

Read More

“Во делот на изградба на пругата на источниот дел на Коридорот 8 сме во финална фаза пред избор на фирма изведувач која ќе започне со градба напролет. Првите две делници од оваа со инвестициона вредност од околу 200 милиони евра очекуваме да бидат завршени за 36 месеци, со што преку капиталните проекти даваме силен импакт во градежниот сектор во време на ковид криза кога капиталните инвестиции се исклучително важни за државата”, вели Министерот за Транспорт и врски, Благој Бочварски за НоваТВ. НоваТВ: Министре Бочварски, иако во медиумите доста се шпекулираше дека на ваше место во новата Влада на Ковачевски ќе…

Read More

Поранешниот косовски премиер, актуелниот пратеник на опозицискиот Демократски сојуз на Косово, Авдулх Хоти вели дека е загрижувачко тоа што косовската влада не се координира со Скопје, Тирана и Прешевската долина при донесувањето мерки за спречување на ширењето на пандемијата на Ковид-19, јави дописникот на МИА од Приштина. На својата страница на Фејсбук Хоти напиша дека добил многу пораки од албанскиот град Кукеш, од местата со мнозинско албанско население во јужна Србија, како и од Скопје и Тетово, со барање да се укине обврската за приложување доказ за примени три анти-ковид вакцини или две вакцини плус негативен РТ-ПЦР тест при влез…

Read More

На два месеци пред редовните претседателски, вонредните парламентарни и изборите за град Белград, на 3 април, политичкиот живот во Србија е посветен околу договорите за кандидадските изборни листи и изборните колации за овие избори, јави дописникот на МИА од Белград. Кај владеачките партии, Српската Напредна Странка (СНС) и Социјалистичката партија на Србија (СПС), според медиумите се поизвесно е дека заеднички претседателски кандидат ќе биде лидерот на СНС Александар Вучиќ, кандидат за градоначелник на Белград ќе биде претседателот на општина Нов Белград и потпретседател на СНС, Александар Шапиќ, а до крајот на неделева Александар Вучиќ и лидерот на СПС, Ивица Дачиќ,…

Read More

И покрај најавите дека во 2022 треба да започне примената на Законот за работни односи, според кој породилното отсуство ќе трае повеќе од девет месеци, засега нема поконкретни информации кога истиот би претрпел одделни измени, односно новини и во делот на породилното отсуство. Министерството за труд и социјална политика во ноември минатата година во изјава за Нова ТВ потврди дека новиот Предлог Закон за работни односи е подготвен и дека наскоро се очеува да биде отворена широка Јавна расправа на која сите засегнати страни во општеството ќе имаат можност да ги изложат своите ставови, идеи и можни решенија. Неколку месеци…

Read More

Во пресрет на годишнината од смртта на еден од најпознатите музичари на овие простори, Ѓорѓе Балашевиќ, неговата ќерка Јелена – Беба Балашевиќ се огласи на Фејсбук и објасни зошто семејството нема да ја одбележи годишнината од неговата смрт. „Прославувањето на денот кога ’Некој Твој‘ си заминал од овој свет не е нешто што некогаш се практикувало во нашата куќа. Не поради ’непочит‘, туку токму спротивното. Се сеќавате на тој ’Некој‘ секој ден, го сретнувате во безброј мали дневни настани – улицата по којашто минуваш, песната што сте ја коментирале, спортски настан, средба со заеднички ликови… И не, не ти треба…

Read More

Околу 150.000 случаи на Ковид-19 се активни во Грција, а во изминатите седум дена зголемен е бројот на починати, во просек по 100 дневно, јави дописничката на МИА од Атина. Професорката Вана Папаевангелу која е и член на комисијата на епидемиолози во Министерството за здравство на Грција рече дека бројот на активни случаи не е дополнително намален во изминатата седмица и сè уште е околу 150.000, а за бројот на новозаразени, објасни дека во просек се 18.000 случаи дневно, додавајќи дека поради снежната бура и со оглед на тоа дека беа целосно во прекин работните и социјалните активности на граѓаните,…

Read More

 Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска изјави дека Русија сака дипломатија, а не војна, по американскиот повик да се „врати на преговарачка маса“ и да не ја напаѓа Украина. – Ние го избравме патот на дипломатијата пред неколку децении, истакна Лавров во интервју што беше пренесено на неколку руски медиуми. Тој нагласи дека Русија мора да работи со сите и тоа е нејзиниот принцип. – Ако е до Русија, нема да има војна. Ние не сакаме војни. Но, нема да дозволиме нашите интереси грубо да бидат газени, игнорирани, рече шефот на руската дипломатија. Акумулацијата на десетици илјади руски…

Read More

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (27.01.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 207 мерки, меѓу кои за недавање предност на пешаци 104 санкции, возење повеќе од дозволената брзина шест санкции, 10 мерки за возење без возачка дозвола, 17 санкции за технички неисправни возила. Изречени се две мерки за возач почетник, осум санкции за зборување на мобилен телефон, пет мерки за минување на затворен сигнал црвено светло, 14 санкции за прекршоци што ги чинат пешаците. Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните…

Read More