Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: НОВА ТВ Balaban
Навистина мислам дека тоа беше една слика којашто не доликува воопшто на ниту еден граѓанин, а не на институција којашто треба да се занимава со одгледување на животни, со една хумана професија. Така што, постапката и пред Обвинителството и пред надлежните органи, треба да се заврши до крај, се со цел да се прати јасна порака дека такви однесувања не смеат да се толерираат во иднина, потенцира Спасовски. Полициските службеници вчера во Зоолошката градина во Скопје се соочија со една слика која не доликува на ниту еден граѓанин, а камоли на институција која се занимава со одгледување животни, изјави министерот…
Советниците на Белата куќа не појаснија дали Бајден ќе се ракува со принцот кој де-факто е владетел на Кралството, а планирано е американскиот претседател во текот на утрешниот ден да се сретне голем број арапски лидери на самитот во Џеда. Снабдувањето со енергија, човековите права и безбедносната соработка ќе бидат темите на денешните разговори на американскиот претседател Џо Бајден со кралот на Саудиска Арабија, Салман бин Абдулазиз и престолонаследникот Мохамед бин Салман, изјави за новинарите висок претставник на американската администрација. Посетата на Бајден на Саудиска Арабија ќе биде во фокусот на јавноста поради тврдењата на американските разузнавачи дека саудискиот престолонаследник…
Потрошувачките цени во Хрватска во јуни пораснале за 12,1 отсто во однос на истиот месец лани, што е највисока стапка на инфлација откако Државниот завод за статистика (ДЗС) ги чува овие податоци, а најмногу е последица на поскапувањето на горивата и храната. Цените на стоките и услугите за лична потрошувачка, мерени преку индексот на потрошувачките цени, пораснале за 1,1 отсто во јуни во однос на мај, додека за 12,1 отсто скокнале во однос на јуни минатата година, се вели во извештајот на ДЗС. Гледано според главните групи од класификацијата ECOICOP, на годишно ниво најголем пораст на потрошувачките цени во просек…
Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство, вчера попладне спроведоа вонреден инспекциски надзор во ЈУ Зоолошка градина на Град Скопје, по добиената информација од Министерството за внатрешни работи (МВР) и медиумите дека таму нелегално се заклани десеттина коњи, чие месо ќе се користи за исхрана на дивите животни. Со контролата, утврдено е дека во објект кланица со комора во зоолошката градина, кој не е одобрен од Агенцијата за храна и ветеринарство, заклани се десет копитари, без соодветна документација, односно со непознат здравствен статус, неидентификувани и нерегистрирани и без соодветен документ за движење, иако истите на зоолошката градина и се…
Драмски театар Скопје, вечерва (15.7.2022) со монодрамата „Кармен“ ќе учествува на отворањето на „Вевчанско културно лето 2022“ (од 15.7.2022 до 31.8.2022 година), манифестација која има за цел да го збогати културното живеење во заедницата, информираат од Драмскиот театар Скопје. Монодрамата „Кармен“ на Биљана Драгиќевиќ Пројковска, создадена по мотив од романот „Пет часа со Марио“ од Мигел Делибес, својата премиера ја имаше во мај 2021 година. Режијата и драматизацијата се на Дејан Пројковски, сценографијата на Валентин Светозарев, сценските движења на Олга Панго, костимографијата на Раде Василев, а музиката на Горан Трајковски. Актерката Биљана Драгиќевиќ-Пројковска за улогата Кармен, покрај наградите на минатогодишниот…
За околу 50 отсто зголемен бројот на активни ковид-случаи, состанок на Комисијата за заразни болести
Во претходното деноноќие се направени 1 365 тестови, а регистрирани се 494 случаи на ковид-19, од кои 105 се реинфекции. За 45 проценти е зголемен бројот на активни случаи на ковид-19 во земјава од понеделникот до вчера, иако нема пријавени починати лица во текот на оваа недела. Се очекува денеска Комисијата за заразни болести да одржи состанок на којшто ќе дискутира за состојбата со корона вирусот во државата. Согласно последната статистика од Институтот за јавно здравје, во претходното деноноќие се направени 1 365 тестови, а регистрирани се 494 случаи на ковид-19, од кои 105 се реинфекции. Оздравени се 276 пациенти,…
„Иднината на вашата земја е во Европската Унија, а Европа не е цела без Северна Македонија. Ве сакаме во ЕУ! Ви благодарам.“, објави на својот налог на Твитер претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен. Освен ова, таа објави и снимка на дел од нејзиното обраќање во македонското Собрание, од денешната седница по информацијата од Владата за францускиот предлог – преговарачка рамка за ЕУ. 🇲🇰 Иднината на вашата земја е во Европската Унија, а Европа не е цела без Северна Македонија. Ве сакаме во ЕУ! Ви благодарам. pic.twitter.com/yG51PGzhpT — Ursula von der Leyen (@vonderleyen) July 14, 2022
Во нејзиниот стан во Њујорк денеска ненадејно почина Ивана Трамп, првата сопруга на поранешниот американски претседател Доналд Трамп и мајка на неговите три најстари деца, соопштија официјални лица. Tаа имаше 73 години. „Многу сум тажен да ги информирам сите оние кои ја сакаа, а ги има многу, дека Ивана Трамп почина во својот дом во Њујорк“, се вели во соопштението на поранешниот претседател Доналд Трамп. „Таа беше прекрасна, убава и неверојатна жена, која водеше одличен и инспиративен живот. Нејзината гордост и радост беа нејзините три деца, Доналд Џуниор, Иванка и Ерик. Таа беше толку горда на нив, како што сите…
Премиерот Еди Рама предупреди дека доколку не се отворат преговорите за Албанија, следниот ден ќе се бара „одвојување од македонско-бугарското прашање“. -Се надевам дека резултатот од дебатата во Парламентот на Северна Македонија ќе биде позитивен. Ако е така, Конференцијата дефинитивно ќе биде свикана наскоро. Доколку не биде позитивен, веднаш следниот ден ќе продолжиме да бараме одвојување на Албанија од бугарско-македонското досие. Дефинитивно сме убедени дека Албанија треба да ги отвори преговорите оваа година без дискусија. Сега да го почекаме крајот на оваа маратонска дебата што се очекува да се одржи во парламентот на РСМ, рече Рама на заедничката прес-конференција во…
Нашите очи и уши се вперени кон Скопје и мора да водиме демократска дебата. Видовте дека претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, даде директен придонес. Нека се разви дебатата и потоа да ги кажеме нашите позиции, изјави еврокомесарот за проширување и добрососедска политика, Оливер Вархеји. Тој пристигна доцна попладне во Валона, Aлбанија, кадешто ја посети новоизградената обиколница финансирана од Европската Унија, по што одржа прес-конференција со премиерот на Албанија, Еди Рама. Што се однесува за Албанија, според Вархеји, таа направила сè за да дојде до првата меѓувладина конференција. – Верувам дека следната недела ќе биде неделата што толку…
Покрај веќе објавените, за фрлање на тврди предмети кон објектот на Собранието, приведени се и М.М. (34) од с. Глуво, Д.П. (45) од Скопје, Н.А. (63) и С.М. (65), а О.Ч. (38) од Ресен поради обид за кражба со цел демонтирање на заштитната ограда пред зградата на Собранието Освен петте лица што денеска беа приведени поради фрлање тврди предмети кон полицискиот кордон пред Собранието, а за кои МВР веќе информираше претходно, приведени се уште пет лица, односно вкупно 10 во текот на денешниот ден. Покрај веќе објавените, за фрлање на тврди предмети кон објектот на Собранието, приведени се и М.М.…
По скандалот кој денес ја потресе јавноста разрешен е вршителот на должност директор на Скопската зоолошка градина Кристијан Стаменов известуваат од Град Скопје и се оградуваат од индивидуално превземените дејствија на директорот, информираа денеска од Град Скопје. Во јавноста се појавија информации дека во изминатите два дена во скопската зоолошка биле заклани повеќе од 10 коњи и мазги, за храна на месојадните животни. Стаменов, во изјава за Вистиномер тврдеше дека животните ги добил од Агенцијата за управување со одземен имот, но директорот на оваа агенција, Фатон Асани, тоа го негираше. Тој рече дека не испратиле никакви коњи и мазги во…